Исхрана - првиот клучен фактор за постигнувањето на атлетско тело

G

garthok

Гостин
Имам 3 обилни оброка и 2 помали, од кои едниот најчесто ми е чоколадо или некој друг десерт, а другиот 50гр јаткасто овошје.

Но нема напредок... не знам очигледно трошам доста со вежбањето, но од друга страна па не вежбам кардо речиси воопшто.

Сепак нема откажување, резултатите ќе се појават кога тогаш а мое е да работам напорно :)
[/quote]
Знам како е, тешко само со јадење пошто има денови кога стварно треба да буташ со сила и едноставно не иде. Ролеркостер со килажата, земи гејнер тоа ти е ~2500 месечно во мој случај докажано делува со средена исхрана само јас уште сум скептичен со прашоците и не ги користам константно.
 
Член од
26 јуни 2012
Мислења
131
Поени од реакции
105
Знам како е, тешко само со јадење пошто има денови кога стварно треба да буташ со сила и едноставно не иде. Ролеркостер со килажата, земи гејнер тоа ти е ~2500 месечно во мој случај докажано делува со средена исхрана само јас уште сум скептичен со прашоците и не ги користам константно.[/quote]

И јас се мислев за ова... Само што сакав прво само со добра исхрана да постигнам резултати ама кога не иде... Инаку јас немам проблеми со апетитот, постојано имам апетит иако јадам обилно и тоа малку ме загрижува.
Сега за празнициве кифлите и руската салата може ќе помогнат. :LOL:;)
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.482
Поени од реакции
3.294
@Crnokosa. A зошто не си израчунаш отприлика колку калории на ден внесуваш? Ако коза лаже рог не лаже. Види ја фактичката состојба. Колку калории на ден внесуваш сега? На таа бројка за почеток додади плус 500 и терај така неколку недели. Јаглехидратите нека ти бидат 60 посто од вкупните калории што ги внесуваш.
Ако си во калориски суфицит и пак не качиш ни едно кило тоа значи дека си некој медицински феномен :).
 
Член од
26 јуни 2012
Мислења
131
Поени од реакции
105
@nE0n1nja

Отприлика 2500 внесувам, а сигурна сум дека внесувам доволно јаглехидрати зашто ептен сум по благото :)

Имам уште едно прашање за поискусните тука, колку отприлика е најдобро да ми трае еден тренинг, со оглед на тоа што не вежбам кардио, само имам загревање 5 минути. Вежбам 4-5 пати неделно.
 
The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
Еден совет ми треба, пошто викаат ако имаш прашање за исхрана прашај спортист или некој што професионално се бави со теретана :D
Последно време многу се замарам со читање за нутрициони вредности во исхраната, калории, влакна, холестерол и слично, сакам да почнам малце поздраво да се хранам, а и од здравствен поглед.
Е сега, главното прашање ми е за влакната. Тоа што најдов е дека на човек отприлика му се потребни 25-30 мг влакна. После тоа почнав на големо да правам пресметки што би јадел во тек на еден ден (или пострашно, во текот на цела недела) за да ги постигнам овие 30 мг влакна. Според математиките треба да сум цел божји ден на овошје, корнфлекс, мусли, ленени семиња и слично. Ама ете, и само тоа да јадам пак тешко е да стигнам до саканата вредност. А плус тоа што во текот на денот нема да се осеќам секогаш најаден. Пробував нешто со зрнеста храна ама срце јуначко не издржува, сувомеснато никако да исфрлам од исхрана. Башка тоа што имам мрзлив желудник и со сувата храна си правам само полошо.
Што мислите, како би ми го испланрале или како да го постигнам потребниот внес за влакна дневно?
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.342
Поени од реакции
21.700

Во 100 грама овесни снегулки има 11 грама диетални влакна. Во една круша со средна големина има 6 грама диетални влакна.
 
The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
Во 100 грама овесни снегулки има 11 грама диетални влакна. Во една круша со средна големина има 6 грама диетални влакна.
А остатокот? И многу малце јадења има кои се богати со влакна, ќе мора на секој два дена да го повторуваш истото јадење.
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.342
Поени од реакции
21.700
А остатокот? И многу малце јадења има кои се богати со влакна, ќе мора на секој два дена да го повторуваш истото јадење.
Јас правам smoothies (со блендер), и така ги внесувам. Две смутиња со овесни снегулки, две со овошје.

- 100 грама овесни снегулки
- 2 лажици Nesquik
- млеко

Во ова имаш околу 13 грама диетални влакна, има вкус на Nesquik и е лесно и вкусно за пиење. Две вакви смутиња - 26 грама диетални влакна.

Другите две ги правам со овошје. Во три круши има околу 20 грама диетални влакна.
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
А остатокот? И многу малце јадења има кои се богати со влакна, ќе мора на секој два дена да го повторуваш истото јадење.
јас јадам 4 недели иста храна,со промена само на месото(пилешко,телешко,свинско) па не се жалам...:D
 
The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
јас јадам 4 недели иста храна,со промена само на месото(пилешко,телешко,свинско) па не се жалам...:D
Иста храна секој ден 4 недели?
Или иста храна за доручек, ручек и вечера 4 недели? :D
Како не ви се досадува? Од тоа се плашам :D
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
Иста храна секој ден 4 недели?
Или иста храна за доручек, ручек и вечера 4 недели? :D
Како не ви се досадува? Од тоа се плашам :D
за доручек да,за ручек и вечера имам месо,само тоа го мењам,у комбинација со салата,која ретко ја мењам,најчесто е марула.ЈБГ :D
 
The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
за доручек да,за ручек и вечера имам месо,само тоа го мењам,у комбинација со салата,која ретко ја мењам,најчесто е марула.ЈБГ :D
Не ме врти сеа, кажи ако кажуваш :D
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
Не ме врти сеа, кажи ако кажуваш :D
сериозен е одговорот.Од сабајле јајца,варени пржени какви било,ручек месо и салата,мини оброк малце бадеми,и вечерата пак истото од ручек.
 
The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
Јас правам smoothies (со блендер), и така ги внесувам. Две смутиња со овесни снегулки, две со овошје.

- 100 грама овесни снегулки
- 2 лажици Nesquik
- млеко

Во ова имаш околу 13 грама диетални влакна, има вкус на Nesquik и е лесно и вкусно за пиење. Две вакви смутиња - 26 грама диетални влакна.

Другите две ги правам со овошје. Во три круши има околу 20 грама диетални влакна.
Јас пак :D
Oва со овесниве снегулки, да не имаш некоја грешка, или колку јадеш? Прогуглав и овесните снегулки во 100 грама има едвај 2 грама влакна. Во несквикот скоро и да нема, помалце од грам во лажичка. Во млекото ич. Кај најде 13?
Едит: Во право си бил ќерата, овес било Оаt, а јас гледав oatmeal. Искрено не знам второво што е на македонски.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
491
Поени од реакции
143
Јас пак :D
Oва со овесниве снегулки, да не имаш некоја грешка, или колку јадеш? Прогуглав и овесните снегулки во 100 грама има едвај 2 грама влакна. Во несквикот скоро и да нема, помалце од грам во лажичка. Во млекото ич. Кај најде 13?
Едит: Во право си бил ќерата, овес било Оаt, а јас гледав oatmeal. Искрено не знам второво што е на македонски.
Истото е, овес само "кухан" :) варен со вода/млеко.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom