Дресура

Papillon.Papi

Terrierist
Член од
15 јануари 2014
Мислења
764
Поени од реакции
795
Постои ли начин, кучето кога е само дома да не лае ЦЕЛО ВРЕМЕ ???

Кога сум јас покрај него, дресурата оди супер, послушен е и немаме никакави проблеми. Ама кога и да го оставам само дома, комшиите викаат дека лаел нон стоп, цело време, се чуделе како не се уморувал...

Има ли некој паметен начин барем да се намали лаењето ?
Бигл е куче со глас. Не може да престане да лае, особено не кога има тотална слобода. Јас среќа имам што Ерделкава се падна за потивко куче, инаку обично и Ерделите се гласни. Се случува да залае, ама знае дека смее најмногу 3 пати.
 
Papillon.Papi

Terrierist
Член од
15 јануари 2014
Мислења
764
Поени од реакции
795
Знам дека се вокални, и многу се гласни, и други кучиња лаат, ама овој за 4 месеци е многу гласен :eek:

Ќе му смислам нешто, планирам ова да го пробам.
http://www.adoptapet.com/blog/help-your-dog-stop-crying-when-left-alone/
А, мислиш на плачење. Тогаш до навика е. Мојата така МНОГУ плачеше по нас на почетокот, особено кога ќе тргневме со кола без неа. А влезе некој во кола, како срце во нож да и' забиле квичи, ама сега навикната е, не лае се додека не дојдеме, како порано.
 
Член од
10 август 2015
Мислења
105
Поени од реакции
14
Нов сум на форумов и ми треба една помош од вас. Имам лабрадор 2 ипол месеци и почав веќе една недела да го шетам, но имам проблем за тоа што не знае да оди само трча и постојано ме гризе за патики. Дали со тек на времето ова ќе престане или треба нешто да направам? :(;)
 
Член од
10 август 2015
Мислења
1

Секако дека ќе се среди со тек на време. Кученцето е многу мало, плус тоа Лабрадорите се многу темпераментни кучиња. Доколку прв пат чуваш куче прочепкај по нет има многу пишувано околу алфа статус и како да се поставиш како алфа мажјак.
Почни да го учиш на команди. Бидејќи е многу малечко не очекувај да научи 10 работи одеднаш. Најпрво натерај го да седнува пред да му дадеш некаква награда(тоа што најмногу сака да го јаде), биди упорен и трпелив.

P.S. Со среќа со кутрето. Ако правилно го издресираш сигурен сум дека ќе доживееш безброј среќни и смешни моменти. Лабрадорите секогаш знаат да те насмеат и расположат.
 
Член од
3 октомври 2015
Мислења
12
Поени од реакции
3
Гледам некои поискусни кучкари кои ги имаат носено своите кучиња на дресер, наместо 'не' им викаат 'фуј' на своите кучиња кога сакаат да ги потскараат за несоодветно однесување. Сте го пробале тој збор?

Sent from my 6045Y using Tapatalk
 
Член од
3 октомври 2015
Мислења
12
Поени од реакции
3
како да го научам папучи да не носи
И самиот имам проблем со тоа. Ми препорачаа во џамбо имало некој спреј од кој кучињата се одбивале. Тоа е добро ако го оставиш дома додека не е издресирано а имаш некои скапи работи кои не би сакал да ти ги распарчи (или да ти го голтне клучот од кола ако е ретривер).

Меѓутоа, за папучи како и за се друго со дресура од типот награда за добро однесување или со весник по газот како 'казна' за лошо однесување. Пробај го зборот 'фуј' кој некои дресери го користат како замена за 'не'. Кај разни кучиња разни методи функционираат.

Sent from my 6045Y using Tapatalk
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Гледам некои поискусни кучкари кои ги имаат носено своите кучиња на дресер, наместо 'не' им викаат 'фуј' на своите кучиња кога сакаат да ги потскараат за несоодветно однесување. Сте го пробале тој збор?

Sent from my 6045Y using Tapatalk
Да, јас го користам. Ма да на кучето ништо не му значи како ти ќе му кажеш,бидејќи тоа го поврзува карактеристичниот збор со дејство. Ако сакаш за не речи му и палачинка, тоа не знае што е палачинка навистина,но зборот ќе го поврзе со нешто што не смее да го направи. Имам другарка која кучето наместо да каже ,,глас,, за лаење ја научи кучката да лае на ,,кој е глуп,, :D
 
Член од
3 октомври 2015
Мислења
12
Поени од реакции
3
Да, јас го користам. Ма да на кучето ништо не му значи како ти ќе му кажеш,бидејќи тоа го поврзува карактеристичниот збор со дејство. Ако сакаш за не речи му и палачинка, тоа не знае што е палачинка навистина,но зборот ќе го поврзе со нешто што не смее да го направи. Имам другарка која кучето наместо да каже ,,глас,, за лаење ја научи кучката да лае на ,,кој е глуп,, :D
Хаха супер!

Некако подобро ми реаѓира на тој збор 'фуј'. Можеби затоа што е специфичен и не го користиме често, а кучето не го слуша наоколу па е многу силен за него или побрзо го поистоветува со однедувањето кое не треба да го прави.

Sent from my 6045Y using Tapatalk
 
Член од
10 август 2015
Мислења
105
Поени од реакции
14
Имам 7 месечен лабрадор-женка. Имам голем проблем зошто кога ќе ја пуштам на отворено не можам да ја фатам воопшто не ме слуша. Јаде се за тоа носи маска, но кога ќе ја извадам маската не можам да ја фатам после. Некој совет како да престане да јаде се и барем да ја научам на секое викање да доаѓа?
 
Член од
18 мај 2015
Мислења
40
Поени од реакции
29
Тешка работа...
Еве мојот, сеа ќе пуни година, генерално послушен е, ама без ремче надвор нема шанси... Го имам пуштано во гази баба во шумата, некогаш доаѓа кога го викам некогаш не. Затоа еднаш неделно обавезно идеме во парк во тоа заграденото за кучиња па таму тренираме.
Јас мислам дека сега се мали и (не знам за лабрадор) ама биглот е многу радознал сака све да види све да мирисне, на секој човек по еднаш минимум да му скокне..Се надевам дека кога ке подостари ќе се потсмири и ќе биде полесен за контрола.

А тоа што ти јаде од земја, јас уште како мал му го забранив, многу мал кога беше 3-4 месеци стар, и сега не јаде, ептен нешто месо ако има на земја па да проба да го земе ако не го гледам, иначе генерално само го пика носот на секаде и душка, не пика во уста...
Пробај без маска да го шеташ, и на секој негов обид да касне нешто карај го, малку по муцка удир го, и со тек на време мислам дека ќе научи...
 
Ke probam kako sto kazuvas pa se nadevam deka ke nauci.
 
Член од
6 август 2008
Мислења
46
Поени од реакции
21
Јас има 3 кучиња питбул веке 6 ипол години ротвајлерка и шарпланинка околу 2ипол години,ротот и шарпланинката заедно израснаа се разбира тука со питбулот,во последно време ротот и шарпланинката почнуваат од време на време да се борат меѓу себе и тоа доста крвнички па бев приморан да ги врзувам,некни вечер шарпланинката и питбулот се се испуштиле,проблемот е во тоа што и двете се га нападнале на ратвајлерката,ратвајлерката сега прима некој инекции зошто е во лоша состојба.Прашањето ми е што е тоа што се случува со ови кучиња,како да ги дресирам или па незнам што друго да направам за повторно да бидат како што беа од порано,сега се премногу закрвавени и незнам што да правам,доколко има некој што е по стручен нека пише дали може а и што би можело да ми помогне да ги смирам.
 
Член од
18 мај 2015
Мислења
40
Поени од реакции
29
Не знам друже, ова ми личи како работа за Цезар Милан...Гледај некои од неговите епизоди, ќе најдеш некој совет сигурно...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom