- Член од
- 3 септември 2010
- Мислења
- 6.500
- Поени од реакции
- 9.182
Незнам зошто ми даваш линкови од туѓа црква и туѓи обичаи и тоа ни помалце ни повеќе од СПЦ.
Да не си Србин или припаѓаш на СПЦ. Ако е така ОК, ама ако не е тогаш според МПЦ единствено се врти паричка за Василица додека за бадник е обичај кој потекнува од СПЦ, барем според МПЦ.
И за чесница немам чуено а верувам дека нити 99% од верниците кои вртат за бадник знаат за тоа, туку едноставно го сметаат за ист адет само на различна дата. Се е буквално исто само датите се различни. Едниот е правилен другиот е наметнат од СПЦ.
А пошто според тебе се различни дали ти вртиш и за Василица или само за Бадник и зошто не?
Tи дадов линкови за да видиш дека кај Србите паричка се става во чесница која се меси на Божиќ и таа е богато украсен колач кој се меси низ Шумадија и Војводина и е мрсен бидејќи се прави со јајца, млеко, маст и маргарин. Има исклучоци како Јужна Србија (Ниш, Пирот) каде чесницата е посна и се меси за Бадник. (https://www.juznevesti.com/Drushtvo/Tradicionalno-lomljenje-cesnice-u-Parku-Svetog-Save.sr.html, http://www.pirotskevesti.rs/pirot-mali-jerusalim/zlatnik-iz-cesnice-pripao-pirocancu-toniju-miticu/).
Така што твоето тврдење дека вртењето паричка за Бадник е српски обичај е потполно неосновано.
П.С.: За чесница немаш чуено ниту знаеш како изгледа, но затоа знаеш дека вртењето паричка во лепчето на Бадник е српски обичај.