- Член од
- 23 октомври 2011
- Мислења
- 887
- Поени од реакции
- 2.207
Балканска лига да, но во вид на економска унија од типот на БЕНЕЛУКС. Балканските државички се премногу мали и иситнети. За да може да конкурираме на светските пазари ќе мора да се сплотиме и заеднички да настапиме во економска смисла.Само така нашиот производ ќе може да стане конкурентен на светските пазари. Како сакаш наречи го, Балканска Лига, Балкански БЕНЕЛУКС сеедно.Токму така. Преку глава ми е веќе да се карам со луѓе кога ке кажам дека сум анти НАТО-аха ти си Русофил.Кога ќе кажам да не се летаме многу многу по Русија-еј ти си значи за Америка а,цццц..
.
.
Не,не сум ни за едните ни другите.Сум за тоа што мене ми е во интерес и мене ме засега.
Утре со Турција би бил сојузник ако има некаков ќар од тоа.Религиозните и трибалните разлики,се сржта на проблемов тука и како што посочи ти,мора да се занемарат кога станува збор поголемото добро.
Јас лично сум израснат во доста анти Западњачко семејство(но не и комуњарско или пак Русофилско)-поради работите што се дешаваа во Југославија,Македонија и фората е што и јас лично знам да забегам со тоа.Затоа и ги спомнав тие примери.Добар пример е Византија,која падна само проади фактот дека топовите од Унгарија беа продадени на Турците.
Знам дека мн сонародници би ме осудиле за тоа но јас многу би сакал да видам еден вид на Балканска лига(како за време на Балканските војни).Сепак Македонија,Србија,Црна Гора и Грција имаме исти проблеми со исто племе.Но не би ја изоставил ни Албанија.Албанија има огромна улога да изигра во ова.Самите католици и православци таму,треба да се кренат против нивните радикализирани сонародници.Да не забораваме,христијанските племиња на Албанија беа едни од народите кои во делови во Албанија никогаш не беа освоени од Турците и водеа најжестока борба.
Скендербег навистина е еден од најдобрите борци(и кебап ремувер)што произлегол од Балканот.
Факт е дека моќта на промената е во самите Европјани(народот),било наш,Данец,Грк или Рус.

Битно е да се создаде таква мини економска унија, од балканските државички со исклучок на Турција.
Таа е посебна приказна и веќе е самостоен играч.
Од етнички аспект исто така мислам дека би било добро. Затоа што мултикултурата единствено успева помеѓу сродни и истородни народи. Мултикултура може да се гради помеѓу Срби,Македонци,Бугари. Затоа што имаме добра основа за соживот, лингвистички сме сродни и делиме иста религија. На тој план можеби малку потешко би одело да речеме со Грците и Албанците.
Да земеме примери од страна, одсекогаш успешни мултикултурни приказни биле оние што се граделе помеѓу сродни народи со сличен менталитет како Швајцарија (Французи, Италијанци и Германци), или Белгија(Французи, Холанѓани и Германци).
Не го заборавај и поширокиот контекст. Секогаш треба да се гледа големата слика. Александар Дугин има интересна филозофска теза која вели дека ЕУ се повеќе наликува на старица пред умирање што оди кон дезинтеграција.
Либерализмот на кој почива ЕУ се распаѓа во сржта. Паралелно со либерализмот страда и модернизмот. Овие процеси ќе донесат ново редефинирање на европскиот континент. Внатрешниот крах на либерализмот ќе повлече и распад на Европската Унија.
Како алтернатива на тоа ќе појави традиционалниот европски идентитет, кој ќе може да се воспостави и во институционална форма. Ќе се темели на нелиберални вредности , но нема да биде фашистички. Ќе биде во суштина нов традиционален континентален модел со швајцарски конфередативен принцип.Тој алтернативен идентитет - традиционална Европа ќе стави крај на мултикултурализмот и неговата злоупотреба каков што го знаеме денес.
Ако ние како мала нација и мал балкански регион успееме да се качиме на возот на овој алтернативен европски идентитет кој ќе се институционализира и замени ЕУ , рачунај дека сме на коњ.
Последно уредено: