Панелен конвектор (избор)

  • Креатор на темата Креатор на темата StOrMK
  • Време на започнување Време на започнување

StOrMK

Rain
Член од
24 јули 2015
Мислења
345
Поени од реакции
151
Локација
Скопје
Здраво дечки. Сакаме да земеме панелен конвектор за спална соба во стан. Е сега, се двоумиме помеѓу следниве 2: FUEGO и Schneider. Разликата во цените е 500 денари (Шнајдерот е поскапа за 500 ден.). Според спецификациите, Фуегото грее 2500W, а Шнајдерот 1500W со што Шнајдерот троши 1.5KW а за Фуегото не пишува, односно би требало да троши повеќе од Шнајдерот пошто има поголема моќност. Па пишете искуства, предлози... :)
 
Доколку го купувате за долгорочна употреба не препорачувам ниеден од овие. Барајте некој со електронски термостат. Поефикасни се а со тоа и поекономични. Цената им е околу 5000 денари и затоа ја спомнав долгорочната употреба. За спална соба 1500 вати се доволни.

Sent from my 6036Y using Tapatalk
 
Побарај Atlantic, го иам скоро 5 години, душа му извајв, си работи супер... Ама се поскапи.
 
Земавме од пластиката 2500W за 2500ден. со една година гаранција, марка Lial. Ќе видиме утре како ќе работи кога ќе го наместиме. Иначе овие што сакав да ги купам, сегде раземани само Шнајдерот останал во Нептун Аеродром, Фуего ни за лек нема. Иначе и овие ST што се во Сетек ги има истите во пластиката. Имаа они роденденска акција и им останал само од 2000W, тој од 2500W го раземале (па поефтин беше) и ги гледам денеска тие истите во пластиката.
Нека грее, нема врска што не е бренд.
 
Побарај Atlantic, го иам скоро 5 години, душа му извајв, си работи супер... Ама се поскапи.

И јас користам Atlantic од 2400 вати скоро 9 години и сеуште работи како и кога беше нов . Со него греам соба од околу 26 - 27 квадрати и супер си ја брка работата. За во спална имам од поефтините , незнам која марка е ( мислам дека е турски и е од 2000 вати ) , и еве веќе 7 години сеуште си работи .
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom