Ок, доволно со договарање за пива, навреди и психолошки дијагнози.
.
@Beric Dondarrion повеќето од тие кои веруваат на науката, не го праат тоа пошто тие чичковци со бели мантили кажуваат така како авторитети. Повеќето од тие што веруваат во науката го прават поради начинот на кој функционира како епистемиолошка алатка. Се' додека некој ги следи тие чекори кои го вклучуваат научниот метод, ќе дојде до резултати кои може да бидат репродуцирани од секој, од бабата на Зелено Пазарче до Бимбо пијаницата кај мене у маало. Тезите и научните теории честопати ги гледаш сегде, практично применети, честопати свесен или не, ти го применуваш истиот метод за да стигнеш до одредено сознание.. Личното искуство не е показател за вистината, личното искуство само по себе, а не добиено преку одредена низа од чекори, специјално создадена така што ќе те заштити колку што е возможно од дисторзираната интерпретација на твоето искуство, може да биде „пореален“ или подисторзиран модел на светот надвор од тебе, зависно од време, место и околностите односно фактори кои влијаат на твојата одлука.
Ептен е разводнување на дебатата ако стаиш бајка од пред 2 милениума на исто ниво со научниот метод. Ја веруем у планетата Плутон, ти у розеви змејови, ни двајцата не сме го искусиле тоа у што веруваме, ерго, шансите Плутон да постои се исти со тие за розевиот змеј да постои.