Губиме 0-1 со Виљареал, откако катастрофално бевме поставени по еден корнер. Катастрофа, Славија во трета лига не прима ваков гол. Чудно е како на секој натпревар противникот ни прави барем по една 100% шанса со утрчување на еден играч на работ од пеналтикот. Се остава премногу простор за противникот. А и судијата кумуваше на голот, со погрешно досуден слободен, по кој следуваше и корнерот.[DOUBLEPOST=1451845372][/DOUBLEPOST]Луис Алберто израмнува на 1-1, а потоа Лукас промашува 100% шанса за водство. Ајде Депор
[DOUBLEPOST=1451848946][/DOUBLEPOST]Неверојатен пораз...
ДЕПОРТИВО-виљареал 1-2
Судиска кражба, дури и полошо од тоа. Одлично одигран меч за нас, тотално го надигравме противникот кој се бранеше цело второ полувреме и место лагано да победиме, судијата само го продолжи лошото судење и им подари пенал за победа. Фрустрирачки пораз, немам зборови да го опишам
Првиот погодок падна по непостоечки слободен удар. Мизеријата од судија досуди фаул и додели жолт картон на Арибас, бидејќи нашиот дефанзивец го прочита движењето на Бамаку (или како и да се вика) и убаво го загради, што судијата го процени како прекршок
По слободниот падна корнер, на кој браневме кко третолигашка екипа од Македонија и примивме гол.
Константно ја имавме играта на наша страна, ама реално немавме некои поголеми шанси. По една акција на почетокот од вториот дел, Лукас убаво нафрли, а Луис Алберто израмни на 1-1. Само минута потоа Лукас ги измеша противничките дефанзивци и од само 7 метра го промаши голот
И во првиот дел имаше промашено чиста шанса, откако Фахир му испрати одлична топка со која го исфрли сам пред гол, но Лукас не ја смири убаво.
Виљареал веднаш врато со шанса, но Лукс одбрани и тоа беше се од нив.
Константно напаѓавме до крајот, ги пикнавме во нивна половина, не можеа да мрднат.
Само се чекаше да падне гол за победа, но кога нема да ја искористиш инцијативата следува казната.
Да напоменам дека судијата не виде еден чист пенал на Депортиво и еден што еднакво можеше да се карактеризира како пенал.
Имавме нафрлување од слободел, противничкиот дефанзивец го држеше Арибас (прв контакт за пенал), а откако го пушти, противничкиот голман буквално го нокаутираше нашиот играч, сто пати поостро отколку стартот над Меси против Бетис. Ама ние не сме Барса, судијата не ни помисли да досуди пенал, иако немаше ни прашање дали е пенал или не.
Потоа одбранбен играч на Виљареал при еден корнер непрекинато го држеше Лукас, а судијата досуди контрафаул
И после се ова, суди смешен, непостоечки фаул од Наваро во 94-та минута
Бруно погоди по втор пат за целосно незаслужен триумф на Виљареал и прекин на нашата серија од 8 меча без пораз