Истиот проблем. Мојава кучка златен ретривер има 7,5 месеци. И ние носиме маска зошто од дома до парк јадеше апсолутно се што ќе сретнеше. Омилени и се влажните марамчиња. Морам да кажам дека маската помогна. Сега не ја носи постојано, ја ставаме одвреме-навреме, а навиката да јаде секакви гнасотии исчезна. Е во врска со пуштањето... Кога наумила да замине некаде, заминува и никого не рецка. Џабе и викање и се. Единствено помага ако јас тргнам во спротивна насока од неа, па подзастанува и се замислува. Ако одам по неа, си тера напред и не запира. Мисли дека и викам да продолжи. Пробај и кажи дали ќе делува кај твојата кучка. Макар што, процентот на успех е 50-50. Ама и тоа е подобро отколку ништо.