Ако се редовен приходи од 200-300 евра , се прави план и се поминува месецот.
Пред 20 години, прашај ме мене како се издржуваше со ниска нередовна плата која каснеше со месеци. А такви фамилии имаше премногу, кај мене во комшилук дури и високо образовани луѓе од фирмите кои пропаѓаа и немаа плати си ги продаваа становите за да можат да се прехранат. Така над мене архитекти во средни години го продадоа станот и отидоа да живеат со родителите, комшијата до мене беше инжињер, а жена му среднист во една фирма, останаа без работа, го продадоа станот и отидоа за Канада. Колега на татко ми, фамилијарен човек во средни години, тој со ниска нередовна плата, а жена му остана без работа, исто така го продаде станот и отиде да живее со родителите.