И мојава кучка тукушто наполни 7 месеци!!! Живееме во куќа со голем двор, па Астра си има куќа (читај куќиште) во двор. Капена ни е исто 2 пати. Кога ја зедовме воопшто не мирисаше. После првото капење буквално смрдеше. И тоа некои 2-3 дена. Наредното капење воопшто не, ама ја исушивме убаво со фен. Не знам дали тоа има врска или не. Е сега, за миризбата, јас баш и не се согласувам со ветеринарот. На Астра последниве неколку недели и мириса здивот и мислам дека е заради храната (Хусе Валп). Мислам дека и од порите и излегува, а не е жешко, па да речеш... Претходно и готвевме некако повеќе (ориз со пилешко мелено 50%-50%, морков), а изминативе седмици некако немаме баш време, па повеќе е на сува храна. Пробај смени ја храната, па види. Капи го со Трикси, исуши го убаво со крпа и фен. И јас мислам дека еднаш на 2 месеци е доволно. Нека биде и месец и пол. Инаку, мојава јаде јаболка секојдневно, но не е до тоа. Може споредбава глупаво ќе звучи, ама тоа ти е како човек кога јаде лук 2-3 пати на ден, па сигурно нема на јоргован да мириса. Нешто во составот на храната дава некоја специфична миризба. Пробај давај му зеленчук, свежи јајца, морков и пилешко еве зошто нема некој посебен мирис, па кажи по една недела дали има промени. И чисто за информација, колку сте тешки на 7 месеци? Дали 26,5 кг е премногу за кучка златен ретривер од 7 месеци? Како слон е мојава, не е дебела, ама е тешка, голема, да се грижам нагло да не расти. Поздрав.