Живеење во заедница..

Дали би живееле во заедница?

  • Да-ако е само едниот родител

    Гласови: 1 0,9%
  • Да,и со двајцата родители на партнерот

    Гласови: 9 8,4%
  • Да, со двајцата мои родители

    Гласови: 10 9,3%
  • Не,никако

    Гласови: 87 81,3%

  • Вкупно гласачи
    107

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Не си во право. Мислиш дека така ќе ги направиш посилни ама товарот што им го планираш е голем.
Ако работиш за плата овој месец и парите ти требаат на први или пред први (инаку печен си) притисокот е огромен. Ако имаш пари в банка за месец - два работиш без притисок, оти си обезбеден за следните сметки и храна.
Исто за станбеното прашање, ако немаш каде а веќе се чека бебе замисли го притисокот. А ако имаш нешто дадено од срце од родителите, можеш раат цел живот да градиш за децата, пак тие ќе имаат занимација ќе градат за својте деца без некој пресилен притисок. Ќе живеат подолго. Има други начини да ги направиш вредни и работливи не мораш да ги фрлиш во таков оган.

еден човек што го знам живееше исто вака и казина и странство плус, сега е скитник...
сега влече торби по улици... дали мисли сега на децата? којзнае....
Памтам кога шеташе носеше торбиче за на точак - да не речам педеруша
полно со пари со откопчан патент и на половината... и низ град - будалетинка :)))
Мојата обврска како родител кон децата ја исполнувам а ако сакаат нешто екста да видиш како синовите одат во хала следат производство,се интересираат за фирмата а ќерката се врти околу сопругата постојано нешто ја потпрашува,средува документи,оди во банка........

Никогаш не сум ги сакал казината и коцкањето.
Од нив се збогатиле само нивните сопственици ама затоа па имам прилично скапо хоби
кое можеш да го разгледаш на форумв тема автомобили во размер
DSC003341109040500.jpg
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Мојата обврска како родител кон децата ја исполнувам
Те разбирам, само постот ми го врати филмот.

И јас исто мислам дека најважно е да ги научиме да заработат, јас мислам ако имаат работа што ќе ја сакаат не мора да имаат докторат кое колку сака толку нека учи ако сака докторка ако сака фризерка нека биде ама во работата да ужива. Моја цел е да откријам што сакаат и да им помогнам да постигнат. Во работата мора да имаат задоволство и мора да им носи приход.
За разлика од тебе не би ги оставила без грб. Да си имаат нешто од нас.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Неспоредливо е да се живее во заедница и одвоено. За среќа моментално со сопругата сме во наш стан и нема споредба, и односите нема да си ги нарушиш со родителите и ќе си имаш мирна глава....
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Овој ако навистина планира од децата да побара пари за станот, не за колички туку за лечење да си ги троши.

Јас никогаш не би земал пари од децата!! Се што имам останува на нив, ако не и се допаѓа нека го продадат, а кога ќе заработат нека си купат поубаво.

Sent from my GT-I9300 using Tapatalk
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Овој ако навистина планира од децата да побара пари за станот, не за колички туку за лечење да си ги троши.

Јас никогаш не би земал пари од децата!! Се што имам останува на нив, ако не и се допаѓа нека го продадат, а кога ќе заработат нека си купат поубаво.

Sent from my GT-I9300 using Tapatalk
Мене татко ми освен квалитетно образование и лагоден живот до 18 години ништо друго не ми дал па не сум должен ни јас да давам

Се што поседувам пред или откако ќе се пензионирам ќе продадам а парите ќе ги трошам за шетање и уживање низ светот,а на некои за лечење балкански менталитети..
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Ги жалам ваквите кои се нарекуваат татковци. Дај боже за лечење на онкологија да ги потрошиш.

Sent from my GT-I9300 using Tapatalk
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Ги жалам ваквите кои се нарекуваат татковци. Дај боже за лечење на онкологија да ги потрошиш.

Sent from my GT-I9300 using Tapatalk
Цел живот да бидам жртва.Не благодарам!

Јас па ги жалам тие што животот го поминуваат планирајќи да обезбедат стамбен простор за 3-4 генерации кои неможејќи да го остварат планираното најчесто завршуваат пореметени или оставени сами на себе во некоја ментална институција.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Јас па најдов со кого да се докажувам. Изгледа ти ни самиот себе не се сакаш и не знам зошто имаш деца.
Уживаме и шетаме сите ние, што не сме себични и купивме станови за децата.

:) Жртва :)
Тоа е збор што не постои кога сакаш. Жртва е да не ги сакам а да трчам од обврска а инаку ниедно уживање на некоја плажа, ниедно отмено јадење ни накит не може да ми го замени задоволството што го имам кога неколку мои луѓе и децата се добро, среќни, сигурни. Не е жртва туку така ми е задоволство да бидам тука за нив.

Избегавме од темава.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Јас па најдов со кого да се докажувам. Изгледа ти ни самиот себе не се сакаш и не знам зошто имаш деца.
Уживаме и шетаме сите ние, што не сме себични и купивме станови за децата.

Sent from my GT-I9300 using Tapatalk
Во моите размислувања и убедувања не може никој жив да ме разубеди а тоа дали се исправни или не времето ќе покаже
Многу здравје,среќа и сите желби да ти се остваарат во новата 2016 година[DOUBLEPOST=1451510094][/DOUBLEPOST]
:) Жртва :)
Тоа е збор што не постои кога сакаш. Жртва е да не ги сакам а да трчам од обврска а инаку ниедно уживање на некоја плажа, ниедно отмено јадење ни накит не може да ми го замени задоволството што го имам кога неколку мои луѓе и децата се добро, среќни, сигурни. Не е жртва туку така ми е задоволство да бидам тука за нив.

Избегавме од темава.
Добро де ете сатисфакција ми е да ги образувам,шетам,обезбедувам лагоден живот ама до 18 години а и законот до толку ме обврзува.
Многу здравје,среќа и сите желби да ти се остваарат во новата 2016 година
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Во моите размислувања и убедувања не може никој жив да ме разубеди а тоа дали се исправни или не времето ќе покаже
Многу здравје,среќа и сите желби да ти се остваарат во новата 2016 година[DOUBLEPOST=1451510094][/DOUBLEPOST]
Добро де ете сатисфакција ми е да ги образувам,шетам,обезбедувам лагоден живот ама до 18 години а и законот до толку ме обврзува.
Многу здравје,среќа и сите желби да ти се остваарат во новата 2016 година
Фала исто и кај тебе.
Ми се чини точно те сватив во суштина што сакаш да постигниш, и се надевам ќе ти се исполни. Одгледуваш лавчиња :)
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Живеењето во заедница е најпрво убиство за тој што се жени/мажи, а потоа и за сите останати, посебно ако се живее во мал стан/куќа. Башка е тоа ако се живее во сиромаштија. Човек кога е сам со неговите често доаѓа до појава на различни мислења и спротиставување на истите, па доаѓа до несогласување, а не па кога ќе дојде нов член - снаа/зет во семејството. Посебно несогласувањата снаа - свекрва или снаа - свекор доведуваат до убиство на бракот.

Не викам не, гадно е чувството кога се делиш од твоите и треба да започнеш сам да живееш, а уште погадно е кога се делиш затоа што треба да живееш со нова личност. Но ако сакаш бракот да не ти се распадне, а и ти самиот да не се распаднеш од караниците во заедница, многу подобро е живеењето сам со семејството кое ти го основаш. Можеби за нијанса е поинаку ако живееш во голема куќа и финанскиската состојба ти е добра, но донекаде и тоа не е тоа.

:)
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
Дефинитивно сами е најубаво. Шест месеци живеевме со родителите од маж ми и не можам да речам ни еден лош збор. Свекрва ми ме гледала исто како мајка ми, значи навистина не сум осетила некоја разлика. Она си е пензионерка, таа си готвеше, таа си переше а јас си бев само како уште едно дете во куќата. Искрено кога се селевме во станот потешко ми беше отколку кога се мажев, но еве сега веќе година и пол живееме сами и не може да се спореди. Значи правиш што сакаш, спиеш до кога сакаш, миеш садови кога сакаш, сеташ гол цел ден од никого не се устручаваш. Верувам дека доколку би останале да живееме со неговите кога тогаш би се јавиле кавги и за најмали ситници, просто е различни генерации не може да имаат исто мислење. Поучени од речиси сите другари (кои прво си реновираја по дома и почнаа да живеат во заедница, а после одреден период поради неиздржливата ситуација се селеја) си решивме на време да го средиме тој проблем. Во близина сме и на моите и на неговите, така да често сме им на гости па сите среќни и задоволни.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom