- Член од
- 24 мај 2014
- Мислења
- 5.317
- Поени од реакции
- 5.958
Владо Павлов е човек од Кочани што се занимава со најразлични алтернативни и мистични работи.
(Во Кочани па и пошироко за него се зборува се и сешто, го сметаат за секаков... Вас форумџии ве замолувам воздржете се од коментари што не се во врска со тоа што го работи Владо. Со самото тоа што за нешто вистински се труди е срамота и греота некој да се исмејува.)
Владо издаде книга "Исус убиен С Копие" во смисла дека Исус Христос е убиен во Скопје порано името на градот се пишувало без Ј само Скопие и идејата е дека тоа уствари укажува дека таму е и убиен. Лично ја немам прочитано, но освен за Исус во книгата пишувало и за други тајни поврзани со Македонија и антиката. Промоции на книгата имаше низ цела држава.
Владо зборува и пишува за се што е поврзано со тајните криени за Македонија. Пирамиди, гробници, археолошки тајни, скриени вистини. Исто така човек се занимава и со научни природни модерно кажано алтернативни работи. Оргони (нешто како полудраги камења вештачки создадени), Нутриционистички работи поврзани со природните нешта итн.
Човекот можете да го следите на фејсбук на неговиот профил и неговата страница. Исто така има и доста јавувања по емисии се со цел што повеке народ да слушне и разбере.
Сликата ја превземав од интервју со него за интернет сајт. http://loza.mk/2015/09/ekskluzivno-intervju-so-vlado-pavlov/





