Уредување на домот. Вие или Архитект?

  • Креатор на темата Креатор на темата Miss_Me
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
24 декември 2015
Мислења
10
Поени од реакции
4
Возраст
36
Кога станува збор за уредување на домот доста личности мислат дека тие најдобро знаат како би го уредиле, но тогаш зошто би постоеле архитекти за ентериер? Што мислите вие дали доколку уредувате нов простор или реновирате би го направиле тоа сами или би побарале стручна помош?
 
Стручна помош, т.е. архитект би побарал само кога би градел куќа, па би ми требало помош околу одредување должини, статистики и такви слични работи кои најдобро би било архитект да ми ги каже или потврди. Што се однесува до внатрешното уредување на домот, јас лично не би се консултирал со архитект. Прво затоа што имам доста познавања околу градежништвото. Второ, затоа што јас најдобро си знам што и како сакам. Трето, затоа што не сум до толку да не распознавам што е добро, а што не.

:)
 
Незнам како на онаа од ајдедома и плаќаат толку пари за да им излепи тапети по зидови и нашљака цтртежи по зидовите. Мене нејзиниот архитектонски стил и вкус ми е некако хипи-стајл и секако не би ја викнал дома. Архитект за ентериер за да има цена мора да има портфолио, што сработил и како сработил за да имаш претстава за што ги даваш парите, а само за план у 3D по нивни (а не ваш вкус) да се бараат 500евра или више без оглед што ке се даде како решение е баш она што одвратува да се плати архитектот и земе работата у свои раце.
 
Овде мора да те поправам. Не се работат по нивни туку по ваш вкус, прво се дискутира за вашиот вкус и доколку не ти се допаѓа крајниот дизајн има простор за измени.
 
Не знам што би можел да ми понуди архитект, а јас тоа да не можам да го најдам сам по илјадниците сајтови или списанија. Со доволно пари и простор "да се уреди дом", не е некој проблем барем сега да се пребараат различни стилови, материјали или бои и да се искомбинира со вкусот на домашните. Во тој случај дури е и поинтересен пристапот направи сам (или уреди сам), барем за мене.
 
Баш како што кажа Lurtz, ако мојот вкус јас го прикажам визуелно како слика, било земена од интернет или списание и го дадам на архитектот тогаш за што он ке ми наплати 500че?
Значи цената на добиената услуга е спорна и превисока, конкретно за проект само за осветлување ми имаат побарано 700евра значи за распоред на сијалични места што и сам знам кај треба да бидат. Ја сум техничко лице и сам можам да си го нацртам не ми е тоа проблем. Да добијам за тие пари некоја аутоматика и заштеда со светлава или некое чудо невидено па да вредат овие 700евра ама тие новопечени дипломци за аутоматика ниту чуле не па да ти понудат.
 
Дали и кога ќе се разболиш велиш не знам што би можел да ми понуди докторот и се лечиш сам?[DOUBLEPOST=1450997228][/DOUBLEPOST]

Значи опремата на еден архитект за да ви го изработи просторот е поскапа може и од цела ваша куќа. Студиите кои ги поминал исто така се доста скапи и да не зборувам понатаму... Времето кое го поминал над книга и пред пц цртајќи додека сите другари се шетале по забави... Архитект е човек со професија која вклучува проектирање, дизајнирање на објекти со различни намени, проектирање и уредување на ентериери како и изготвување на идејни, основни и изведбени проекти. Архитектот не ги дава сопствените замисли, туку врз основа на барањата и можностите на инвеститорот му нуди најфункционални, најекономични и естески најдобри решенија од кој инвеститорот сам одлучува.
 
Последно уредено:
Ај просветлине што опрема поседува еден архитект, незнаев дека едно Пц кошта толку скапо :)
 
При големи сеопфатни уредувања секако дека е потребна консултација од архитект за ентериер или како веќе се вика тоа.
Тие што се паметни и способни сами да осмислат просторот за живеење нивни проблем, овај бенефит де... утре кога во практична примена ќе наидат на препреки во кујна, кога лустерот ќе им биде 2 метри понастрана од таму каде што треба да биде, кога ќе им фали штекер плус барем никој нема да им биде крив.
 
Дали и кога ќе се разболиш велиш не знам што би можел да ми понуди докторот и се лечиш сам?[DOUBLEPOST=1450997228][/DOUBLEPOST]

Значи опремата на еден архитект за да ви го изработи просторот е поскапа може и од цела ваша куќа. Студиите кои ги поминал исто така се доста скапи и да не зборувам понатаму... Времето кое го поминал над книга и пред пц цртајќи додека сите другари се шетале по забави... Архитект е човек со професија која вклучува проектирање, дизајнирање на објекти со различни намени, проектирање и уредување на ентериери како и изготвување на идејни, основни и изведбени проекти. Архитектот не ги дава сопствените замисли, туку врз основа на барањата и можностите на инвеститорот му нуди најфункционални, најекономични и естески најдобри решенија од кој инвеститорот сам одлучува.

:pos::pos::pos::pos:
Извини али смешки живи ти е постов. Нуди најфункционални, најекономични и естетски најдобри решенија да, може во некој реален свет надвор од државав, а не во светот на еден студент кој употребуваајќи ги Корбизјанските правила мисли дека станал многу добар архитект ;) Во државава добрите архитектите се бројат на прсти се друго може да се декларира како цртачка нација за ефтини пари.

Се знае кој е најдобар архитект, Жарко Чаушевски :pos::pos::pos::pos::pos:
 
Значи, јас не реков дека сите Архитекти со диплома во рака се добри, далеку од тоа ама кога веќе сме кај тоа во сите професии е така. Дали мислиш дека секој доктор со диплома или професор со диплома итн. е добар? Ама немојте да ја деградирате професијата ;)
 
arhitekt ne gledam potreba da mi go ureduva enterierot. i pri gradenje skicata bi ja sostavila sama a arhitektot bi go angazirala samo da me popravi.lugjeto povekje izgledot i rasporedot na kukjata/stanot da mmi e spored zelba a ne kako sto ke mu napravi nekoj drug.respekt za tie sto imaat diploma,ne im ja potcenuvam rabotata.sekako kako sto rekov strucno lice e sekogas tuka da me popravi vo planiraniot prostor.
 
Значи според ова што го прочитав до сеа многу од луѓето не знаат што навистина работи еден Архитект кој се занимава со внатрешна Архитектура.
Вака сега сте виделе на нет или списание што е моментално модерно за домот било боја на ѕид или клуб маса и секако сакате да го имплементирате сами и дека немате доволно средства го праите сами без професионална помош. Тоа истото доколку бидејќи е кич ќе го изгуби својот модернистички изглед за само една годнина, наредната година ставате друго кое е модерно итн. За неколку години во домот добивате само измешани елементи кои создаваат општ хаос. Потоа се доаѓа до "Сакам да реновирам да го средам просторот (доколку имате око да заклучите што сте напраиле)" тогаш пак повторно со истите-слични грешки и многу други. Е овде е моментот кога велам скржавиот секогаш повеќе плаќа. Друго дали знаете дека кога професионалец ви го уредува просторот ви го црта и мебелот значи го проектира потоа секој столар може да го изработи и помалку ви напраќа, исто така Архитектот има и врски може и тој да ви понуди некој за изработка на мебелот за уште помалку. И исто така дали мислите дека мебелот од салон ви е попогоден од оној нацртаниот по ваша жеба? А доколку се обратите на столар без нацрт можете да завршите со стол кој за една година ќе се распадне, со кревет кој одма почнува да крцка и да не набројувам.
П.С во салоните за мебел има човек кој го прво црта а потоа се работи така да, да вие плаќате за дизајн без ваше знаење!
 
Дали и кога ќе се разболиш велиш не знам што би можел да ми понуди докторот и се лечиш сам?.
многу лоша споредба. Споредуваш едно столче во сина или црвена боја или со или без метални ногарки или боја на ѕидот со човеково здравје.
Значи опремата на еден архитект за да ви го изработи просторот е поскапа може и од цела ваша куќа. Студиите кои ги поминал исто така се доста скапи и да не зборувам понатаму... Времето кое го поминал над книга и пред пц цртајќи додека сите другари се шетале по забави...
тоа е негов избор, сигурно не очекуваш ова да е причината, да му ги отплаќаме студиите.
Не верувам дека и ти за секоја активност или работа што ќе ја набавиш и користиш, купуваш услуги од стручно лице во облик на стотици и стотици евра (Садиш и одгледуваш украсни растенија, се храниш, се облекуваш,,,банално али тоа се типични примери ако имаш фазла пари каде да ги фрлиш).
Еве ти една страна (само една од илјадниците) која ќе ти даде куп идеи за секој простор од станот. Можеш да одбереш и да кажеш, ова го сакам...и со доволно кеш правец во продавница.
http://www.ikea.com/hr/hr/catalog/categories/departments/living_room/
http://www.ikea.com/hr/hr/catalog/categories/departments/kitchen/

Ако сакаш уредување по мерка или имаш креативен дух, еве нешто повеќе, сам да го испланираш просторот
http://www.ikea.com/ms/hr_HR/rooms_ideas/planner_pax3d/?icid=hr|itl|hpl|txt_link_planner_pax
постојат и други standalone апликации за планирање на објекти и простор, ова е само еден пример
 
многу лоша споредба. Споредуваш едно столче во сина или црвена боја или со или без метални ногарки или боја на ѕидот со човеково здравје.
тоа е негов избор, сигурно не очекуваш ова да е причината, да му ги отплаќаме студиите.
Не верувам дека и ти за секоја активност или работа што ќе ја набавиш и користиш, купуваш услуги од стручно лице во облик на стотици и стотици евра (Садиш и одгледуваш украсни растенија, се храниш, се облекуваш,,,банално али тоа се типични примери ако имаш фазла пари каде да ги фрлиш).
Еве ти една страна (само една од илјадниците) која ќе ти даде куп идеи за секој простор од станот. Можеш да одбереш и да кажеш, ова го сакам...и со доволно кеш правец во продавница.
http://www.ikea.com/hr/hr/catalog/categories/departments/living_room/
http://www.ikea.com/hr/hr/catalog/categories/departments/kitchen/

Ако сакаш уредување по мерка или имаш креативен дух, еве нешто повеќе, сам да го испланираш просторот
http://www.ikea.com/ms/hr_HR/rooms_ideas/planner_pax3d/?icid=hr|itl|hpl|txt_link_planner_pax
постојат и други standalone апликации за планирање на објекти и простор, ова е само еден пример

А дали ти еве искрено знаеш што работи еден Внатрешен Архитект, според напишаното не! Декораторот ти го праи наведеното горе, може и архитектот, но работата на Арх. не се сведува на бојата на столчето и дали ќе има метални ногаркги или не прочитај ми го погорниот пост да не се повторувам. Инаку споредбата не е лоша тоа е само една од многуте... Тоа е пример да се долови дека ти или било кој во никој случај неможе колку и да се труди да го напраи нештото подобро од професионалец во било која професија и да е. А со страниве слободно играјте си Архитекти, ама кога утре ќе ти се појави нешто на ѕидот, креветот ќе почне да крцка, нема да можеш да се разминуваш слободно во просторот, ќе те болат очите од не правилно наместена светлина во просторот... Тогаш можеби ќе се сетиш дека треба барем да прашаш некој.
Инаку според тебе не треба да постојат Архитекти? Да им кажеме да го затворат факултетот ха ха.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom