@Dardan-ia
Бидејќи ме цитираше во тема несоодветна, јас ќе ти реплицирам тука.
Прво, ниту сум се радувал ниту сум прославувал поради прогнозите за намалување на БДП растот на Турција, поради тоа немој да ме цитираш погрешно. Јас само посочив дека туризамот им е зависен во солиден процент од туристи од Русија.
Второ Русија го крати буџетот во сфери кои претставуваа непотребни трошоци во моментов. Истото го направи Норвешка,С.Арабија, Катар, Канада и тн.
Трето направи разлика помеѓу буџет на една држава и бруто домашен производ на една држава, за да можеме да дискутираме.
Четврто С.Арабија не само што го скрати буџетот туку започна да троши и од своите девизни резерви, во контраст со Русија обратно се случува.
Русија ги зголемува своите девизни резерви.
Русија го намали надворешниот долг. Е сега доколку како што тврдиш ти и твоите експертизи се точни, како се можни овие две акции доколку Русија има проблеми со буџетот?
Тоа говори дека економијата им е во позитивен баланс во поглед на трговска размена, ова се должи на флуктациите на рубљата и поради тоа што Русија сега во моментов извезува благодарение на слабата рубља.
Доколку си познавател на една економија ќе ти беше јасно, но се што ти останува е да се радуваш на инфлацијата, која се должи поради санкциите а не поради структурни проблеми на екомијиата.
Патем не се грижи за Русија, на сите ни е јасно дека се води битка помеѓу Русија и Америка во сферата на политиката и каде што дури и економијата, економските параметри и алатки се користат во неа.