Кучиња (грижа, општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdpro.AceBoy
  • Време на започнување Време на започнување
Здраво fellow кучкари.

Имам 7 месечен Златен Ретривер и иако е носен на професионално бањање, редовна контрола кај ветеринар (Др Диме и неговите вработени), четкан е со сите салтанати (секаде) и се' уште има лош мирис (кој го имаше уште од првиот ден кога го земав).

Ветеринарот ми кажа дека е тоа едноставно негов мирис таков каков што е. Логиката му беше дека како што луѓето имаат специфичен мирис секој посебно, така и кучињата.

Ми препорачаа дезодоранс за кучиња од џамбо. Го земав и денес ми е ден број 1 за проба.

Дали некој има друг совет?
Ми кажаа дека германските овчари го имале тој специфичен мирис.

Не знам што да направам, само знам дека многу ми мириса и секој што ќе ни дојде на гости го осеќа тој мирис.

Пс го хранам со Натурал Треинер веќе втор месец. Претходно со Фармина Екопет. Но велам, мирисаше уште кога го земав на 2 ипол месеци, а таму го хранеа со Ројал Канин.

Sent from my 6045Y using Tapatalk
Јaс мoетo пoчнaв 1 вo 2 месеци дa гo бaњaм и дa гo хрaнaм сo сирoвa хрaнa (целoсен плен). Немaме прoблеми сo сувa кoжa, јaк мирис или смрдлив здив. Кoгa беше нa сувa хрaнa (Брит Кер) и гoтвенo месo пoјaк мирис имaше.
 
Дали некој го знае работното време на д-р Марин? Знам дека им пауза ова време и исклучен е телефонот.
 
Papi samo imaj vo predvid deka toa ne e maska, tuku "halti" ili "head halter" odnosno pomagalo za kucinja koi mnogu vlecat. Ne e maska niti pak funkcionira kako maska. Ako ti treba pomagalo protiv vlecenje, mene poveke mi se dopagja "sporn harness"
 
Здраво fellow кучкари.

Имам 7 месечен Златен Ретривер и иако е носен на професионално бањање, редовна контрола кај ветеринар (Др Диме и неговите вработени), четкан е со сите салтанати (секаде) и се' уште има лош мирис (кој го имаше уште од првиот ден кога го земав).

Ветеринарот ми кажа дека е тоа едноставно негов мирис таков каков што е. Логиката му беше дека како што луѓето имаат специфичен мирис секој посебно, така и кучињата.

Ми препорачаа дезодоранс за кучиња од џамбо. Го земав и денес ми е ден број 1 за проба.

Дали некој има друг совет?
Ми кажаа дека германските овчари го имале тој специфичен мирис.

Не знам што да направам, само знам дека многу ми мириса и секој што ќе ни дојде на гости го осеќа тој мирис.

Пс го хранам со Натурал Треинер веќе втор месец. Претходно со Фармина Екопет. Но велам, мирисаше уште кога го земав на 2 ипол месеци, а таму го хранеа со Ројал Канин.

Sent from my 6045Y using Tapatalk
И мојава кучка тукушто наполни 7 месеци!!! Живееме во куќа со голем двор, па Астра си има куќа (читај куќиште) во двор. Капена ни е исто 2 пати. Кога ја зедовме воопшто не мирисаше. После првото капење буквално смрдеше. И тоа некои 2-3 дена. Наредното капење воопшто не, ама ја исушивме убаво со фен. Не знам дали тоа има врска или не. Е сега, за миризбата, јас баш и не се согласувам со ветеринарот. На Астра последниве неколку недели и мириса здивот и мислам дека е заради храната (Хусе Валп). Мислам дека и од порите и излегува, а не е жешко, па да речеш... Претходно и готвевме некако повеќе (ориз со пилешко мелено 50%-50%, морков), а изминативе седмици некако немаме баш време, па повеќе е на сува храна. Пробај смени ја храната, па види. Капи го со Трикси, исуши го убаво со крпа и фен. И јас мислам дека еднаш на 2 месеци е доволно. Нека биде и месец и пол. Инаку, мојава јаде јаболка секојдневно, но не е до тоа. Може споредбава глупаво ќе звучи, ама тоа ти е како човек кога јаде лук 2-3 пати на ден, па сигурно нема на јоргован да мириса. Нешто во составот на храната дава некоја специфична миризба. Пробај давај му зеленчук, свежи јајца, морков и пилешко еве зошто нема некој посебен мирис, па кажи по една недела дали има промени. И чисто за информација, колку сте тешки на 7 месеци? Дали 26,5 кг е премногу за кучка златен ретривер од 7 месеци? Како слон е мојава, не е дебела, ама е тешка, голема, да се грижам нагло да не расти. Поздрав.
 
Дали некој чува бернандинец и го продава или знае некој што продава и колку би ме чинело ?
 
Фала на советите, ќе пробам па ќе споделам искуство.

Инаку, и Аполон е тука некаде со килажа, брзо растат сега [emoji1]

Не знам, од исто легло да не ни се кучињата можеби? Ава се вика мајката на Астра? Од Пржино ја земавте?

Sent from my SM-T230NU using Tapatalk
 
Да, веројатно се брат и сестра :) Морав да проверам во родовникот, Кавалина се вика мајката. Баш би сакала да видам слики од Аполон. Ќе може во порака? Ќе ја сликам Астра деновиве и ќе ти пратам и јас. Честити празници :)
 
Хехе, да! Кавалина е по родовник а Ава си ја викаат они. Најубавиот Златен Ретривер што сум го видел во живо, помило куче не сум видел.

Важи ќе се пишеме по порака.

Sent from my 6045Y using Tapatalk
 
Му дадов половина апче против глисти на кутре мало и сега после 6 дена гледам во изметот пак глисти, но не мрдаа.
Дали пак да му дадам или нема потреба?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom