Охрид

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
мислам дека само референдум можит да ја спречит будалијава така да апел до здруженијата поврзани со темава да си почнат подготовки со повреме ако сакаат да ја спасиме галичица
Како шо успеа референдумот за ГТЦ :icon_mrgr:
Нема шанси да успее некој референдум што оди против некоја нивна одлука, зошто така ќе им падне у вода реториката дека народот ги поддржува у се и дека работат за народот.
Ако ипак се решат да си ја сменат одлуката ќе го претстават тоа ко „ние го слушаме народот, народот е главен“.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.172
Кај шо сме кај видеава и ова е интересно. Квалитетна е снимката.
Охрид во седумдесетите.
Ова на 2:10 ми се чинит ко Субрата Рој во млади години.Стварно сите ги привлеквело езероно да се вратет :D
 

Џои

КИНЕКТиран
Член од
1 февруари 2007
Мислења
8.406
Поени од реакции
2.076
е убај времиња ко си јадевне најубав хамбургер во Меџик на сред чаршија за 60 денари
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.379
Поени од реакции
36.311
Еве еден текст за последиците по Галичица од некои што малку повеќе се разбираат за ова...



НЕ за експресен пат низ Галичица!

За сите вие што сеуште размислувате дека изградбата на пат низ "Галичица", "шчубо ќе ни донесит учше едно чудо туристи", еве само неколку прашања ,појаснувања и размисли после вчерашната јавна расправа.

1. Предлог-измените на планот за управување со "Национален парк Галичица", што се протуркува на датуми помеѓу два празника, е ништо друго освен започнување со деградирање на зоните, односно обид за нивно законско преиначување од заштитени подрачја во чист асфалт и бетон. И зелено светло за" ѓубре" туризам.

2. За кој и чији потреби е патот? За луѓето што живеат горе во населбите сигурно не е. Па тие со години не добиле ни најобични патеки за пешаци, ни минимално осветлување. За некаков брз фреквентен транзит за на море во Албанија, преку граничен премин "Св. Наум""? Па го имаме Ќафасан". А и помошен "Св. Наум". Ако е за растеретување на сообраќајот за време на летната сезона , не постоји ли некаква можност за обновување на делови на веќе постоечкиот пат? Кога веќе грдни пари ќе се фрлаат за нов.
Која е таа наша потреба за таков безобразен луксуз, ние да си се возиме низ ендемски живеалишта за да стигнеме некаде половина час порано? Односно прво да ги уништиме ендемските и други видови живеалишта, за да си се возиме на раат.

3.. Овој 25 км пат на потег Охрид -Св. Наум се планира да се изгради на 700-850 м. надморска висина. Широк ќе е 11,7 метри, со 3 метарски огради од двете страни и САМО ДВА предвидени премина за дивечот на целиот тој 25 км. потег. Што значи тоа за дивечот проценете сами.

4. При тоа 319 хектари алпски тревници,106 хектари модра смрека, 87 хектари бука, 84 хектари македонски даб,40 хектари други видови шума и 25 хектари земјоделски површини едноставо ќе ги снема. Со сечењето на само еден хектар сегашна КВАЛИТЕТНА шума, биолозите велат дека е потребно да се засадат нови 30 хектари за да се достигне квалитетот на тој еден единствен хектар. Најголемиот апсурд е што тие нови шуми, според планот за компензација, ќе се садат не на Галичица, туку било каде, Малешевијата се предлага, на пример.

3. Ендемските видови, аполоновата пеперутка, качунката, балканскиот рис, и.т.н. после изградба на ваков пат, ќе ги гледаме вероватно во сликовници. Ако некој во меѓувреме се сети да ги испечати. Во времето на поранешната држава кога своевремено било потребно проширување на патот кај хотелите" Метропол" и "Белви" , според мислењето на тогашната научната јавност , а заради заштита на видовите,забранета била работа со тешка механизација од било кој вид. За бучавата да не си го направи своето и да не ги растера животните од своите природни живеалишта.

4 Галичица е природниот филтер за водата од Преспанско во Охридско езеро. Но во овоj ПЛАН, предложен од институциите , воошто не е опфатено влијанието на ерозијата врз езерото. Како божем, планината да е комплетно независна од езерото. Колку и каква вода ќе се слива во езерото можеме само да претпоставиме. Со дождовите ќе следи и најстрашното, миењето на асфалтното масло и неговото директно сливање во сеуште бистрите води на езерото. И што тогаш? Уште еден колектор ќе правиме ?!? Па ние со овој постоечкиот не можеме да излеземе на крај. Или пак ионака туристите веќе нема да имаат за што да застануваат тука. Ете ќе можат непречено и на наша сметка и штета побрзо да си избегаат на некое чисто море .

5.Инвестиоторот "EBOR" , не е познато дали досега има побарано и има добиено зелено светло за уште еден ваков случај на земјинава топка за инвестиција на пат низ национален парк.

6. Не само Охрид и езерото, туку и "Галичица" како единствен природен феномен е под заштита на Унеско.Што ќе се случи со Декларацијата на Унеско , повторно сами заклучете. До толку што, нели сите знаеме, дека Унеско не заштитува баш бетон и асфалт по светов.Или факмани сме си ние па и нив ќе ги "убедиме".

7.И сето ова во време кога светски тренд e еко -туризмот.Кога цивилизираноста на една сериозна туристичка дестинација и понуда , не се мери со "all inclusive" бетони туку сo многу поедноставен еко, рурален и алтернативен туризам. Кога планинскиот и велосипедскиот туризам се во супер подем и почнаа да се синоним за "Галичица". Кога велосипедизмот зеде замав и помеѓу жителите на Охрид.Кога и параглајдерството доби свое сериозно место на картата на Охрид за конечно поразлична понуда во она за што требаше да има стратегија уште пред дваесетина години , а што се вика алтернативен туризам . Кога ликот на Охрид почна да се менува во многу подруг и поубав , со еден сосема различен таргет, на млади еколошки свесни луѓе од цел свет.. Кога тукашни ентузијасти и волонтери ја испопромовираа насекаде Галичица , кога се заложија и означија велосипедски планински патеки. И кога при се тоа, планината си остана нечепната и незагадена.И тамам во време кога бициклисти, алпинисти, параглајдеристи и вљубеници во прирорадата почнаа да ја препознаваат, да се заљубуваат во неа и се повеќе да доаѓаат , ние сме решиле да ја подариме "Галичица" на камиони.

8. Со и заради патот ќе следат и нови туристички зони,некаков контраверзен план за ски ценар, каде впрочем снег воопшто не се задржува , хотелски комплекси , ресторани, вештачки снег и уште повештачки езера....Да ...да... но следи и невидено уништување и загадување , а такви места ги имаме веќе доволно многу. И загадени, а и ски- центри, непроработени, во доволен број си ги има Македонија. Кој би доаѓал тогаш баш навака и за што?
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.172
Абе пак вие.Туризам ќе развиваме или екологија ќе воведвиме?


Убо ви кажа едно бате по коментарине на ohridpress или ohridnews.Шо сте се запнале вие за Галичица од Охрид СОС, ниту еден ден не сте стапнале на планина!
Сигурно посебно мислеше на дечкине од Црвен Крст, Еко Дром, Зш Точак и алпинистине.Ич ги немат на планина, ич.
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363
е убај времиња ко си јадевне најубав хамбургер во Меџик на сред чаршија за 60 денари
Пица парче 50 денари наспроти Пинк Пантер/Жито Леб во баракине шо ги тргнаја, 10/20 денари пуканки на сред чаршија, 20 денари онај стриконо кај Чинарон шо ти чистеше кондури, 80 денари чикенбургер во Касапче сеа ново кружно демек, 10 денари ѓеврек варен, 30 денари бурек сирење и 40 денари пица бурек, чорба на сред чаршија 60 денари, 10 денари чај в чајџилница 15 денари баклава, Стара Нама, калдрмана, трафикине...и уш еден мал број ситници шо во моментов не се сеќавам, буквално на све му го ебаја мамето.
едит:
Охридски бранови плус ватерпол, кајак-кану регати речиси нон-стоп, сеа еден клуб активен, стрелачкион клуб одвај некако крпит, АЛЕКСО (Бог да го простит) и боксерски клуб Охрид, Полигонон за мали спортој, патекана со пречки и железа за тренирање Биљанини све ничкум е сторено, ФК Охрид, за жал...
 
Последно уредено:
Член од
30 јануари 2014
Мислења
621
Поени од реакции
360
basket na poligonon za mali sportovi. Sega e parking.
Dzoging od moston do gorica I (infarkt strasse). Sega e kafana strasse
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Пица парче 50 денари наспроти Пинк Пантер/Жито Леб во баракине шо ги тргнаја, 10/20 денари пуканки на сред чаршија, 20 денари онај стриконо кај Чинарон шо ти чистеше кондури, 80 денари чикенбургер во Касапче сеа ново кружно демек, 10 денари ѓеврек варен, 30 денари бурек сирење и 40 денари пица бурек, чорба на сред чаршија 60 денари, 10 денари чај в чајџилница 15 денари баклава, Стара Нама, калдрмана, трафикине...и уш еден мал број ситници шо во моментов не се сеќавам, буквално на све му го ебаја мамето.
едит:
Охридски бранови плус ватерпол, кајак-кану регати речиси нон-стоп, сеа еден клуб активен, стрелачкион клуб одвај некако крпит, АЛЕКСО (Бог да го простит) и боксерски клуб Охрид, Полигонон за мали спортој, патекана со пречки и железа за тренирање Биљанини све ничкум е сторено, ФК Охрид, за жал...
Ама во тоа време платите беа по 4000 денари и често се земаа еднаш на 2-3 месеца.[DOUBLEPOST=1452190140][/DOUBLEPOST]
Абе пак вие.Туризам ќе развиваме или екологија ќе воведвиме?


Убо ви кажа едно бате по коментарине на ohridpress или ohridnews.Шо сте се запнале вие за Галичица од Охрид СОС, ниту еден ден не сте стапнале на планина!
Сигурно посебно мислеше на дечкине од Црвен Крст, Еко Дром, Зш Точак и алпинистине.Ич ги немат на планина, ич.
Автопатот е далеку поеколошко решение од регионален 5м пат по кој се вози со 50 км/час.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.370
Поени од реакции
25.099
Реално добро е шо стазана од каналон до горица живна малку, пет пати ќе ме јадеа кучиња имам бегано ко ненормален.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.015
Поени од реакции
80.842
Автопатот е далеку поеколошко решение од регионален 5м пат по кој се вози со 50 км/час.
Но не толку еколошки како парапетчето од дваес сантима околу езерото и како сечењето на дрвјата или вадењето на трските и камењата од езерото за песок да се донесе. Е тоа се веќе еколошки решенија кои може само човек со завидно ниво на еколошка свест да му ги смести на милионски стариот екосистем.
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Автопатот е еколошко решение за Галичица. Со автопатот ќе се намали двојно времетраењето на патувањето низ планината и дупло помалку ќе се испуштаат издувни гасови низ Галичица. Додатно, шумата околу автопатот ќе ја апсорбира прашината и штетните гасови од возилата, наместо ко сега возилата да се движат по регионалното патче покрај езерото и сите штетни гасои да одат во езерото и околните туристички насеља.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom