- Член од
- 3 септември 2010
- Мислења
- 6.255
- Поени од реакции
- 8.884
Е, сега ние денес имаме свети писма, конкретно МПЦ, има библија на македонски јазик која е преведена од некоја друга, можеби грчка, српска, руска.... која пак е препис од некоја постара и така натаму се до онаа почетна целовита со секој збор на место точен и непогрешлив, до она оригиналнат , дал е од први век, 4 век, или 8 или 19.... дали се чува во ватикан или Москва или Охрид, дали е напишана на грчки, латински, арамејски.... каде е каде може да се види и прочита? каде може да се научи за нејзиниот настанок?
И како ја замислуваш ти Библијата? Како книга од 66 тома, па имаш прв том Излез, втор том Битие, па така сè до последниот том Откровение, небаре ова е Еncyclopædia Britannica?
Настрана фактот што книгите од Стариот Завет се многу постари од книгите од Новиот Завет, плус разликата помеѓу Мојсеевото Петокнижие и најновите книги од Стариот завет изнесува околу 1000 години, па потоа имаме разлика од 500 години помеѓу најновата напишана книга од Хебрејската Библија до првите напишани книги од Новиот Завет. Разликата пак помеѓу најстарите и најновите напишани книги од Новиот Завет е 50 години, односно имаш околу 1500 години разлика помеѓу Тората и Откровението.
Дали имаш претстава што бараш?
Да ти појаснам попластично за да разбереш:
Имаш едно ЦД со 10 музички извадоци:
1. извадок - дело од Гијом Дифе
2. извадок - дело од Орландо ди Ласо
3. извадок- дело од Антонио Вивалди
4. извадок - дело од Волфганг Амадеус Моцарт
А од 5. до 10. извадок се дела од Прокофјев, Хонегер, Орф, Гершвин, Копланд и Хачатурјан.
И сега јас барам од тебе да ја видам оваа компилација автентична, почетна, целовита со секоја нота напишана на место и неизменета, до она оригиналната без разлика дали е продукција на Columbia Records, ЕМI, Sony... дали се чува во Њујорк, Берлин или Виена...каде е, и каде може да се види и да се преслуша. И каде може да се научи за нејзиниот настанок?