Загадувањето не сопира, секоја година нови 4.500 заболени од рак!

  • Креатор на темата Креатор на темата bobipp
  • Време на започнување Време на започнување
Би те замолил да напишеш колку биле вредностите пред 5, 10, 15, 20.. г. Јас не знам, ништо не тврдам, ама некако не ми се верува дека проблемот настанал баш сега, последниве 2-3 години (пред тоа немаше некои поголеми бранувања). Настрана Скопје... зошто има загадување во Кичево и Велес? Во Велес топилницата не работи долго време, други слични фирми нема, нема градежна експанзија. Во Кичево, РЕК Осломеј слабо работи, ама тој постои 40 г., ако бил проблем, ќе бил и порано. Таму па ич нема индустрија, градежна експанзија ич... Останува мисла дека или отсекогаш имало проблем, ама не било актуелизирано, или нешто друго...
Не треба да се пишуваат вредности кога луѓето кои живеат тука немаат меморија на златна рипка. Многу добро знаат сите како се дишеше пред 10-15 години, а како сега. Можеби порано не бил воздухот како во алпските шуми, меѓутоа јасно е дека сега со секој ден се достигнува се' повисок врв во загадувањето. Правењето слепи и префрлањето на топката од ваму - таму нема да смени ништо. Воздухот пак останува загаден, пак ништо не се презема. Не е поентата да си правиме „ММЕ кој прв почна“ туку да се активира некој, било кој, од која и да е партија, вера, пол, сексуална определба да направи нешто да се среди оваа ситуација. Секој ден се труеме и никој ништо не прави освен префрлање на вината.
 
што се случува со нас граѓаните и нашата држава..никој нема од власта да превземе нешто во врска со трујачите на воздухот,ќе не испотрујат нас кои неможеме да заминеме-избегаме во странство...за 9 години 5 милијарди се украдени и изнесени од Македонија,ова на вчерашната емисија ТРЕНД на телевизија 24вест го кажаа..до кога бре браќа македонци ќе веруваме на лепени,монтирани на нешто вистина,малку невистина повеќето невистина од оваа власт...па сите живееме овде и сите се труеме...мора да се има одговорност и ИТНО решение за ситуацијата со воздухот..
 
Ама сериозно, никако не ми е јасно од каде загадувањето на Кичево, а и на Велес? Ако некој знае, нека напише. Јас не велам дека нема загадување, но што е таму ново за да има загадување, а немало до пред неколку години, или било помало. Навистина е небулозно тоа.
 
Ама сериозно, никако не ми е јасно од каде загадувањето на Кичево, а и на Велес? Ако некој знае, нека напише. Јас не велам дека нема загадување, но што е таму ново за да има загадување, а немало до пред неколку години, или било помало. Навистина е небулозно тоа.
Читав нешто вчера. Ако го најдам, ќе го напишам и ќе ти стане јасно од каде е тоа загадување. Батали "социјалистички" објаснувања од типот: само фабрики, само домаќинства, само возила се виновни. Сите се! Од прв до последен. Некои повеќе, некои помалку.

Кој читал, добро. Кој не, еве го:

http://gragjanite.mk/wp-content/uploads/2015/11/Весник-Скопје.pdf

Без муабети опозиција, ти реков ми рече. Не сум член ни на партија, ни на ова здружение (или што и да е). Го споделувам линкот, затоа што еден куп овде глумат идиоти, слепи, глуви...
 
Последно уредено од модератор:
САКАТЕ ЧИСТА СЛИКА ОД СКОПЈЕ?

Всушност, сликата односно фотографијата е единственото нешто што е чисто во оваа приказна. За неа не се употребени никакви специјални ефекти. Снимено е во населба Железара.

Она што го гледате на фотографијата е она што Скопје го дише.

sakate-chista-slika-od-skopje-142218.jpg
 
Читав нешто вчера. Ако го најдам, ќе го напишам и ќе ти стане јасно од каде е тоа загадување. Батали "социјалистички" објаснувања од типот: само фабрики, само домаќинства, само возила се виновни. Сите се! Од прв до последен. Некои повеќе, некои помалку.

Кој читал, добро. Кој не, еве го:

http://gragjanite.mk/wp-content/uploads/2015/11/Весник-Скопје.pdf

Без муабети опозиција, ти реков ми рече. Не сум член ни на партија, ни на ова здружение (или што и да е). Го споделувам линкот, затоа што еден куп овде глумат идиоти, слепи, глуви...
Вчеравечер ова ми го дадоа, не знаев дека вакво нешто се печати. Написите се реални, колку и да се лути некој или да брани некој некого (не ми е јасно ниту зошто). Уште 2008-2009 предвидувавме дека со прекуноќ носените ДУП-ови, доселбата на административци, новите згради и ред други нешта ќе го уништат градот, така и бидна.

Ако збориме за дел од загадувањето и вината (која упорно се турка кон граѓаните), вчеравечер негде од 16 и 15 до 17 и 10 или 15 имаше огромни гужви на улиците Д Груев, Д Чуповски и 11 Октомври. Дури по 1 час се постави сообраќаец да регулира сообраќај. Овде ме интересира зашто се форсира непроточност на улиците, како да се намерно поставени препреките. На пример затворени цели 2 ленти на мостот на бул Гоце Делчев (под"Стоковна Мост") или 2 затворени улици и кружен тек на улица Бутелска или градење (веќе половина година) кружен тек пред населбата Железара итн. Третиот е лоши тесни неосветелни и неозначени постоечки улици и оние улици кои требаше да се пробиваат (како подземната низ центар, наводен булевар Д Груев...).
 
Последно уредено:
Во спојлер еден малку подолг текст, но задолжително четиво на темава, напишан од некој кој е очигледно стручен.
Превземен од офф.нет
Една реченица да ви привлече внимание:
Решение: Чекајте февруари (нема чаре на краток рок). Жалам! На долг рок ова може (метеоролошко-инженерски) да се реши со подобро просторно планирање на градот, кое за Скопје беше катастрофално после 70тите, а последниве 10 уште покатастрофално. Ова би бил скап и долг проект, но сигурен сум не многу поскап од СК2014.
Генерално, за извори на аерозагадување се сметаат индустриски капацитети, сообраќај, затоплувањее на домаќинства со огревно дрво... А како мерки за спречувањее на аерозагадувањето се посочуваат: имплементација на филтри за воздух во индустриските капацитети, возење пар-непар.. Мое мислење е дека ниту ова се причините за аерозагадувањето во наведените урбани средини (се надевам сè уште урбани), нити пак мерките ќе помогнат за решавање на овој проблем.

Образложение: доколку аерозагадувањето е производ од првите две (индустриско аерозагадување, сообраќај), тогаш зошто изостанува во поголемиот дел од годината, а се случува секогаш во релативно ист период (декември-јануари)? Слично е и во однос на употребата на огревно дрво во зимските месеци. Имено, огревната сезона пчзнува многу порано (почеток-средина на октомври) од регистрирањето на зголемени концентрации на аерозагадување (крај на ноември, почеток на декември со траење до крај на јануари). Исто така (бар за Скопје), во централното подрачје се регистрирани највисоките концентрации на аерозагадувачи, но во централното подрачје нема многу корисници на огревно дрво (бар колку што јас знам).

Мерките кои некои политички партии ги предлагаат (нпр. Партија на зелените) се далеку од мерки, и далеку од сериозен пристап на проблемот. Незнам дали овие партии се нарекуваат "зелени" заради еколошката идеологија или алудираат на елегантен скопски израз за "недозреани"!? Да не бидам погрешно сфатен, јас верувам дека лоцираните аерозагадувачи се загадувачи и нормално дека треба да се почитуваат регулативите за одржливо и еколошко работењее (поседување категорија А и останати детали кои во министерство ги имаат повеќе и од европските можеби). Но тука проблемот е многу покомплексен, а исто така и неговото решение.

Аерозагадуванјето во одредени и специфицхни просторни и временски рамки (сто е случај со Скопје, Тетово и Битола) ми дава за право да констатирам дека се работи за комбинација од природни, антропогени и метеоролошки состојби карактеристични за овие места.

Појаснување:
- Просторни рамки: сите се котлини и се наоѓаат непосредно под релативно високи планини (вклучувајки го и Водно).
- Временски рамки: зголемено аерозагадувањее секогаш се регистрира во определен и релативно ист (годишен) временски период (декември-јануари).

Во што е тука проблемот? Проблемот се вика висина на атмосферски граничен слој (Atmospheric Boundary-Layer height, ABL)

Накратко и упростено: АБЛ е слој во кој вертикалното мешање (turbulence) на атмосферата е најинтензивно. Колку АБЛ е повисок, толку поголем е волуменот за мешање и распространување на загадувачките цхестицхки. АБЛ варира просторно, сезонски и деноноќно. Во летните периоди, во текот на ноќта АБЛ е до 100-200м висина, а во текот на денот нарастува до 1.5 – 2 км. Над овој слој има слој со многу повисок притисок кој не дозволува восдушните маси да се качуваат на поголеми височини (таму се создаваат облаците).

Тоа значи дека во еден убав летен скопски ден, воздушните маси (а со нив и ПМ10 честички и сè останато) можат да се искачат и до 1.5 км висина, но во текот на ноќта таа висина е смалена на само 100-200м така што има поголемо аерозагадувањее заради концентрацијата на честичките во помал волумен.

Во декември на овие лоцации (котлини) оваа висина (АБЛ) може да се намали и до неколку десетици метри (10-30м), што е карактеристично за скопската котлина (магла на аеродром, на автопат). Доказ за тоа е водената пара (магла) која не се искачува во погорните слоеви на атмосферата заради намалениот интензитен на мешање (заради слојот со висок притисок близу до земјата) и се концентрира веднаш над земјата. Да биде усте полошо, во услови на слаб ветер, истото аерозагадување кое е во лето, сега, како и водената пара, се задржува (но и КОНЦЕНТРИРА) многу блиску го површината на Земјата (смог). Ова во градски услови придонесува за многукратно зголемување на концентрациите на аерозагадувачки супстанции (градски смог) кои се регистрираат на мерните инструменти.

Заклучок: Иста (константна во текот на годината) концентрација на аерозагадување во определени метеоролошки услови не предизвикува високо аерозагадувањее во урбаните средини, но во други услови (декември - јануари) може да придонесе за многу пати зголемени концентрации на аерозагадувачки материи.

Решение: чекајте февруари (нема чаре на краток рок). Жалам! На долг рок ова може (метеоролошко-инженерски) да се реши со подобро просторно планирање на градот, кое за Скопје бесе катастрофално после 70тите, а последниве 10 уште покатастрофално. Потребно е да се регистрираат (изучат) розите на ветрови над градовите во периодот декември - јануари (ќе бидат генерално сегогаш исти), И овој ветер да се канализира низ т.н. реки на ветрови во градовите за да даваат вештачко дишење на градскиот организам во задушена состојба "аерација". Ова би бил скап и долг проект, но сигурен сум не многу поскап од СК2014. Исто така има низа технолошко-инжинерски решенија (прочистувачи на смог) во светот за кој можеби вреди да се инвестира, но да бидам искрен, не сум запознат со нивната ефикасност

Се надевам, ако нисто друго, бар придонесов за малку поинаков пристап на размислување за проблемот кој во иднина ке биде сè поактуелен.

Поздрав, Мето
 
Мене само едно не ми е јасно. Како може 80% (ако не и повеќе) од луѓево да не се замараат со ова прашање, и воопшто да не им чуе, да немаат потреба од дискусија по однос ова прашање, да сметаат дека ги замараш кога ќе го наметнеш ова прашање како тема за дискусија, и слично? Па добро бе, воздухот го дишеме сите ние, сите се труеме, сите можеме да поцркаме од дишење на екстремно загаден воздух подолго време. Како може да се чувствуваат спокојни ако место вдишување мерачки чист воздух, вдишуваат мешавина на запалени гуми и дрва? Човек не може да излезе надвор и да биде физички активен, да отвори прозор. Како бе на луѓево свеста им е на толку ниско ниво? Сите треба да си земеме за обврска да направиме да дојдат што е можно повеќе луѓе на наредните протести. Исто така, сметам дека мора да се превземат радикални мерки, како на пример блокирање на повеќе раскрсници во исто време, рано сабајле, кога сите идат на работа, да се накурчат, да си ја чукнат главата, да размислат.
 
Надмашено 22.6 пати. Ме интересира, до колку можеме да издржиме?MojVozduh_Karpos_PM25_1450995331225.png
 
Ова е страшно навистина. Ретко се замарам приметувам со вакви работи ама сега излегов и горнава бројка ич не ме зачудува.​
Значи вдишуваш и буквално се осеќаш како да има некоја фабрика веднаш до тебе и испушта чад. Многу се чувствува, многу.
 
дека има фабрики што загадуват има, има и возила и греење, но мислам битен фактор за ова хазардно загадување е неповолната клима, веке месец дена не врне и ретко дува ветер , загадувањето само се трупа ... темпшературна инверзија... а имаше и во август оваква работа, низ вентилационите отвори во купатила навлегуваше смрдеата, луѓе дури викаа мајстори, се сомневаа дека има некој дефект во пералната, нагорувал каишот или четкици од моторот....
 
Кој има време нека го изгледа/ислуша професоров. Професор на Универзитетот во Аризона - Senior Sustainability Scientist
интересен беше делот каде се зборува за превенција и мерки што ги превземаат во САД откако се појувава загаденоста (од 40-та минута натака).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom