Здраво јас сум нов сакам накратко да се информирам дали сеуште се вадат пасоши колку време трае тоа колку пари дали гледаат на изглед за издавање полесно хахах некој олеснителни околности било што ... нашава држава повеќе не ја бива сакам да бегам надвор работам овде за 1000 евра 6 ебани месеци неосигуран неплатено пензиско во една од 3 најголеми градежни компании во земјава се дешава ова .... фала ви и како и да е загреан сум и ке извадам бугарски пасош и спремен сум да се откажам од овој овде оваа држава не е држава не постоиме релано... поз
Да, издаваат државјанства врз основ на кој се здобиваш со пасош. Само доколку имаш роднина со бугарско државјанство, по можност татко, дедо, чичко или братучед.
Не, изгледот нема да ти помогне/одмогне во постапката за добивање државјанство. Не прават избор на убавина. Се разбира, се очекува од тебе да се појавиш пристојно облечен и среден на денот на интервјуто во министерството за правосудство, но ништо повеќе од тоа. Повеќе се заинтересирани за твоите мотиви и што сакаш да постигнеш со државјанството.
Очекувај да поминат најмалку 2.5 години во најдобар случај од денот на отпочнување на постапката до денот кога ќе го држиш пасошот во рака. Ќе ти требаат во просек 2-3 месеци да добиеш уверение за потекло + 1.5 година за државјанство. На пр. оние кои на почеток од декември 2015 поднесоа барање за државјанство ги закажаа на интервју дури во јули/август 2016 година. Вежбај трпение уште од сега.