Нови цени на ЈСП, бесплатен превоз за студентите

  • Креатор на темата Креатор на темата Xibalba
  • Време на започнување Време на започнување
Јас одбивам да поверувам дека студентите се на нивото на пензионерите, иако имам доста напишано против студентската популација во Македонија.

Толку ли сме народ без кичма? Страшна работа, навистина.

Зависи. Малце постабилна популација се студентите во однос на пензионерите кога е во прашање оваа проблематика. Мада коленичари има со багер да ги ринеш.
 
Ова со бесплатен превоз во среда за средношколци според Грујо ќе ги поттикнело средношколците да посетуваат културни настани во среда. :tapp:
 
Еве уште еден неухранет опозициски бот.

Батали ги ботовите, да те прашам нешто.

Дали ти вака како неутрален и објективен набљудувач на политичката ситуација во Македонија мислиш дека Груевски ќе им го понудеше ова на студентите ако не беше аферата со прислушкувањето?

Одговор со да или со не би бил пожелен.
 
Де бе мајку му, ја те фалам ти ме караш... :(
Чекај бе па ти после пола саат се убацуваш, гледаш во друга насока се разви темата. Експертите од форумот анализираат како оваа мерка ќе влијае врз политичкиот став на студентите. Затоа што нели студентите пошто се многу паметни не мислат различно. Сите се едно. И ако донесеш правилни мерки и повлечеш правилни потези сите ќе гласаат за тебе. Сега за сега преовладува мислењето дека компактната категорија гласачи "студенти" нема да подлажат со оваа мерка иако не се исклучува можноста да има некои заблудени или со задни намери кои ќе гласаат за актуелната власт. Во секој случај интересни анализи.[DOUBLEPOST=1449573390][/DOUBLEPOST]
Батали ги ботовите, да те прашам нешто.

Дали ти вака како неутрален и објективен набљудувач на политичката ситуација во Македонија мислиш дека Груевски ќе им го понудеше ова на студентите ако не беше аферата со прислушкувањето?

Одговор со да или со не би бил пожелен.
Да. Секој година има вакви мерки за различни категории луѓе. За разлика од порано кога пред избори само се носеше по некоја мерка. Ваучерите за компјутери или за таблети пред избори беа? Потсети ме.
 
ајде малку рефреш...
ЛДП: Веќе 5 години премиерот Груевски е „глув“ на барањето за бесплатен студентски превоз

Премиерот во заминување, Никола Груевски, од 1-ви јануари, 2016-та година, најави бесплатен превоз во јавниот градски автобуски сообраќај во Скопје, како и во другите градови каде што има организиран јавен превоз, за сите редовни студенти на државните универзитети.
Сакаме да ја искористиме оваа прилика и да ја потсетиме јавноста дека Либерално-демократската партија во повеќе наврати, почнувајќи од 2010-та година, поведуваше иницијатива за воведување на бесплатен јавен превоз во градскиот сообраќај во Скопје за сите редовни студенти во Скопје. Меѓутоа, во четири наврати владејачкото советничко мнозинство во Советот на град Скопје, предводено од ВМРО ДПМНЕ и градоначалникот Коце Трајановски, упорно ја одбиваа оваа иницијатива. Акцијата, преку прес-конференции и настани, во повеќе наврати ја покренуваше и подмладокот на ЛДП.

Оттука, ги прашуваме Груевски и ВМРО ДПМНЕ, зошто упорно тој и неговите сопартијци досега го игнорираа и одбиваа овој предлог, а сега, предизборно го пласираат во јавноста како свој. Воедно, бараме појаснување од надлежните за тоа зошто оваа одлука се однесува само за редовните студенти на државните универзитети, а не и за нивните колеги од приватните универзитети, доведувајќи ги студентите од приватните универзитети во нерамноправна положба.

Притоа, сакаме да напоменеме дека јавниот градски превоз е во надлежност на градот Скопје и на единиците на локалната самоуправа, а не на Владата. Со ваквата постапка, Владата свесно врши одземање на надлежностите и ингеренциите на општините“, се вели во соопштението на ЛДП.
http://a1on.mk/wordpress/archives/558916
 
5 години имале вакви генијални идеи а рејтинг 0.1%. Стварно е прост народов.
 
Еве уште еден неухранет опозициски бот.
Не сум за никоја партија незнам по кој пат ти го кажувам ова,исто ке бидам и критичар и заев да дојде на власт ке плукам и по нив

Sent from my SM-N9005 using Tapatalk
 
Си ја адаптираш играта според противникот.
 
Не сум за никоја партија незнам по кој пат ти го кажувам ова,исто ке бидам и критичар и заев да дојде на власт ке плукам и по нив

Sent from my SM-N9005 using Tapatalk
А не, нема така, сигурно си соросоид и платеник. Не е логично да плукаш против власта, а да не си од сдсм.
 
A rabotnicite? Pokraj sto se tepaa so penzionerite, sega i so studentite i srednoskolcite za da stasaat na rabota i da doprinesat skromen procent vo budzetot :)
 
Не сум за никоја партија незнам по кој пат ти го кажувам ова,исто ке бидам и критичар и заев да дојде на власт ке плукам и по нив

Sent from my SM-N9005 using Tapatalk
Аха значи ти си плукач. Извини.
 
Одма реагираат добро е, им мислат добро на студентите секако.
Студентскиот пленум (пошо милувате да го мешате) со ова барања е од февруари или март, а проектот почнува од јануари 2016 година. И тоа во период кога веќе со сигурност се знае дека ќе има во април избори. Во Март годинава на пример не само што не се знаеше туку грујо категорично тврдеше дека нема да има избори.
Студентите пред се'.

Ајде и мене цитирајте ме за таблетите и компјутерите сега.
 
Таблети, компјутери, ваучери, слободен превоз, нови студентски домови, менза, реновирање, книги, услови, претприемаштво, ТИРЗ, студенти, младина, трето дете, пето дете, споменици, скопје 2014.... :icon_lol::icon_lol::icon_lol::icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom