Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Не се согласувам со твојата констатација дека бебето не е бог,напротив тој е бог,односно сите периоди од човековите промени с'е e тоа бог.
Не може бебето да прима преку сопствената перпектива кога сеуште ја нема, многу покасно се оформува сопствена перцеција,а до тогаш тие доживувања кој не се ниту добри ниту лоши се останатите "плодовите " од градината кој ги вкусуваат.

Во одност на дуалност , човек(со сите промени) е во светот во кој дуалностие "војуваат" ,во наводници бидејќи така ги перципира додека не ги надмине.
Ја имам постирано оваа слика,ќе се потрудам и да ја објаснам.
Прегледај го приврзокот 137405
Змејот,кој преставува нешто многу старо е човекот со сите свои промени,каде секоја глава е еден период од неговото постоење и стомакот исто така е дел од таа целина,кога е во утробата.
Метафорично отсликување на човек кој го надминува дуализмот откако ја доживува смртта (мртовечката глава доле).
Бледа слика на тоа што преставува бог кој создава човек по својот лик,каде секое доживување има своја приказна(глава), но никогаш во една целина додека не се скрши љушпата од јајцето и се излезе од дуалниот свет.

Доброто и злото како плодови од градината треба да преставуваат првото и последното нешто кое се вкусува за да се постане тоа што го создало човекот,а тоа не им е ускратено како што праша туку тоа е процес на промени!
Бебето има потенцијал на бог, но дедака не го оствари истиот - не се здобие со секоја од "главите на змејот", неговиот потенцијал не е остварен, останува со илузијата дека тоа што е добро за него, мора да биде добро за сите останати. Дури одкако ќе ја согледа вистината дека доброто и злото се релативни и се вистина само на индивидуално ниво на перцепција, дури тогаш може да ја согледа целата слика, да Разбере дека секој човек е подеднаков критериум што одредува што е добро а што зло, но само за него, само од негово гледиште. Тогаш потенцијалот е остварен, дуалноста надмината, сознанието вкусено, главите на змејот искористени. Тогаш човекот од потенцијален, станува конкретен бог, знаејќи дека сите останати го имаат тој потенцијал.
 
http://www.mn.mk/komentari/6748-Udelot-na-Makedoncite-vo-sozdavanjeto-na-islamot

Историски престврт на Македонија и Македонците. :D
Во текстов е изнесена теоријата дека Зулкарнејн кој што се спомнува во Куранот е уствари Александар Македонски(тоа толкување е познато од порано)
Но друг момент е битен тука.
Тој им рече: 'Ова е милост од мојот Господар, но кога Тој ќе вети, ќе го срамни со земја, а ветувањето на мојот Господар секогаш е вистинито! ' (98).
Во Куранот се цитирани зборови на Зулкарнејн каде што тој, Аллах го нарекува мојот Господар,
а ако го нарекува така, значи дека бил Аллахов роб, односно муслиман. :)
Дали ова значи дека Македонците се уствари Антички Муслимани? :) :)
 
Вистинското име му беше Алахсандар
 
Ako ja zememe vo predvid slednava "logicna" forumula togas da ...Site sto ziveele pred 2000 \1400 goidni pred voopsto da se izmislat Hristijanstvoto ili Islamot mora da bile ili Muslimani ili Hristijani...samo sto i oni samite neznaeele...posto neuki bile! Plus koj go e*be Helenizmot neli? E*em ti plitka logika!

Prasanjeto e kako ti voopsto imas verska titula?
 
Бебето има потенцијал на бог, но дедака не го оствари истиот - не се здобие со секоја од "главите на змејот", неговиот потенцијал не е остварен, останува со илузијата дека тоа што е добро за него, мора да биде добро за сите останати. Дури одкако ќе ја согледа вистината дека доброто и злото се релативни и се вистина само на индивидуално ниво на перцепција, дури тогаш може да ја согледа целата слика, да Разбере дека секој човек е подеднаков критериум што одредува што е добро а што зло, но само за него, само од негово гледиште. Тогаш потенцијалот е остварен, дуалноста надмината, сознанието вкусено, главите на змејот искористени. Тогаш човекот од потенцијален, станува конкретен бог, знаејќи дека сите останати го имаат тој потенцијал.
Повторно даваш мислење од позиција на возрасна личност!
Бебето не тежнее кон никаков бог,ниту сака да оствари нешто,уште помалку дека има некаков потенцијал за бог,тоа може ти така го разбираш,гледано од твоја перцепција.
Секој период е бог или состојба на просветленост ,секоја глава од промените кои ги доживува човекот во светот содаава своја религија или филозофија,знам дека умееш да ги препознаеш,тргни од исток!;)

Болдот.
Пак има дуалност,човек-бог....највероватно недостасува човек повторно да вкуси од дрвото на животот,бидејќи првиот пат кога вкуси им се отворија очите и занеа да разликуваат добро од лошо,постанувајќи богови.
Којзнае што ќе постанат кога ќе вкусат по втор пат..:)
 
Е така де, се слагам дека бебето не тежнее да стане бог, како што ни Адам и Ева во приказната не тежнеат да бидат богови. Бебето или детето, доброто и злото ги гледа исклучиво преку она што нему му годи или шкоди. Ако мало дете види играчка што му се допаѓа, тогаш единствениот приоритет во целиот универзум е таа играчка. За него не постои ништо поважно, побитно, повредно од играчката во тој момент. Таа е смислата на животот, таа е доброто и се што го спречува да ја има е зло. Со тек на време се менува само приоритетот, па на 20 години играчката се претвора во девојка која буди нови и неодоливи емоции, на 35 е дете кое станува твој син или ќерка....итн, итн.
Се до моментот додека не го вкусиш "сознанието" дека доброто и злото се релативни, дека тоа што е добро за нас, немора да значи дека е добро и за некој друг. Тогаш ги осознаваме доброто и злото, сваќаме дека се дуална перцепција на реалноста, и во тој момент се чуствуваме "голи", соголени од "играчката" која сме ја сметале за наш лик.
И да...ова е од позиција на возрасен, бидејќи за да ја согледаш "рамнината" мора да се искачиш на "планината" ;)
Болдот.
Пак има дуалност,човек-бог....највероватно недостасува човек повторно да вкуси од дрвото на животот,бидејќи првиот пат кога вкуси им се отворија очите и занеа да разликуваат добро од лошо,постанувајќи богови.
Којзнае што ќе постанат кога ќе вкусат по втор пат..:)
Вкусувањето се случува во секој човек што ќе успее да ја согледа минливоста на дуалноста.
Следниот чекор, или вкусувањето на дрвото на животот е стадиум сличен на овој, само што наместо за доброто и злото, тука се отвараат очите за животот и смртта.
 
Од кога Телемата е затворена и е само за избрани и предодредени? За разлика од христијанството, Телемата не се наметнува на лугето, туку тие избираат Телема или не! Ништо не е затворено освен твојот ум помегу СИТЕ ТРОЈЦА, а за двостраната паричка живот-смрт, некако по секоја математика ми е пологично одколку рај и пекол, Св, Параскева и тројца и двојца... што знам, дезинформиран си, информирај се повеќе! :pos::facepalm:
Џокерче не се цери како :icon_mrgr:, прати што се збори!:
Тоа значи дека животот и смртта се како двете страни од иста паричка. Кога ќе станеш свесен за едната страна, знаеш дека онаа од спротивната страна не е нешто одвоено од таа на која моментално стоиш, туку нејзин составен дел.
 
Џокерче не се цери како :icon_mrgr:, прати што се збори!:

Знам јас за што се збори кога се мисли дека животот и смртта се две страни од една паричка бе Свети Петре, ако не знаев немаше да се приклучам во разговорот, ама со такви како вас што ширете дезинформации за Телема или езотериски школи, а попрво би гледале од христијански аспект одколку што ви е пред носот, секогаш сум расположен да лепам факти на вашите приказни за мали деца...

Интересно како секој Телемит на секој форум може да разговара за христијанство со вас, а вие не можете да разговарате за Телема со нив. Не ми е лесно и мене што зборам со некој со затворени умови ама што можам?! :D[DOUBLEPOST=1453493832][/DOUBLEPOST]Животот и смртта се како две страни на една паричка, ама за христијаните животот е платежна картичка, мораш да ја наполниш со парички, па после господ мава ждрепка, па дали ќе се падне петка или глава прашање на божја волја е. :tapp:
 
Последно уредено од модератор:
Телемата не е затворена и ексклузивна за богати или сиромашни, не се работи за елитизам, туку за можност - капацитет да Разбереш, Осознаеш. Онтологијата е област што ја проучува природата на постоењето, а постоењето се темели на искуство и само преку искуство може да се Разбере, не преку верување, не преку молење. Со оглед на ова, областите и правците што се езотериски се правци кои се темелат на пракса, не на слепо следење нечии правила или заклучоци. Но мал број луѓе се способни да навлезат во сопственото битие и да осознаат каква е неговата природа, тоа не е така затоа што ние некого исклучуваме или го сметаме за помалку вреден, туку е поради едноставниот факт што мнозинството луѓе неможат да се потпрат на себеси и исклучиво на себеси на патот на себеспознавањето. Дури и Исус нагласува дека е мала "вратата" низ која ќе поминат малкумина. Сигурно не мислел на богатите и писмените.
„Сознанието и Разбирањето да навлезеш во себе“се само човечки дејствија кои сами по себе не обезбедуваат постоење, оваа онтологија е прилично недоречена...

Дури и Исус нагласува дека е мала "вратата" низ која ќе поминат малкумина. Сигурно не мислел на богатите и писмените.
Христос нагласува дека Он е “ Вратата“, преку која се реализира вечниот живот и е отворена за сите слободно.
 
Е така де, се слагам дека бебето не тежнее да стане бог, како што ни Адам и Ева во приказната не тежнеат да бидат богови.
Делумно точно,Ева посегна по плодот прелажана од змијата дека оној момент кога ќе вкуси ќе постане бог.;)

Вкусувањето се случува во секој човек што ќе успее да ја согледа минливоста на дуалноста.
Следниот чекор, или вкусувањето на дрвото на животот е стадиум сличен на овој, само што наместо за доброто и злото, тука се отвараат очите за животот и смртта.
Како дојде до тој заклучок?
 
http://www.mn.mk/komentari/6748-Udelot-na-Makedoncite-vo-sozdavanjeto-na-islamot

Историски престврт на Македонија и Македонците. :D
Во текстов е изнесена теоријата дека Зулкарнејн кој што се спомнува во Куранот е уствари Александар Македонски(тоа толкување е познато од порано)
Но друг момент е битен тука.
Тој им рече: 'Ова е милост од мојот Господар, но кога Тој ќе вети, ќе го срамни со земја, а ветувањето на мојот Господар секогаш е вистинито! ' (98).
Во Куранот се цитирани зборови на Зулкарнејн каде што тој, Аллах го нарекува мојот Господар,
а ако го нарекува така, значи дека бил Аллахов роб, односно муслиман. :)
Дали ова значи дека Македонците се уствари Антички Муслимани? :) :)
:facepalm: 1000 години пред да се појави исламот, знаеш шо прашуваш!?
 
„Сознанието и Разбирањето да навлезеш во себе“се само човечки дејствија кои сами по себе не обезбедуваат постоење, оваа онтологија е прилично недоречена...
А што е доречено? Да веруваш во нечие сведоштво или толкување? Да тврдиш дека нешто е вистина или лага врз база на верување а не врз база на искуство, знаење и сознание?
Христос нагласува дека Он е “ Вратата“, преку која се реализира вечниот живот и е отворена за сите слободно.
Ниедна врата не се отвара, уште помалку се поминува низ истата, ако не се дојде до неа преку лично Сознание за тоа што е таа врата, каде води, што е суштината на она позади таа врата и слично.
Со бајки не се добива вечен живот.[DOUBLEPOST=1453495535][/DOUBLEPOST]
Делумно точно,Ева посегна по плодот прелажана од змијата дека оној момент кога ќе вкуси ќе постане бог.;)
Прелажана?! Каде е лагата? Човекот со сознанието што се доброто и злото станува како Бог!
Како дојде до тој заклучок?
Преку едно уникатно искуство...многу одамна. Искуство за кое нема да зборувам тука.
 
Последно уредено:
  • Ми се допаѓа
Reactions: alf
Интересно како секој Телемит на секој форум може да разговара за христијанство со вас, а вие не можете да разговарате за Телема со нив.
Ова е у прилог на мојата теза, дека сте “затвор систем“!:cenzura:

Животот и смртта се како две страни на една паричка, ама за христијаните животот е платежна картичка, мораш да ја наполниш со парички, па после господ мава ждрепка, па дали ќе се падне петка или глава прашање на божја волја е. :tapp:
Поштеди не` од твојата “мудрост“, многу си малечок!:blablab:
 
А што е доречено? Да веруваш во нечие сведоштво или толкување? Да тврдиш дека нешто е вистина или лага врз база на верување а не врз база на искуство, знаење и сознание?

Ниедна врата не се отвара, уште помалку се поминува низ истата, ако не се дојде до неа преку лично Сознание за тоа што е таа врата, каде води, што е суштината на она позади таа врата и слично.
Со бајки не се добива вечен живот.
Во христијанството Црквениот начин на живеење е живо искуство со Живиот Бог, а не просто самосознание, самоиспитување..., кои како изолирани дејствија немаат онтолошко, никакво значење.
Ниедна врата не се отвара, уште помалку се поминува низ истата, ако не се дојде до неа преку лично Сознание за тоа што е таа врата, каде води, што е суштината на она позади таа врата и слично.
Со бајки не се добива вечен живот.
Ти токму за бајка збориш кога ја објаснуваш телемитската онтлогија.:cool:[DOUBLEPOST=1453496600][/DOUBLEPOST]
Ima mnogu kako nego sto naglasuvaat ama nikoj ne dokazal!
Доказот е “затвор систем“, јас зборам за постоење во Слобода.:love:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom