Живеење во заедница..

Дали би живееле во заедница?

  • Да-ако е само едниот родител

    Гласови: 1 0,9%
  • Да,и со двајцата родители на партнерот

    Гласови: 9 8,4%
  • Да, со двајцата мои родители

    Гласови: 10 9,3%
  • Не,никако

    Гласови: 87 81,3%

  • Вкупно гласачи
    107

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.910
Поени од реакции
12.395
Подобро да зеам 300 евра плата и 200 да ми одат по сметки и кирии и да живеам во гарсоњера, ама да си го имам мирот и никој да не ми попува. Си сакам да си е по мое и 90% од времето не прифаќам компромис. Јас еден месец во годината кога ќе дојдам дома кај мајка ми и татко ми не можам да се договорам за ручек шо ќе јадеме, фали само некој на 25 години да ми замери зошо креветот не сум го наместила и да си заминам од таму за век и веков. :D
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.701
Поени од реакции
24.161

Истово го мислам. Доволно е со партнерот што мораш да правиш компромис, не ти требаат дополнително и други карактери.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Истово го мислам. Доволно е со партнерот што мораш да правиш компромис, не ти требаат дополнително и други карактери.
А ако свекрвата е добра, послушна, мирна покорна и богобојазлива?
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Прашањето е дали би живееле во заедница?

Јас ова прашање пред некој 8 години го одговорив со да
Уште додадов дека кај што има слога има и живот, нешто муабетот ми беше кај што има слога куќа се гради кај што нема и да ја имаш се урива. Уште и мислев дека бракот е заедница меѓу маж и жена и дека со него ќе имам деца,согласувања, несогласувања компромиси.
Глупача гуска идиотка сарма смотана невидена! Си ги срушив 7-8 најдобри години од животот. :)

Види ја логикава денес. Ако имало слога во предходните 30 години на ова место ќе имало и куќа. Асална куќа. Луѓето што ги прифатив за семејство биле сите здрави прави воглавно вработени, без мали деца без големи трошоци. Ако биле луѓе ќе направеле куќа за кога ќе дојдат снаи.
Кога избираш заедница сите се во бракот. Во твојот брак.Со сите прајш компромис, сите ти се качуваат на глава, ако си женско за сите си дојдена од недојдија.
Чуда ми се случија, да ги кажам некому нема да ми верува, да ми ги кажеше некој не ќе му верував.
Кога би одбирала пак за мене или за мои деца никогаш не би избрала/дозволила заедница.[DOUBLEPOST=1420477581][/DOUBLEPOST]
жениве на форумов мислат дека живеат во западна европа и дека земаат 2000 евра плата па ќе живеат самостојно со сопругот:pos: Ќе легнете на брашното, али не е лошо да се сонува:icon_lol:
Полошо е во заедницата, пак ќе речам да биле рационални со пари ќе имале по две соби за секое машко дете или барем целина како гарсоњера. Еве за една година лани во октомври реков доста е од ова семејство, годинава во октомври имавме стекнато станбен простор. Не ме прашувај што јадевме и што носевме на себе, ама го направивме. Што правеле тие 20-30 години наназад пред да дојдам?
И кој ти гарантира дека нема да го прават истото во заедницата[DOUBLEPOST=1420478679][/DOUBLEPOST]
А ако свекрвата е добра, послушна, мирна покорна и богобојазлива?
:pos:
 
Последно уредено:

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.342
Јас од првиот ден во брак живеам сам со жената во сопствен стан.Гласав за последната опција од неколку причини.
1.Јас сум индивидуалец,и кога сум створил семејство сакам да бидам сам со него.
2.Материјалните услови ми дозволуваат и зошто да не го искористам тоа.
3.Има една поговорка:Сам да не ти е срам.Пример:Неможеш да се из***ш со жената на раат,или да се шеташ гол по дома.
4.Заебано е за чување дете,треба да го разнесуваш,ама може да се договориш да дојдат бабата и дедото кај тебе и да го чуват.Малце покомплицирано,ама прифатлива цена за нормален и неоптеретен со ништо живот.
5.Знаеме дека кога има повеке луѓе на мал простор тоа е идеална основа за конфликти.Со одделниот живот од родителите тоа е избегнато,а во мојот случај,си ги сакам и уште повеке и имаме взаемна почит.Исто и жена ми со моите родители.

За варијантата на Гојдо,тоа според мене не претставува заедница.Градам куќа во која ке живееме заедно со моите,на одделни спратови.По иницијатива на татко ми,проектирана е и се гради така што одделните спратови(нашиот и нивниот) немаат никаква допирна точка ни по кој основ.Се е посебно.Исто како да живееш у стамбена зграда.Затоа и се согласив да биде така.А неспорни се предностите на таква,да ја наречеме заедница во врска со чувањето дете.
Ова е мојот муабет од 25/01/2006. Од пред девет години.
Сега е актуелна кај мене втората варијанта. Куќа... моите родители долу, јас горе. Не е заедница, посебни станови да ги наречам...
Предноста е во чувањето деца... на излегување ги оставаме долу, не шетам по градот хехе...
За другото е се како што сум напишал тоагш, вклучително и приватноста.... културни луѓе... ако им треба нешто се најавуваат по телефон...
 
Член од
20 декември 2015
Мислења
122
Поени од реакции
40
site sakate da ziveete sami so partnerot ama ko ke treba da rodite deca i da gi ragjate so carski rez ke placete po svekor i svekrva.pa posebno ako vasiot maz odi na rabota prvite meseci odkako ke se porodite.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226

Добро некои невести имаат мајки, а плачат по мајките. Кај пишува тоа правило дека жената мора да го напупшти домот и да живее кај мажот за да плаче по свекрвата. Помош може да се добие од секоја разбрана и добра личност, не мора да е свекрва. И големо чудо ако некоа е со царски и полежи 1 месец. Што е 1 месец за разлика од цел живот или ајде да кажам од најубавите години во животот.
 
vo red za tvoeto mislenje ama ko ke gi dozivees sam nestata togas ke vidis deka edno e da kazes a vo sustina e sosem drugo. i da ne mora da e svekrva, za pomos sekja razbrana zena moze da pomogne.
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
vo red za tvoeto mislenje ama ko ke gi dozivees sam nestata togas ke vidis deka edno e da kazes a vo sustina e sosem drugo. i da ne mora da e svekrva, za pomos sekja razbrana zena moze da pomogne.
А кој рече дека ги немам дожиеано работиве. Од искуство ти кажувам дека снаа и свекрва тешко да се поднесат, па ако свекрвата не помага ( или има безброј очекувања за помошта) околу децата на синот и снаата, тогаш мајката на невестата често го прави тоа без проблем.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
site sakate da ziveete sami so partnerot ama ko ke treba da rodite deca i da gi ragjate so carski rez ke placete po svekor i svekrva.pa posebno ako vasiot maz odi na rabota prvite meseci odkako ke se porodite.
Старите рекле,,Подалеку помили''

На крајот на краиштата се стапува во брак да се осамостоите и борите со лошото а уживате во благодетите.
Што се однесува до чување внуци има предности и негативности ама би рекол повеќе негативности бидејќи дедовците и бабите ги разгалуваат внуците до бесконечност,настојуваат да го надополнат пропуштеното со сопствените деца па така внуците се наоѓаат во средина и незнаат кого да слушаат и почитуваат.[DOUBLEPOST=1451396033][/DOUBLEPOST]
Прашањето е дали би живееле во заедница?

Јас ова прашање пред некој 8 години го одговорив со да
Уште додадов дека кај што има слога има и живот, нешто муабетот ми беше кај што има слога куќа се гради кај што нема и да ја имаш се урива. Уште и мислев дека бракот е заедница меѓу маж и жена и дека со него ќе имам деца,согласувања, несогласувања компромиси.
Глупача гуска идиотка сарма смотана невидена! Си ги срушив 7-8 најдобри години од животот. :)

Види ја логикава денес. Ако имало слога во предходните 30 години на ова место ќе имало и куќа. Асална куќа. Луѓето што ги прифатив за семејство биле сите здрави прави воглавно вработени, без мали деца без големи трошоци. Ако биле луѓе ќе направеле куќа за кога ќе дојдат снаи.
Кога избираш заедница сите се во бракот. Во твојот брак.Со сите прајш компромис, сите ти се качуваат на глава, ако си женско за сите си дојдена од недојдија.
Чуда ми се случија, да ги кажам некому нема да ми верува, да ми ги кажеше некој не ќе му верував.
Кога би одбирала пак за мене или за мои деца никогаш не би избрала/дозволила заедница.[DOUBLEPOST=1420477581][/DOUBLEPOST]

Полошо е во заедницата, пак ќе речам да биле рационални со пари ќе имале по две соби за секое машко дете или барем целина како гарсоњера. Еве за една година лани во октомври реков доста е од ова семејство, годинава во октомври имавме стекнато станбен простор. Не ме прашувај што јадевме и што носевме на себе, ама го направивме. Што правеле тие 20-30 години наназад пред да дојдам?
И кој ти гарантира дека нема да го прават истото во заедницата[DOUBLEPOST=1420478679][/DOUBLEPOST]
:pos:
Сама си прашуваш и сама си одговараш.

Да ти појаснам пра-пара дедо,пра-дедо,дедо,татко па син секој си купува стамбен простор спрема потребите и примањата за едно,две или повеќе деца а со останатиот дел од примањата на децата им даваат квалитетно образование и воспитување колку толку барем да биде/бидат во можност да си обезбедат кров над глава.

Ти плукаш по свекорот и свекрвата дека не обезбедиле а во осто врме кажуваш дека сте се одвоиле и како така сте обезбедиле станбен простор.

Кажуваш да не прашуваме што јадете и што облекувате а си се прашала ли ти за свекорот и свекрвата што јаделе и што облекувале и дали кога ти ќе бидеш свекрва снаата ќе се однесува како ти што се однесуваш со свекрвата

На крајот на краиштата ако си била поспособна што не си нашла некој со решен стамбен проблем,да бидете самостојни па да немаш проблеми со свекор,свекрва,снаа,.......?
 
Последно уредено:
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Старите рекле,,Подалеку помили''

На крајот на краиштата се стапува во брак да се осамостоите и борите со лошото а уживате во благодетите.
Што се однесува до чување внуци има предности и негативности ама би рекол повеќе негативности бидејќи дедовците и бабите ги разгалуваат внуците до бесконечност,настојуваат да го надополнат пропуштеното со сопствените деца па така внуците се наоѓаат во средина и незнаат кого да слушаат и почитуваат.[DOUBLEPOST=1451396033][/DOUBLEPOST]
Сама си прашуваш и сама си одговараш.

Да ти појаснам пра-пара дедо,пра-дедо,дедо,татко па син секој си купува стамбен простор спрема потребите и примањата за едно,две или повеќе деца а со останатиот дел од примањата на децата им даваат квалитетно образование и воспитување колку толку барем да биде/бидат во можност да си обезбедат кров над глава.

Ти плукаш по свекорот и свекрвата дека не обезбедиле а во осто врме кажуваш дека сте се одвоиле и како така сте обезбедиле станбен простор.

Кажуваш да не прашуваме што јадете и што облекувате а си се прашала ли ти за свекорот и свекрвата што јаделе и што облекувале и дали кога ти ќе бидеш свекрва снаата ќе се однесува како ти што се однесуваш со свекрвата

На крајот на краиштата ако си била поспособна што не си нашла некој со решен стамбен проблем,да бидете самостојни па да немаш проблеми со свекор,свекрва,снаа,.......?
Кој ѓавол те мачи?
Воопшто не сум сакала ништо од никого, сакав само спрема мене да се однесуваат како јас спрема нив. Штом сум напишала некаде нешто такво тие постигнале јас да се однесувам како нив.
Друго она што го појаснуваш важи за родител како мене. Не се сите такви за жал. Ги уназадуваат своите деца од гордост и за само за нив да се каже добро за жал.
Ги спречиле во образование, девер ми секоја машина што ќе ја фати ја совладува, го убедуваат со тешки повреди на кичма да ја работи старата работа нигде повеќе не ти даваат ќе наведниш глава ќе рмбаш... а може да прави ковано железо за многу повеќе, можат да го научат. Не. Рмбај дури не цркниш.
Со маж ми исто, да појдиш болен дијагноза и лек ќе ти каже, а болничар е.
Е јас не сакав да шијам и по пазари да работам место да цртам логоа. Рат. Години не зборам со стариот. А знаеш какви луѓе си ги жртвуваат децата за гордост? Сатанисти. И ќе ги плукам дури не се преобратат во православие. Тебе кој ѓавол ти е? Што се изнервира толку за мене?
 
Никој не те прашаа кој што работи!
Секој родител настојува да ги изведе децата на прав пат па сами да си ја креираат идниата.
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Никој не те прашаа кој што работи!
Секој родител настојува да ги изведе децата на прав пат па сами да си ја креираат идниата.
Не ме праша ама ти кажав
Поентата е НЕ СЕКОЈ настојува да ги изведе на прав пат, туку свесно не омаложуваат и уништуваат и ден денес. Односно синовите, кога сум јас во прашање можат само да пробаат. Свесни се дека можеме многу подобро сите и свесно се самоуништуваат.

И на секој што мисли дали да влезе во заедница пак ќе му порачам да види дали има реални причини за возрасен човек над 30 да е уште со мама и тато. Реални причини ок инвалидитет кај некој , судски спор, пари за студии, скапи операции

Ама 10-15 год 4 плати, ни 4 цигли во дворот има нешто. Да имало луѓе ќе имало куќа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom