- Член од
- 11 ноември 2015
- Мислења
- 304
- Поени од реакции
- 118
Еднаш ми се има случено во сон да предвидам мал дел од иднината мислам дека тоа ми беше најдолгиот сон евр го памтам до детал, имав 14 год. и предвидов работи околу образовнието, и околу ликови кои ќе ги сретнам и една идентична ситуација која подоцна ми се случи. Банална ситуација е, али ипак чудна коинциденција значи ја предвидов училницата у која ќе учам у средно и клупата на која ќе седам и ликот позади мене што ќе седи, кој што само го познавав пред да упишам средно и појма немав дека таму ќе се упишува а ситуацијата беше околу муабетење за Донатела Версаче колку грдо изгледа со операциите, и у реалноста го правиме муабетов а мене у исто време морници ме лазеа кога ми текна дека уствари го сонував тоа.
Коинсиденс ор нот?
Ист таков случај имав и јас искусено колешке. Затоа морам да потенцирам дека апсолутно ве разбирам во тоа што се обидувате да го објасните и ги доловите (деталните) моменти кои сте ги доживеле во сонот, како и да ги споделите со нас - преостанатите кајганџии. Всушност, и јас ваквите настани кои ги искусив ги доживеав токму преку сон! Деталите, вклучително и севкупните настани кои се одвиваа во сонот се уште ми се свежи дури денес, иако се работи за навистина подолг изминат период. Во интерес на преостанатите колеги-кајганџии ќе се фокусирам само на најбитните делови. Сонот го сонив кон крајот на средношколските денови, односно во периодот кога веќе секој ученик почнува да запаѓа во дилема каде, што, како, и зошто да студира и се определи на кој универзитет, односно факултет и студиска програма да се определи. Во тој период, за разлика од поголемиот дел од моите соученици, јас веќе бев определен за тоа каде и што сакам да студирам, дури и дека сакав да завршам не само дипломски, туку и постдипломски студии (иако претходно немав никакви сознанија и било какви други општи и подетални познавања во врска со локацијата на универзитетот, односно факултетот и начинот на пристигнување до истиот, студиската програма и самата тежина на истата, условите, со што ќе се соочувам и како ќе постапувам итн.). За волја на вистината, се што сонував се оствари во реалноста и тоа до детал! Со други зборови, сонував како ќе се запишам на дипломски студии и дека ќе се задржам многу долг период (при што подоцна утврдив дека долгото задржување беше всушност запишувањето и на постдипломски студии на истиот, иако завршив навреме со првиот циклус), но дека вредно ќе учам, воедно и дека ќе одам со конкретна градска автобуска линија и дека автобуската станица ќе биде во близина не само на универзитетот, односно факултетот, туку и во близина на мојот дом; потоа дури и времето кога ќе тргнувам и се враќам дома, дека јас прв ќе ја презентирам првата семинарска работа, па дури и дека со прилично високи оценки ќе завршам.