- Член од
- 22 јули 2010
- Мислења
- 32.528
- Поени од реакции
- 81.967
МЗ: Канабисот за медицински цели ќе биде легален и во Македонија
СЛЕДЕТЕ НЕ НА:
Follow @zdravstvo24.mk
Канабисот за медицински цели ќе биде легален и во Македонија. Министерството за здравство ја почна постапката за легализација. Веќе е изготвен предлог закон кој деновиве ќе се најде на владина седница. Канабисот ќе може да се одгледува во Македонија и тоа само од правни субјекти кои ги исполнуваат строгите критериуми што ги предлагаат здравствените власти. Мора да има агроном и фармацевт што ќе го надгледува процесот на одгледување, 24 часовен надзор како и посебни услови за местото каде ќе расте канабисот. Тој не смее да се извезува, но за странскиот пазар ќе може да се нуди маслото односно екстрактот од канабис. Крајниот призвод ќе биде строго контролиран и точно ќе се знае кој може да го пропише а кој да го прима маслото. Предвиден е за болни од рак, ХИВ и други дијагнози кои ќе ги пропишува специјалист од болница и со рецепт ќе го подигнува од аптека.
Проценките на здравствените власти е дека целата постапка треба да заврши до март. За недела најавија јавна дебата на која очекуваат да ги слушнат и мислењата на јавноста.
http://zdravstvo24.mk/2015/12/16/mz-kanabisot-za-medicinski-celi-ke-bide-legalen-i-vo-makedonija/
Нема потреба веќе ваква тема да биде во „алтернативна медицина“, можеме слободно да свртиме нов лист и да споделиме лични или искуства на наши блиски и секако ставови по прашањево. Во прилог ќе ставам и две дебати по темава, емисијата Отворено и Топ Тема на Чомо.
СЛЕДЕТЕ НЕ НА:
Follow @zdravstvo24.mk
![](http://zdravstvo24.mk/wp-content/uploads/kanabis-ulje-640x432.jpg)