LordDragonII
Dr.Strangelove
Двојните аршини се гледаат насекаде. Многу примери има, еве на пример ако јас и партнерката во некој западноевропски град се соблечеме по танги, и почнеме со глупирање да го „славиме“ фактот дека сме стрејт - нас експресно ќе не поапсат за недолично соголување и нарушување на мирот и редот. Но во исто време, ЛГБТ луѓето можат непречено да прават цели карневали каде слават сексуално општење со истиот пол како да тоа е некое врвно достигнување (иако човештвото од памтивек практикува истополов секс). Нив нема да ги уапсат иако се облечени исто така во танги, и се однесуваат недолично, иако го блокираат целиот сообраќај на повеќе саати.
Немам ништо против геј луѓето, но јас лично не гледам никаква потреба да го промовирам фактот дека сум стрејт, ниту гледам потреба било кој да прави драма од сопствената сексуална ориентација. Верувам дека ни просечен хомосекеуалец/ка не гледа(ат) некоја потреба од промовирање на сето тоа. Но останува фактот дека геј парадите постојат, и се изведуваат, и дека коштаат многу пари а во огромна мера се финансирани од невладини организации, кои се спонзорирани од... Од кого? Од кого ако не од тие што преку ваков социјален инжинеринг промовираат разнебитување на „нуклеусот на општеството“ (те цитирам).
Се согласувам со ова (твојот личен став кој и јас го делам спрема оваа популација) но сепак не е дел од периодот за кој зборував и во никој случај неможе да се земе како причина/аргумент за падот на наталитетот.
Сеуште хетеросексуалните бракови се доминантни во секоја статистика и тоа ептен доминанти а има низок наталитет - така да your argument is invalid.[DOUBLEPOST=1452251807][/DOUBLEPOST]
Да, основната причина за падот на наталитет во Европа се паѓањето на традиционалните вредности - вредностите на семејството и на семејниот човек. Но каква корист од ова сознание, ако не се продолжи кон понатамошна анализа - имено, кој „ќарува“ од тоа? Qui bono??
Мешаш баби и жаби, веројатно дека не си проучувал од историска, социо - антрополошка гледна точка.
Прво нешто/нештата треба да е/се практично/и па преку традицијата, религијата итн навлегуваат во сверата на секојдневниот живот или како некои вредности, ова е исто така социјален инженеринг.
Ако денес тие вредности се напуштаат тогаш веројатно повеќе не се практични или некоја група смета дека не се практични.[DOUBLEPOST=1452252016][/DOUBLEPOST]
Така па се враќаме на тоа, на што одбиваш да се осврнеш. А тоа е идентитетот на тие за кои сегашниве случувања се геостратешки потез, само уште еден таков во вековната игра на владеење со човештвото.
Повеќе би рекол дека сами се местиме (наведнуваме, пучиме) и некој "паметен" го користи (злоупотребува) тоа. (со наведнувањето имаш милион аналогии - ќе ти текнат)[DOUBLEPOST=1452252308][/DOUBLEPOST]
Затоа кога логично ќе се кажеш „некој сака да ја ослабне Европа“, логично е и да се прашаш - кој е тоа?
Qui bono, тоа е прашањето кое дава одговор. Одговор на прашањето кој сака да ја ослабне Европа, и да го спречи поврзувањето со Русија, и понатаму со Евроазија.
Таквите страња како „масони, хазари и вонземјани“, и многу други т.н. теории на заговор, сето тоа е чад и магла кои се создаваат за да се скрие реалноста, и идентитетот на манупулаторите кои масовно не манипулираат преку методите како социјалниот инжинеринг.
Кој сака да ја ослабне е заебано прашање, не сум економист но окцето ми врти према некои големи (конкурентски) економии. Може да гаѓаме и да пишуваме за САД и ВБ исто колку што можеме и за Кина.
Кој? Незнаеме, ама добро се знае дека многу одамна нон - стоп има обиди да се спречи тоа поврзување.
Повеќе би гледал на коорпорациско ниво и нивните интереси а не на државно или религиско, значи и таму и ваму и онаму има некој со некаков интерес.
Последно уредено: