Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

  • Креатор на темата Креатор на темата ASimov
  • Време на започнување Време на започнување
Нормално дека на дел од овие прашања можеш да добиеш одговори, само очигледно си ги поставил на погрешно место ...

Често и на повеќе предмети се презентираат вакви работи од практична примена за студентите, но очигледно не си начекал некое од нив ....

Дел од прашањава ти се малце контрадикторни... и очигледно не си го разбрал концептот на „суперкомпјутер“ и „клауд“ ...
Ако те интересираат детали... да те упатам на некои релевантни извори ....
Споменувањето на суперкомпјутерот е во контекст на тоа дека ФИНКИ на сопствен компјутер си ги чува податоците (ова беше претпоставка) т.е. има доволно моќен компјутер, со доволно меморија и останати работи кои се потребни за добри перформанси на stress тестовите. Можеби погрешно се изразив, меѓутоа ме интересираше споредбата помеѓу чување на податоците на сопствен сервер и плаќање на cloud услуга за систем кој опслужува онолку корисници колку што опслужува courses кај нас. Генералните разлики ми се јасни :)
Инаку, овие работи и пресметки подетално се учат на конкретни предмети кај нас (кои ги немам избрано), а бидејќи ми требаше релативно брзо информација за ова, решив да прашам тука :)
 
Сакам да прашам дали при дипломирање е битно колку кредити имаме освоено од зимски,а колку од летен семестар? Не зборувам за задолжителни знам дека се морални, туку пример за изборен што сум го земала сега во зимски, доколку не го положам и не сакам да го полагам, можам ли да си земам плус еден предмет во следниот летен семестар и со тоа да ги исполнам 240 кредити и да дипломирам?
 
Сакам да прашам дали при дипломирање е битно колку кредити имаме освоено од зимски,а колку од летен семестар? Не зборувам за задолжителни знам дека се морални, туку пример за изборен што сум го земала сега во зимски, доколку не го положам и не сакам да го полагам, можам ли да си земам плус еден предмет во следниот летен семестар и со тоа да ги исполнам 240 кредити и да дипломирам?
Да, нема врска кредитите од кој семестар се, битно да се 240 кога ќе дипломираш (сосе кредити од дипломска).
 
Дали е некој запознаен како оди процедурата за искористување на кредити од настани ?
 
Ако не се лажам, на додипломски студии дозволено беше да се купи еден потпис по семестар, ако не исполнуваш регуларно услови за потпис. Во право сум?
 
Ако не се лажам, на додипломски студии дозволено беше да се купи еден потпис по семестар, ако не исполнуваш регуларно услови за потпис. Во право сум?
Ако темава беше за Економски, одговорот би бил да.
 
Некои тоа го викаат и мито :D

Не за така :P Туку мислам дека ми стои некаде во сеќавање дека може да се купи еден потпис, културно, на уплатница на факултет, по цена од 500 денари. Не најдов никакво инфо на нет, може и нешто си умислувам.
 
Здраво, ако има некои база со прашања за Мобилни платформи и програмирање од лани нека прати. Фала однапред :)
 
Некој да сподели искуство од следниве предмети:
Податочно рударство
Податочни складишта
Софтверски квалитет и тестирање
Претприемништво

Исто така ако сте слушале некој добар предмет од летен семестар, споделете. Имам уште 2 изборни предмети, незнам што да одлучам :D
 
Некој да сподели искуство од следниве предмети:
Податочно рударство
Податочни складишта
Софтверски квалитет и тестирање
Претприемништво

Исто така ако сте слушале некој добар предмет од летен семестар, споделете. Имам уште 2 изборни предмети, незнам што да одлучам :D
Имам слушано Претприемништво, ама ми се преклопуваше со друго предавање, така што ретко присуствував. Го држеше Трајковиќ Владимир, и немавме стандард на courses курс, туку (бидејќи така изгласале на час) група на фб во која добивавме материјали и прикачувавме. Многу време се посвети на тоа да се избере идеја за проект (каков сакаме, со која технологија сакаме и сл) кој ќе биде иновативен, баран на пазарот, со широка таргет-група. Требаше некои метрики да се прават, бизнис планови и слично. На последниот час имавме кратка презентација пред Ирена Чаушевска која на два или три најинтересни тима им ја стипендира (најверојатно) апликацијата.
Освен проект требаше и некои кратки тестови на заокружување да се направат. Проектот не мораше да е целосно функционален, можеше и повеќето функционалности да се симулирани, најважна беше идејата. Ако имаш со кого заедно да го слушаш за да сте во, супер ќе ти е :)
 
Здраво колеги, некој ако има испитни комбинации од задачи (по можност од 2012 до 2014 год.) по Вештачка интелигенција ако може да ги сподели. Фала однапред :)
 
Коментар за следниве предмети? Би било добро да споделите и материјали доколку имате.

- Неструктурирани бази на податоци и XML
- Виртуелна реалност
- Основи на компјутерска графика
- Обработка на слика
- Интелигентни системи
- Мобилни апликации
- Компјутерска анимација
- Вовед во когнитивни науки
- Интелигентни информациски системи
- Компјутерски компоненти


Потежок ми е изборот на предмети за летен семестар во однос на зимски :(
Дајте и вие ваши предлози за интересни предмети (без многу теорија).
 
Коментар за следниве предмети? Би било добро да споделите и материјали доколку имате.

- Неструктурирани бази на податоци и XML
- Виртуелна реалност
- Основи на компјутерска графика
- Обработка на слика
- Интелигентни системи
- Мобилни апликации
- Компјутерска анимација
- Вовед во когнитивни науки
- Интелигентни информациски системи
- Компјутерски компоненти


Потежок ми е изборот на предмети за летен семестар во однос на зимски :(
Дајте и вие ваши предлози за интересни предмети (без многу теорија).

Интелигентни системи
Самото име кажува се. Се учат: SVM (support vector machines), кластерирање, дрва на одлучување, алгоритми за обработка на слика и звук, процесирање на текст, когнитивна наука итн... Обично има по едно предавање за секоја гранка од вештачката интелигенција. Во ниедна гранка не се навлегува премногу и предметот мене ми изгледаше како некој вовед во вештачка интелигенција. Има семинарска (истражуваш некоја од темите кои се спомнати во предавања и пишуваш) и проект кој се прави во група. Проектот беше на теми кои тие ни ги дадоа и најчесто се сведува на креирање на некаква апликација која ќе користи некоја од алгоритмите кои се поминати на предметот. Задачите ги полагавме преку колоквиуми а теоријата на испит (втор колоквиум).

Вовед во когнитивни науки
Во овој предмет се поминуваат сите гранки на когнитивните науки. Почнувајќи од историја и филозофија па се до медицина и компјутерска наука. Мене искрено не ми се допадна многу, бидејќи многу малце време потрошивме на тоа што нас не интересира, а тоа е когнитивното моделирање .90% од предавањата немаат никаква врска со информатика. Е сега, когнитивната наука е составена од еден куп други науки, па претпоставувам дека материјалот беше соодветен со името на предметот и претставуваше вовед во науката :D.
Се полагаа 2 колоквиуми и има семинарска за која треба да напишеш труд.

Компјутерски компоненти
Јас го слушав пред 3 години и предметот беше убедливо најлошиот предмет што некогаш сум го слушал. Не знам дали е нешто сменето, но ние учевме од скрипта која беше пишувано на македонско-англиски за хардвер кој не се произведува веќе 30 години.



Кога сме кај предметите знае ли некој како се вика предметот каде што се учи Spring Security ? Го има некој слушано да сподели искуство ?
 
Компјутерски компоненти ти е најлесниот предмет. Се е теорија и ќе научиш многу за dual core, pentium 3, 4. :D
Лабораториските се преку програмче - симулација на куќиште склопување/ расклопување. На последната лаб во група ќе треба да расклопите / склопите куќиште од титово време.
Се полага на етест - 100 прашања.

Основи на графика е еден од потешките предмети како што имам слушнато ( го немам слушано), знам дека има многу математика во него.

@Amaterasu
Spring Sercurity го изучувавме на предметот Електронска и мобилна комерција, обавезно e потребно Веб програмирање иако не е предуслов. На вежбите (1 час) се изработуваше е-комертивен веб сајт.
Spring MVC, Spring Security i AngularJS (за продуктите)
Се полага само теорија (40%), имаше лаб и проект (60%).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom