Ова со болд не знам на што мислиш, а баш ме интересира за што се работи.
Кога збориме за финансиските интереси, ова е чист случај на конфликт на интересите на адвокатите и нотарите. Со години наназад адвокатите се жалеа на фактот дека нотарите им зедоа дел од колачот и овој закон сега е начин да си земат дел назад.
А тие што губат во случајов се граѓаните. Зашто? Зашто што и да сакаш да купиш или продадеш мораш да носиш и адвокат што е непотребно малтретирање, а башка што истото е неисплатливо за адвокатите. Да речеме дека имаш малку покомплициран случај кај што 4 сосопственици продаваат, а еден купува. Тоа значи дека треба да се донесат 5 адвокати во канцеларијата на нотарот и им се дава, да речеме ако е нотарска награда 10.000, тие делат пола од неа, што значи 1.000 денари.
Прашање е колку адвокати ќе ти дојдат за илјадарка. Слична ситуација и со оставините.
После, ако сакаш да составиш приговор за, по ново, нотарски налог мислам дека ќе го викаат, ќе мора адвокат да ти го состави. Што ако не ти треба помош од адвокат, да речеме знаеш сам? Пак ќе мораш да платиш адвокат. Не ми е логично да ме присилуваат да платам некого иако можам сам да напишам приговор.
Ако си фирма да речеме, пак ќе мораш да ангажираш адвокат за да ти го направи налогот.
Се на се, законот само ги малтретира граѓаните.