|И.И|
говно интерашко
- Член од
- 24 јуни 2008
- Мислења
- 5.588
- Поени од реакции
- 6.750
Околу годишниот одмор зависи од кој период ке го бараш и дали има доволно вработени во местото каде што ке работиш. Обично во јули и август (Кога е празник) даваат одмор без проблем , но за време на сезона ноември - март малце потешко, но не верувам дека ке ти направат проблем за 2 недели , се зависи од менаџерот. Многу е битно лугето кој ти се супервизори да се европејци или американци дека имаат многу поголемо разбирање околу проблемите на вработените. Првите 3 месеца си на пробен период и имаат право да те избркаат од работа без апсолутно никакво образложение , после тоа си официјално примен и доколку сакаат да те избркаат треба да имаат причина и месец дена период пред денот на терминација мора да си таму за да најдат нов вработен. Ретко се дешава да те пратат дома истиот ден кога ке те избркаат. Пасошот ти го вракаат после завршување на процедура за вадење на резидентска виза ,лична карта, здравствено така да не се секирај можеш да си отидеш кога сакаш но ке имаш забрана за вракање за 1 година.
Мој предлог е да идеш со друга филозовија на работа, доколку константно размислуваш за дали ке те отпуштат ке имаш проблем, фокусирај се на добрите работи и искуството кое ке го стекнеш тука.Првите три месеци се најбитни после се е подлизгано, распрашај се за местото каде што ти е најдена работата и дали се строги правилата или се пак многу либерални. Кај мене лично е малце построго ама во други хотели не се знае кој јаде кој пие.
Сподели повеке информации околу работата и ке гледам да ти помогнам со повеке инфо.