Значи од старт ја промашуваш поентата на мојот пост. Зборот ми е за парите и за заштитата на домашниот производ. Оди во Грција имаш само грчки води, оди во Бугарија само бугарски, во Србија само српски и.т.н.. А освен водите што ги спомна ти на македонскиот феудалец, постојат и уште еден куп други македонски води кои не се во друга сопственост. На крајот на краиштата па кога купуваме Српска или Грчка вода може даваме пари на некој нивни феудалец. Како и да е кога ги даваме парите за наши производи тоа дава можност некоја од тие фирми да вработи човек повеќе, да го прошири асортиманот и слично.
Плус што водата ми беше само еден пример како одлеваме пари во странство, не си го штитиме домашниот производ а тоа се некои производи кои веќе ги имаме и многу лесно може да ги произведеме.
Друг пример ти се претеран увоз на млеко и млечни производи дури и од некој мали српски или хрватски млекари, после кечапи, сокови се се тоа многу продукти кои и сами ги имаме а сме преплавени со увезени производи.