Како да ја подигнеме свеста во општеството

Член од
24 мај 2014
Мислења
5.309
Поени од реакции
5.926
Кажете како ? Несакам бла бла еден рецитал и леле колку сум паметен. Сите сакам да сме на темава и од сите по некој лек, зошто мака е ниската свест товар на грбот ни е на тие што гледаме повеке.
Рибата смрди од главата а главата на рибата е народот. Како да им објаснам на народов на луѓето што ме опкружуваат во секојдневието дека секогаш ама секогаш го добиваме она што го заслужуваме и дека тоа се законите на природата. Како да им објаснам дека ни е ваква државата зошто тоа и го заслужуваме, како да им објаснам дека владата не ни е крива дека чим е таква ја заслужуваме за нас е, нема бегање кармата е чудо. Како да им објаснам дека се ке се исправи ако погледнеме во нас и се смениме самите... Како да прими свеста навиена дека е толку едноставно да се остави егото и дека можеме и треба да сакаме повеке, даваме повеке, помагаме повеке. Не продавам морал, бон тон и досаден правилник него тоа е тоа ако е вистински од себе за тој што даваш тоа е позитивниот печат на кармата и кругот што чисти и носи на подобро и подобро. Како да ги видат законите на природата, универзалните закони што секој ден со години ги опкружуваат.

Кој се изгорел знае јас не сум се објаснувал со луѓето зошто е слепо и само ке ти се изнасмеат зошто им го даваш лекот не за друго.

Дајте луѓе и ваши предлози и мислења за промена и подигање на свеста кај народот.

И морав едно видео страшно добро за ваа тематика. https://www.youtube.com/watch?v=tY6N6k8kB3I&feature=share
 
Ах бре господине. Во циркус тоа дресерите го реализираат со камшик и награда. Кај луѓето би требало со казна и награда.
Отука, кога кај нас ќе профункционира системот прекршок-казна, сите ќе станеме самосвесни. Охооо... и тоа каква самосвсет се појавува кога ќе те мавнат по џепчето...нешто како у Швајцарија.
 
А што као демек во Македонија малку казни фрчат?
Вистина дека има луѓе кои со врски ќе се извлечат ама мнозинството пак мора да плати.
И пак гледаме како секој ден умира некој на улица дали по сопствена или вина на несовесен возач.

Приодот стап/морков т.е казна/награда одамна е докажано неефикасен.
 
Епа кога знаеш дека има казна тогаш зошто го повторуваш делото. Казната би требало да те опамети. Немој да мислиш дека луѓето во странство се подобри од нас. Само што таму неправењето прекршоци им е влезено во подсвесет.
 
Ама со едукација не со казни. И кај нас има казни и кај нив има казни.

Кај нас секој втор ден некој умира од сообраќајка да бидеме реални казните се само еден дел од сложувалката т.е последниот кога веќе нема друг начин.

Тебе од дома како мал ако не те научиле на двете страни да погледнеш пред да поминеш улица џабе се казните.
 
Одамна сум немал постирано на форумов и се извинувам пред време затоа што постот не можев да го скратам повеќе.

Искрено, последниве четири години се вложив максимално да научам се што е можно повеќе за човековото однесување, човековата комуникација, експресија и размислување. Во целина, човекот своите мисли никогаш не ги насочува кон себе. Еве, како пример зеде погоре, окривувањето на другите за својот личен неуспех или неможност да се дојде до одредена позиција во едно општество е еден основен механизам на одбрана кој најчесто сум го сретнал - Проекција. (доколку на некој не му е јасно, можи да побара низ форумот, имаше посебна тема за механизми на одбрана) Прво и основно, треба да се поттикне човекот да се освести дека е жив. Стравот од смртта може да биде многу добар стимул и да придонесе за поттикнување на совеста. Од друга страна пак, многу не верував во онаа кармата на Хиндусите, но денес имам добар број на причини да можам да верувам за истото. (за тоа повеќе друг пат) Замислете само, колку многу време човекот губи во спиење, првенствено. Потоа, колку многу време врви во замарање со животите на другите и со "берење гајле за другите". Потоа го имаме бесцелното дејствување кое за секој е различно. (за мене на пример тоа е пијанење, пушење трева, излегвање до доцна вечер итн. - работи кои ни на крај памет не ми паѓаат) Пред се, човекот треба да придонесува за своето општество и за сите живи суштества околу него (вклуч. секаков вид на животни, па дури и растенија итн.)

Проблемот не е во некој друг, туку во самите себе. Најважно од се е "домашното васпитање". Родителите најчесто се првите суштества со кои човекот стапува во свесен контакт и со тек на време со нив се ствара посебна (света) врска, посебно со мајката. Несовесноста, негативизмот, траумите и што уште не, на еден начин ги наследување од родителите. Сте се запрашале некогаш зошто сите имаме траума од "џандари"? Со што не плашеле како мали? - Седи мирен, ќе ти викнам полиција! - Токму мојата поента можам да ја засновам на ова, односно доколку детето ги научи општествените вредноси од родителите, истите ќе може да ги применува подоцна. Но, доколку не е добиен тој ефект, а настанал спротивниот, детето кога ќе порасне низ пубертет и адолесценција, не го променува истото, туку само го зацврстува.

Уште еден интересен начин за поттикнување на совесноста е читањето и информираноста. Човекот колку повеќе знае,. толку повеќе може да учи. Колку повеќе учи, толку е поголема веројатноста дека ќе постапи правилно во зависност од ситуацијата. Кога веќе една индивидуа може да разликува што е правилно, а што не, тогаш можеме истата да ја наречеме свесна, совесна. Еве како за пример, колку од луѓето што ги познавате без разлика на религијата ги прочитале сите свети книги до кои можеле да стигнат. Јас сум прочитал преводи од Библија, Ку'ран, Бахавад Гита, Махабхарата, Рамајана, Типитака.. Сите се денес лесно достапни и верувајте, можат да отворат очи како ништо друго. Читајте со сфаќање и сакање. Читајте меѓу редовите.

Сумарум - Јас лично не можам да изнајдам нити еден начин да придонесам за темава, но за да самиот се заштитам таквите индивидуи ги избегнувам. Ние не можеме да ги пронемиме другите, мораме да започнеме од себе си. Доколку некој не е, наскоро можеби ќе бидеме родители и треба да бидеме претпазливи во однос кон нашите деца, затоа што светот отиден е "у ку**ц" со самиот развој на технологијата. Денес 99% од целото население се држат кон модата, а во мода е да си несовесен, да кршиш сообраќајни знаци, да плукаш по улици, да мочаш пред влезови итн. Тоа е тоа што не дели нас од останатите живи суштества. Човекот е свесно, но не совесно суштество.

P.S.
На човек не можеш да му објаснеш дека се што заслужува си добива. Никој не го може тоа освен "тој/таа" самиот. Колку повеќе се трудиш, толку повеќе ќе настрадаш. Со сила убавина не бидува.
 
Ама со едукација не со казни. И кај нас има казни и кај нив има казни.

Кај нас секој втор ден некој умира од сообраќајка да бидеме реални казните се само еден дел од сложувалката т.е последниот кога веќе нема друг начин.

Тебе од дома како мал ако не те научиле на двете страни да погледнеш пред да поминеш улица џабе се казните.
A кажи ни како ке ја смениш свеста кај оние песлосаните што на сиот глас пцујат и вреѓаат своја држава, власт и народ?
И тоа ли се учи по дома?
Епа...кога свеста на дел до народот(особено онаа националната) ке се смени тогаш и позитивниот печат на кармата ке ги опали исто како жена што остава влажен печат на колена-ако не си позитивен ке ебеш со десната рака.:D
 
Кажете како ?
Рибата смрди од главата а главата на рибата е народот. .......
Убаво кажа, рибата смрди од главата. Ама народот не е главата.....(евентуално за компарација, народот е телото на рибата).
А “главата “ системски со години работи на тоа да ја уништи свеста кај народот. Затоа што дебело и одговара тоа. Инаку ќе дојде да биде “опаш“
И никој како единка, па и како помалубројна група не може во блиска иднина да го смени тоа

A кажи ни како ке ја смениш свеста кај оние песлосаните што на сиот глас пцујат и вреѓаат своја држава, власт и народ?

Можеби тие “песлосаните (што и да значи ?)“ имаат некое заостанато и скроз неприфатливо мислење дека државата и власта имаат улога да обезбедат подобар живот на народот ??? Не знам......
 
Ах бре господине. Во циркус тоа дресерите го реализираат со камшик и награда. Кај луѓето би требало со казна и награда.
Отука, кога кај нас ќе профункционира системот прекршок-казна, сите ќе станеме самосвесни. Охооо... и тоа каква самосвсет се појавува кога ќе те мавнат по џепчето...нешто како у Швајцарија.
A оти да не профункционира системот обратно, со награда. Наместо да се казнуваме, да се наградуваме?
Има таков пример во светов, во некое племе, ме мрзи да барам сега.
 
A оти да не профункционира системот обратно, со награда. Наместо да се казнуваме, да се наградуваме?
Има таков пример во светов, во некое племе, ме мрзи да барам сега.
Награда ќе биде мирен и спокоен живот.
 
Ама со едукација не со казни. И кај нас има казни и кај нив има казни.

Кај нас секој втор ден некој умира од сообраќајка да бидеме реални казните се само еден дел од сложувалката т.е последниот кога веќе нема друг начин.

Тебе од дома како мал ако не те научиле на двете страни да погледнеш пред да поминеш улица џабе се казните.
Вистина е дека патиме од недоволна домашна култура. Но вистина е дека и слабо се казнува. Казни постојат но многу ретко се пишуваат, па затоа и ретко кој се плаши. И ова телевизииве наместо да пренесуваат грујо-заев и туркијада...нека пренесуваат образовни програми.
 
како општество ги изгубивме идеалите и надежта. Во 50сети, 60сети 70десети... се уште пример беа чесни храбри и пожртвовани луѓе од историјата за кои читавме и се трудевме да бидеме како нив. Во тоа време беше срамно да се кради, наркоманија беше најцрно зло, директор или доктор кој примал мито или проневерувал, па цела фамилија му беше усрамена и жигосана, младите одеа доброволно да работаат по акции, нешто да направат, изградат, беа активни секции и клубови кои сега веќе ги нема по градови аеро, моделари, радиоаматери, фото.....
денес идеал се кристјан голубовиќ и звездите од фарма, успешен е оној кој ја заебал државата со даноци и приватзации и сакаме да бидеме како нив, а најголема желба е да се замини шо подалеку од тука. Се поделивме по вери партии нации класи и се гледаме еден со друг со неповерење и обвинување.
Тешко дека домашно васпитање или некакви казни ќе ни ја опраи работата, јас се помалце имам надеж за некоја према мене подобра свест. Но можеби и поминаа времиња на таква свест, можеби се сега овие нормални норми на понашање, гледај си своја работа, шо ти е гајле за други, дај некако да се преживее....
 
Награда ќе биде мирен и спокоен живот.
A оти награда да не биди пример, ако собираш шишиња срчени да ти ги откупат задолжително (пример во Германија така е), ако го сортираш џубрето правилно, да не плаќаш ѓубретараси, ако не направиш ниеден собраќаен прекршок, да не плаќаш за регистрација, ако волонтираш во работна акција за градење на патишта, пошумување и сл. да ти се смета 2 години како работен стаж, и други милјарда работи, што ќе те поттикни да правиш позитивни општествени промени, наместо систем што ти вика, прави што сакаш, само ова, ова и ова не го прави..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom