Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.113
Поени од реакции
9.062
Najlos film za superheroj najverojatno e Spawn. :D
Кога го спомна филмов ме подсети на The Shadow со Alec Baldwin, од тие старите суперхеројски. Не ми е гледан од дете, тогаш се сеќавам на телевизија го вртеа многу често.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
Macbeth, неверојатно кој мелем за очи е визуелно и на крај бојата огнено црвена, партали.

Фасбендер се справува со полна уста поезија одлично :D Не сум го гледал Стив Џобс али не верувам дека таа улога му е над оваа.
 
H

HoT IcE

Гостин
Thor, Hulk и Wolverine ми се најлоши франшизи од Marvel, премногу cheesy. X-Men ми е најдобра а по неа Captain America и Iron Man. Последниот Iron Men беше фејл tbh, али Ben Kingsley имаше одличен лик.
Истово само што ќе додадам дека првиот Волверин не беше лош бар за мене, добар ми беше..
 
Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.113
Поени од реакции
9.062
Истово само што ќе додадам дека првиот Волверин не беше лош бар за мене, добар ми беше..
Како лик го сакам многу кога е дел од X-Men ама како stand alone франшиза не. Инаку нормално дека првиот беше подобар. Во вториот премногу забегаа.
 
W

wicked_1

Гостин
Macbeth, неверојатно кој мелем за очи е визуелно и на крај бојата огнено црвена, партали.

Фасбендер се справува со полна уста поезија одлично :D Не сум го гледал Стив Џобс али не верувам дека таа улога му е над оваа.
Црвената боја на крајот беше кулминација на паранојата што се градеше цел филм, баш партали стана се на крајот, се осеќаш како да си 9тиот круг на Данте, а Macbeth влезе во некоја десетта состојба на ум.

Можеле според мене уште да го растегнат филмот, да вметнат уште нешто повеќе, ми стои дека е набрзина напраен, ама без разлика и вака е епски доживљај.. However, не би го препорачал на секој да го гледа, а и тие што планираат да го пуштат, препорачливо да се запознаат(ако не се) барем површно со сторијата за Macbeth, за да имаат ориентација оти е ептен тежок за пратење.
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.645
Поени од реакции
34.067

Mislam deka e dovolno samo koncentracija I posvetuvanje na filmot. Ne e za lagano gledanje.
Mislam deka koga veke ne se zapoznaeni, ne treba da si go unistat so spojler/plot.
Ne deka ne e za site, ama posebno vnimanie I zelba treba.

Krajot so boite preminuvanje u skoro strip bese neverojatno. Se soglasuvam so Gonzo, ne veruvam Fassbender da e bolji u Jobs.
Ultra kvaliteten film. Nesto slicno mi bese Assassin na iskustvo, samo ne funkcionira tamu olku dobro.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
Prv del? Ke ima poveke?
Ако им испадне профитабилен (а сите индикатори водат кон тоа), тогаш 99.8% СС ќе го направат франшиза од барем 3 продолженија. Слично како што направи Марвел летото со Ентмен - Бапнаа мање познат лик во соло филм, па малце од самиот филм, малце повеќе на старата слава на Марвел, Ентмен испадна фин погодок со 500+ милки$ World Wide. И само пар месеци после премиерата, објавија дека во 2018-та ќе има втор дел од Ентмен. Иако инцијално не беше во план и се' зависеше од тоа како ќе помине првиот. Истото е и со СС во ДЦ сега.
 
oh, goody. ne ja znam prikaznata, mislev ke ja otvorat I zatvorat cela u eden film.

nego posteno antman razvali, ne citav bas, za wasp ke ima sea film? ili spinoff samo ke bide
a antman ke dobie 2ka?

kako I da e, super (y)
 
G

grande-juve

Гостин
Harmonica: [facing three men] And Frank?
Snaky: Frank sent us.
Harmonica: Did you bring a horse for me?
Snaky: Well... looks like we're...[snickers] ...looks like we're shy one horse.
Harmonica: [shaking head] You brought two too many :cool:

Еве ви ја цела сцена, чисто онака да го доловите моментот

Нема ништо подобро од добар шпагети вестерн филм. Многупати се давал по нашиве телевизии, ама никако не сум го фаќал одпочеток, па затоа морав да го симнам и одпоново целосно да го изгледам... и морам да кажам дека сум ја пропуштил најјебозовната сцена во цел филм (оваа што ја пишав погоре) :(. Што друго да кажам за филмов...? Режиран од мастерот на шпагети вестерните Сержо Леоне кој е познат и по The Dollars Trilogy, додека главните улоги ги толкуваат Чарлс БронсАн, Хенри Фонда и Клаудија Кардинале... музиката е на неповторливиот Енио Мориконе. Неможе филмот да испадне лош кога овие луѓе стојат позади него... кај Сержо нема многу дијалог, доволно е актерите да упатат со своите валкани лица неколку убиствени погледи, и акцијата може да почне.
За рецензија нема многу да пишувам, доволно е да кажам дека цела приказна се одвива за едно земјиште на кое е планирано да се изгради железничка станица. Нормално тука ќе има многу убиства, пресврти, валкани фаци и.... човек по име Хармоника :icon_mrgr:. Во текот на филмот ќе се прашувате што бара овој човек покрај овие будалите што се тепаат за земјиштето, али на крај се е убаво објаснето (y)

Интересна анегдота е што Клинт Иствуд ја одбил улогата на Хармоника, па потоа Чарлс БронсАн се согласил да го одглуми ликот. Али како одглуми, секоја му чест, капа доле:cuc:

На ИМДБ делово има 8.7/10 оценка... можам да кажам дека е потценет, заслужува најмалку 10/10

Ќе ве оставам со овие две дела на Мориконе

И интрото на Хармониката :cool:

П.С. Не ме прашувајте зошто Бронсон го пишувам БронсАн

:kafence:
Апсолутно, Scirea мајсторе. Топ 20 на сите времиња и најбоље вестерн ми е. Видете само кои се одговорни за приказната: Леоне, Аргенто, Бертолучи. Лектира.

Инаку единствениот филм во кој Хенри Фонда глуми негативец.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom