Зошто му е ка модул кога пробува преку ресивер да ги гледа каналите, само наместо со скарт-скарт кабел се послужил со скарт-пин кабел. Видот на кабелот нема врска со тоа дали некој канал е кодиран или не.
@zabiste провери дали убаво е ставена картичката во ресиверот (извади ја и стави ја пак).
Јас имав сличен проблем, бидејки се префрлив во повисок пакет и добив плус еден ресивер, кога дојдоа да ја инсталираат опремата, на старата картичка имаа заборавено да и дадат привилегии да ги гледам каналите од новиот пакет а на новата се си работеше најнормално.
Додека кај еден комшија кој за првпат почна да ги користи нивните услуги, имаа заборавено да ја активираат conax картичката на вториот ресивер и го имаше истиот проблем како и ти.
Може и ти имаш еден од овие проблеми, па затоа јави се во нивниот контакт центар откако ке се увериш дека е добро наместена картичката во ресиверот.
Доколку несакаш да имаш два далечински управувачи,тогаш можеш да си земеш кам модул наместо ресивер.