- Член од
- 14 октомври 2013
- Мислења
- 895
- Поени од реакции
- 3.515
Тато, а кој те уби тебе?
01 Mar 2008, 14:24
ТРАУМИТЕ НА ПОЛИЦАЕЦОТ ГОРЈАН РИСТЕСКИ ПО 25 ДЕНА ВО КОМА И 55 ДЕНА ВО ШОК-СОБА
По завршувањето на војната во 2001 година, државата, за да им се оддолжи на своите бранители, ги прифати барањата за отштета на ранетите припадници на безбедносните сили и на семејствата на загинатите. Но кога власта се смени, државата се премисли за дел од отштетите и реши да си ги бара назад парите кои еднаш им ги даде на припадниците на полициските сили кои од бојните полиња во 2001 се вратија дома со шрапнели во телото, со извадени белодробни крила, со жици место ребра и со воени трауми кои им ги пренесоа на нивните деца, сопруги, мајки... Заедно со тие што треба да ги враќаат парите од отштетата, во ист кош се и дел од семејствата кои не добиле отштета или Врховниот суд им ги поништил судските пресуди за обесштетување.
Во третиот кош се најдоа бранителите кои, по завршувањето на воената 2001, беа деградирани во нивната служба, што од едната што од другата власт. Така, високи полициски старешини кои беа во кризните региони, место благодарам, од државата добија деградација во помлади инспектори и преместување на работни места надвор од градовите во кои живеат.
Никој од нив, и да сака, не може да ги заборави траумите од војната. Ќе им останат белег за навек.
Сите тие, со згазен углед, се здружуваат во "Достоинство" за да си го обелат образот кој, како што велат, им го оцрниле други, место благодарност што се бореле за Македонија.
"Танушевци, Тетовско кале, Лавце, Селце, Вејце, Шипковица, Бродец, Вешала... Сите тие се дел од мојата татковинска приказна од 2001 што ништо нема да може да ми ги избрише од сеќавањето. А како заглавје на таа приказна, која не треба никогаш да ни се повтори, слободно можам да и го ставам Ваксинце. Селото каде што бев ранет и каде што го видов душманот што со снајпер ме застрела и ме осакати за цел живот, додека со колегите се обидувавме да ги ослободиме неговите сонародници кои тој и неговите 'борци за човекови права' ги држеа во заложништво. Таа епизода ми донесе 70% инвалидитет, 25 дена тешка кома, поствоени трауми. Тоа не се заборава".
Вака полицаецот од Прилеп Горјан Ристески го почнува речиси секој негов муабет за 2001, за воениот конфликт, за кризните региони, за колегите, за Велигден прославен во касарна, за здравицата за новородената ќерка по тешката кома, но и за сегашните денови, за повоените трауми, за фобијата од униформа, за неговиот ангажман како член на Надзорниот одбор во здружението на бранителите на Македонија "Достоинство".
Горјан бил испратен во Танушевци на 27 години, како припадник на прилепската посебна полициска единица, веднаш по познатиот инцидент. За сето тоа раскажува гордо, зашто, како што вели, па за татковината ли да не се направи тоа.
"На осми март 2001 заминавме за Танушевци со задача да заземеме што поголема територија во тој регион. Додека со битолската посебна единица ја извршувавме таа задача, се случи Тетовското кале. Итно бевме повлечени во Идризово, а од таму веднаш испратени за Тетово. Тоа утро, додека одевме кон Тетово, на Попова Шапка веќе се разгоруваше ситуацијата. Поради тоа, едната половина од посебната единица замина кон Попова Шапка, а ние продолживме за Тетово. Таму пунктовите на безбедносните сили како да чекаа на нас. Само што ги зазедовме позициите кај стадионот, почна гранатирањето, битката се разгоре, Тетовското кале мораше да се ослободи од припадниците на ОНА кои го имаа заземено. Почна последниот дел од операцијата, и кога 'тигрите' и 'волците' се појавија на Калето, се беше готово. Нам, заедно со една единица 'Волци' ни беше оставено да го чуваме, да ги задржиме позициите", почнува Горјан со неговата воена приказна, полека, како вовед пред заглавјето на неговите трауми Ваксинце.
Од Тетовското кале биле прекомандувани на позиции кај Лавце и Селце во чистењето на македонската територија од вооружените припадници на ОНА. По патролирањата Тетово - Вејце и Шипковица - Бродец - Вешала, во замена им дошла прилепската посебна единица. Се замениле со колегите што само неколку дена подоцна беа измасакрирани кај Вејце.
"Кога не заменија колегите од Битола, ние се вративме во Прилеп. Тогаш се случи Вејце. Битола пламна. Народот сакаше одмазда, па бевме испратени за одржување на редот во Битола. По три дена, пак се вративме во Скопје. По кусото затишје, почнаа воените дејства во кумановскиот кризен регион. Ваксинце беше тешко поприште. До заби вооружени припадници на ОНА, добро забарикадирани и скриени зад жив штит од месно албанско население кое го држеа во заложништво", раскажува Горјан.
На 24 мај, на Свети Кирил и Методиј, задачата била да се ослободат заложниците во Ваксинце. Горјан и колегите тргнале кон селото. На пат кон него, во неколку наврати биле напаѓани со митралези и снајпери, се до бензинската пумпа кај селото.
"Полека стигнавме до селото. Немавме прецизни информации колку припадници на ОНА има таму, можеби околу 100, но знаевме дека целото село го држат како жив штит во куќите. Пред селото ги повикавме да се предадат и да ги ослободат луѓето. Одбија. Дел од нив имаа направено обрач околу селото, а другите беа позиционирани во куќите. Дејствувавме кусо и брзо, по што околу 150 жители на селото излегоа од 10-ина куќи со кренато бело знаме. Ние почнавме да се приближуваме до куќите. Како што се движеа 'хермелините', ние одевме до нив. Јас одев прв покрај еден 'хермелин'. Додека се движевме во став и на готовс, гледавме внимателно. Тогаш на отвор на таванот од една од куќите само за миг видов оган како излегува од цевка од пушка. Го видов снајперистот што ме осакати за цел живот. Само мало делче после тоа, почувствував огромна топлина. Ме погоди, ама не бев свесен каде, почувствував само топлина. Паднав назад во рацете на колегата што одеше зад мене и само му реков" 'Ме погодија во срцето'. Тој гледаше, но не можеше да види ништо на градите. Тогаш падна граната до 'хермелинот'. Шрапнелот му ги покоси нозете на еден колега. Ранет бев, ама гледав како паѓа колегата. Ми гореше телото од топлина, а почнаа ужасни болки на десната плешка. Всушност, снајперистот ме погодил во вратот, а куршумот со надолна патека на движење ми ги продупчил хранопроводот, белодробното крило и излегол од задната десна страна, кршејќи ми ја лопатката. Излезната рана беше голема и од неа излегуваа крв, пена и големи меури поради повредата на белите дробови", кажува Горјан, не веќе толку смирено како кога ја почна својата приказна туку полека, со стегнато лице кое му ја одава мачнината што ја чувствува од сеќавањата на тој ден. Колегата во чии раце паднал Горјан, и ден-денес, кога ќе се видат, му велел: "Рацете уште ми мирисаат на твојата крв, Горјане".
Битката се повеќе се разгорувала. Кога се вклучиле и "Тигрите", на ОНА од Ваксинце и дошло засилување од Лојане. Гранати, митралези, снајпери, автомати, минофрлачи. Горјан, иако тешко ранет, бил свесен цело време. Јасно се сеќава кога го кренале колегите на раце и го однеле кон задните линии на бранителите, од таму со возило до бензинската пумпа, а потоа со "хермелин" од "Тигрите" до патот кај бензинската пумпа кај Умин Дол. Еден од полицајците му укажал прва помош и со амбулантно возило го однеле во Кумановската болница, него и неговиот колега што го погодил шрапнел во нозете. Таму, поради тешката повреда, не можеле многу да направат, па го препратиле во Државната болница во Скопје.
"Цели 4,5 часа, додека траеше транспортирањето, бев свесен, иако со огромни болки. Првин ја оперирале излезната рана, па кога виделе што направил куршумот внатре, итно од дома го викнаа д-р Андреа Арсовски. Докторот дојде веднаш по влечки. Влезната рана во вратот беше толку мала што не се гледаше. Утврдиле дека во белодробното крили има влезно -излезна рана. Морале да ми извадат дел од белите дробови, а тоа што останало го спојувале. По операцијата на влезната рана, следното утро околу 10 часот се освестив. Имав посета, ама состојбата ми беше многу лоша. Сопругата беше бремена, се плашев за неа и за бебето, да не им наштети целиот овој стрес. Попладнето уште повеќе се влоши. Добив постоперативна инфекција и паднав во кома, во која бев цели 25 дена, со 2-3 куси полубудења на кои не се сеќавам јасно. Сум добил инфекција на медијастинумот, односно на срцевата обвивка. Процентот на преживеани од таква инфекција во САД е само 1%. Поради тоа ми ставиле дренови во срцевата обвивка", кажува Горјан како се уште да е во болницата, во шок-собата.
Во кома бил 25 дена. Се будел неколку пати кусо, но не се сеќава јасно. Му кажувале дека во тие моменти несвесно се кревал, ја вадел од устата цевката од апаратот за дишење, сакал да стане. Докторите и сестрите едвај успевале да го задржат и да му помогнат.
На 25-тиот ден се разбудил од кома. Првото што го слушнал било дека има повредени македонски бранители во Арачиново и оти мора да се направи место за нив на КАРИЛ. Следниот ден покрај него бил донесен генералот Стојанче Ангелов, тешко ранет во Арачиново. Го прашал од кога е во болница и му рекол дека тој не може да остане таму, дека сака назад кај колегите. Едно утро му заsвонил телефонот. Бројот бил на еден од неговите колеги од посебната единица, ама гласот не бил од другар му. На телефон бил тогашниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски. Горјан убаво се сеќава што му рекол Љубе: "Собери сили, братче, тука сум со твоите колеги и многу ни недостигаш".
"Почнав да се закрепнувам. На втори јули требаше да си одам, ама како за беља, се појави нова инфекција. Ми се направија две гнојни ќесиња и ме задржаа уште две недели. Така останав цели 55 дена во шок-соба. Дома си отидов на 17 јули. Кога ми се роди ќерката, ја крстивме Андреа, во чест на д-р Андреа Арсовски кој ме оперираше. Славевме, сакав да наздравам, ама се уште бев со медицинска цевка преку која се хранев. Му се јавив на докторот да го прашам дали смеам барем една голтка колку да наздравам за ќерката. Ми дозволи колку за адет, ама јас се хранев преку цевка, па здравицата ја направив со шприц, пуштајќи си една голтка во цевката преку која се хранев", вели Горјан, веќе опуштен, бидејќи, вели, да не било раѓањето на ќерка му таа 2001 година, се ќе било друга, страшна, приказна.
По воениот конфликт, Горјан одлучил да бара отштета за повредата. Неговите лекарски документи покажуваат 70% инвалидитет и намалена животна и работна способност.
"Не можам да им одговорам на задачите онака како што треба и како што јас сакам. Не можам да носам униформа која ме потсетува на траумите кои ми останаа од 2001, а за што имам и лекарски наоди. Во последно време имам проблеми со некои од претпоставените кои ме тераат да облечам униформа, иако јас имам докторска документација дека не треба да носам униформа туку да бидам во цивилна облека како што сум сега. Има многу случаи како мене кои вака ја завршија 2001. Се бореа за државата, гинеа, беа ранувани, а сега дел од нив се обесправени, земено им е достоинството. Кога некои бранители не добија отштета, некои беа деградирани, а некои дури мораат да ги враќаат парите кои ги добија како отштета, веќе не можевме да издржиме и одлучивме да го формираме здружението 'Достоинство' ", вели Горјан.
Денес Горјан се уште е во МВР, ама не е и во посебната единица. Многу често се гледа со колегите од војната. Иако им е тешко, се сеќаваат на тие денови, на раните, на болката.
"Колку и да е сериозно, на шега им раскажувам на другарите што ми вика синчето дома: 'Тато, а кој те уби тебе? Тој чичкото што го уби и чичко Стојанче'. И ајде сега објасни му на дете што ми се случило кога ќе ми ги види лузните на телото".
Горјан се обидува да ја заборави 2001. Вели, фала Богу што радоста со децата и со најблиските не му даваат така често да се навраќа на тој кошмар.