Tреба да се провери да не имаат момците од братска Србија некоја модринка на рацете, некоја гребаница или исекотина. Недај боже, некој од нив може се спрепнал додека клоцал, паднал и се натратил. Ако има такво нешто, треба и амбасадорот да испрати извинување, и премиерот и претседателот. Море, за да бидеме на сигурно, и судскиот совет, било како колектив или поединечно нека напише едно извинување. Сите три власти, со народот во целост зад нив, со глава наведната и срце ожалостено, со ветување дека сите наши ќерки се спремни за секакво нивно ползување, сите наши пари се на готовс за нивна потреба и цела наша инфраструктура е спремна за нивно уживање, макар била и тоалет. Мора да ги увериме дека им припаѓаме и дека сме верни и послушни и дека ако имало некои повреди по телото на момците, ќе работиме макотрпно на тоа да омекнеме коските, ќе се откажеме од млеко, сирење и калциум скроз, и заби нема да миеме ако треба, за такво нешто никогаш да не се повтори.