Кучиња (грижа, општи дискусии)

Член од
3 октомври 2015
Мислења
12
Поени од реакции
3
Jas ako trgnam po nea taa bega zosto znae deka ke ja fatam. Se nadevam maskata deka ke pomogne i jas trgam vo sprotiven pravec doaga po mene ama nekako tesko...
Вежбај ја командата 'дојди' со награда.

Пак нема да биде лесно, пошто осетот за њушкање им е посилен од се'. Но барем после 3-4 викања ќе сфати (ќе се разбуди) дека треба да дојде.

Исто можеш да ја вежбаш командата 'стој' или 'чекај'.

Мојот е исто луд њушкач но ако подвикнам со некоја од командите доаѓа (или чека).

Sent from my 6045Y using Tapatalk
 
Член од
10 август 2015
Мислења
105
Поени од реакции
14

Sum probal i posle 50 vikanja ne doaga, no treba da bidam trpeliv izgleda
 
Член од
10 јануари 2016
Мислења
6
Поени од реакции
0
Дали после 1 август е забрането купирање уши и опаш кај доберманите? И дали има некој што очекува легло на доберманчиња?
 
Papillon.Papi

Terrierist
Член од
15 јануари 2014
Мислења
764
Поени од реакции
795
Ги има ли овие ампули кај нас и ако ги има каде можам да ги најдам
Вo oрдинaцијaтa кaј Диме ги видoв.

Дали после 1 август е забрането купирање уши и опаш кај доберманите? И дали има некој што очекува легло на доберманчиња?
Oд 6ти Август стaндaрдoт нa рaсaтa не пoддржувa купирaни уши.
 
Член од
21 август 2015
Мислења
72
Поени од реакции
28
Sum probal i posle 50 vikanja ne doaga, no treba da bidam trpeliv izgleda
Хахаха, а дали застанува, се врти, мавта со опашката, се смее со исплазен јазик и сето ова трае секунда и потоа пак продолжува со полна брзина напред? И ти доаѓа да ја истепаш! Не знам, нешто во врска со доминација е, си ја бара најслаба алка во семејството, знае кај кого смее, кај кого не. Јас верувам дека со упорност ќе успееш. Кога мојава научи да стои мирна додека и тураш храна и да чека и да не скока, тогаш се е можно. Ама, како што реков, треба упорност. Златни џукели што ги имавме претходно, ниту еден од овие проблеми немавме со нив :) Прекрасни кучиња, послушни, верни, чудо. А ова, многу ја сакам, ама многу е напорна и бара цел тон внимание и уште малку и пак си тера по свое.
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.664
Поени од реакции
5.376
Дечки еве да споделам убаво искуство со ново отворен Пет Салон Кали.
Случајно на групер налетав на купони за бањање на миленици во Пет Салон Кали, а искрено зимно време не сум мн расположен сам да ги бањам дома поготово не кога има понуда за вака смешна цена. Цената барем уште неколку дена додека има можност да им се купат купоните е смешна за кучиња до 25кг е 420 денари, кучиња до 10 или 15кг не сум сигурен беше 320 денари. Доста сум задоволен од третманот кој им го дадоа на моиве миленици, така што ако имате потреба од ваква услуга може да го искористите попустот од групер :)

Друго што ми беше интересно имаат голем избор на храни од линијата на Брит. Или да бидам попрецизен имаат скоро се од Брит Премиум, Брит Каре и Профине. Она што ми бодеше очи беа цените, кој за некој од вкусовите беа поефтини и од увозникот (добро тоа не е изненадување со оглед на тоа што ретардосите од увозници што ги имаме си кажуваат цени од ракав на кој како му стигне и постојано имаат некој глупости од стилот промоција, покачување и слично). Така што ако немате живци да се замарате со увозниците на овие линии, а ги храните вашите миленици со некој од погоре наведените храни проверете си и ваму какви цени имаат па споредете со оние што ви ги дава увозникот.

ПС немам никаква поврзаност со луѓето кој работат таму или пак со сопствениците, ама кога се има позитивно искуство мислам дека вреди да се сподели и со останатите на темава.
 
Papillon.Papi

Terrierist
Член од
15 јануари 2014
Мислења
764
Поени од реакции
795
Здраво! Имам едно прашање. Имам женка нерасна и сега брзо и почна циклусот. Инаку стара е 4 години. До вчера не собираше мажјаци но сабајлево кога станав 10-тина кучиња се вртеа околу неа и се давеа. Сакам да ја стерилизирам, па ме интересира кои се позитивните и негативните страни на стерилизацијата. Веќе 3 пати раѓаше, на првите две легла експресно им најдов дом, но на третото легло ептен се изнамачив ама ептен и пак ми остана едно кутре, па главна причина зошто сакам да ја стерилизирам е токму тоа - тешко наоѓање на дом. Сакам да слушнам ваше мислење околу стерилизацијата, а и колку се движат цените. Благодарам однапред.
Имa ризици aкo се стелиризирa, нo мoжеш дa пoбaрaш јaјниците дa и ги oстaвaт, тaкa штo ќе ги имa хoрмoните, нo немa дa мoже дa зaбремени. Цените зaвисaт oд гoлеминaтa нa кучетo.
 
Член од
10 август 2015
Мислења
105
Поени од реакции
14
Хахаха, а дали застанува, се врти, мавта со опашката, се смее со исплазен јазик и сето ова трае секунда и потоа пак продолжува со полна брзина напред? И ти доаѓа да ја истепаш! Не знам, нешто во врска со доминација е, си ја бара најслаба алка во семејството, знае кај кого смее, кај кого не. Јас верувам дека со упорност ќе успееш. Кога мојава научи да стои мирна додека и тураш храна и да чека и да не скока, тогаш се е можно. Ама, како што реков, треба упорност. Златни џукели што ги имавме претходно, ниту еден од овие проблеми немавме со нив :) Прекрасни кучиња, послушни, верни, чудо. А ова, многу ја сакам, ама многу е напорна и бара цел тон внимание и уште малку и пак си тера по свое.
Истото ми го прави. Ќе ме погледне и ќе си продолжи со својата работа плус во право си за тоа со доминацијата, таа нема страв од мене воопшто и си тера по свое.
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Здраво! Имам едно прашање. Имам женка нерасна и сега брзо и почна циклусот. Инаку стара е 4 години. До вчера не собираше мажјаци но сабајлево кога станав 10-тина кучиња се вртеа околу неа и се давеа. Сакам да ја стерилизирам, па ме интересира кои се позитивните и негативните страни на стерилизацијата. Веќе 3 пати раѓаше, на првите две легла експресно им најдов дом, но на третото легло ептен се изнамачив ама ептен и пак ми остана едно кутре, па главна причина зошто сакам да ја стерилизирам е токму тоа - тешко наоѓање на дом. Сакам да слушнам ваше мислење околу стерилизацијата, а и колку се движат цените. Благодарам однапред.
Поголеми проблеми може да се јават доколку не ја стерилизираш. Како пиометра на пример,која е животозагрозувачка. Несакани последици освен тоа ако не внимаваш на активност, може да ти се угои. До сега не сум видела нешто друго. И ако веќе се одлучиш, вади се, нема поента да вадиш едно, бидејќи тоа што ти вели Папи,ако извадиш матка кучката пак ќе има редовен циклус и пак ќе имаш кучиња пред дворот, и ништо не си средил.

А што се однесува до хормоните @Papillon.Papi , си има од друго место од каде се лачат тие за базалниот метаболизам. Не се само гонадите извор за сексуални хормони.
 
Член од
8 јули 2015
Мислења
118
Поени од реакции
53

Се консултирав денеска со ветеринар и ми рече дека во овој период на нивно парење е ептен ризично да се стерилизира. Исто така веќе договорив термин за 3 недели, до тогаш рече дека ќе и помине циклусот а и фала му на бога од 10 останаа само 2 да се вртат по дворот но ги држам под контрола. Сепак благодарам за информациите. Поздрав.
 
Papillon.Papi

Terrierist
Член од
15 јануари 2014
Мислења
764
Поени од реакции
795
Се консултирав денеска со ветеринар и ми рече дека во овој период на нивно парење е ептен ризично да се стерилизира. Исто така веќе договорив термин за 3 недели, до тогаш рече дека ќе и помине циклусот а и фала му на бога од 10 останаа само 2 да се вртат по дворот но ги држам под контрола. Сепак благодарам за информациите. Поздрав.
http://healthypets.mercola.com/sites/healthypets/archive/2013/09/30/neutering-health-risks.aspx
Објаснети се добри и лоши страни на стелиризирањето.
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
Ајј ве молам за брз одговор...Лара,откако ја удри кола и и скрши нога на 2 места,после успешна операција,пројдоа околу 3-4 недели...уште во првата недела почна да се движи и да нагазнува на тоа ноџе,а веќе од втората се движеше и немаше гајле...но,последнава недела приметивме дека не гази на тоа ноџе...а се е нормално,игра,јаде,весела е,палава е,лежи седи на тоа ноџе,се чеша со таа нога,но ретко гази...рипа на кревет и слчно,а нема ништо,ни црвенило ни оток ни ништо,нозете и се двете исти...што да правиме ? прашавме ветеринар,ни кажа да ја сними треба,но страв ни е да не треба пак да се отвара,бидејќи не сме при пари.....?[DOUBLEPOST=1452626609][/DOUBLEPOST][DOUBLEPOST=1452642661][/DOUBLEPOST]Едит-не и даваме аналгин оваа недела и поради тоа веројатно не гази,вечерва и дадовме и почна да си гази и на таа нога...
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom