Што има врска радиодифузна такса со темата ??? Ајде дали има БИЛО КАДЕ во регионот и светот да може во колективна зграда да се исклучиш од централно а ништо да не плаќаш ???Претпоставувам дека доколку станарите кои се исклучени воопшто не би се грееле, сметките на поврзаните би биле уште поголеми.
Иреал, Ѓорѓи, колку и да ве има, разбирате ли дека овој народ не е во можност да плаќа недоволно добро и економично греење, радиодифузна такса, парите да ги дава во ветер? Ако сум јас задоволен од квалитетот на греењето и ако ми е тоа најповолна опција, зошто би го откажувал? Не гледам ништо лошо незадоволните од некоја услуга да пробаат да ја откажат
А да се потсетите на граѓаните од кулата на уч.Вл.Комаров а кој 100% се исклучија и сега имаат проблеми со електрична инсталација. Да не зборувам за загадувањето од ложење со дрва.
А не се работи само за незадиволство од цената на централното греење, најчест е случајот на луѓе што не сакаат да грејат цел стан или не живеат во станот !!!
Патем, да го спомнам примерот со една станбена зграда во соседство. Поради неплаќање заедничка струја останаа без лифт. Испадна дека плаќале луѓе од приземје а не плаќале од 6-ти спрат, демек не им требало..
И не е само греењето, има кај нас проблеми во заедничките станбени згради од многу аспекти, дури наидуваат најтешките, зградите треба да се одржуваат.
А можно е да дојде и крах на централните системи на греење, кога ќе дојдат масовни дефекти на старите инсталации, како во становите така и во разводот по зградите...
Последно уредено: