Оваа тема веќе подолго време се апсолвира, ама некои поединци никако да ја соџвакаат! Зар не гледате дека станува збор за едно големо криминално сценарио?! Сфатете веќе еднаш дека нема бегови и топли браќа како два спротивставени табори. И кај едните и кај другите - арамиите се истите! Сите прдат во иста тиква. Само се пресоблекле во различни дресови и божем се некакви си различни тимови. И едните и другите шутираат на ист гол (читај: ГРАЃАНИТЕ!). А оној со свирчето в уста (читај - судиите во судницата) демек се грижат за регуларноста на "натпреварот"! Ветар и магла. Најголеми стрелци во мрежата на граѓаните се токму СУДИИТЕ! За овие судии нема почеток и крај на мечот; нема офсајд; нема фаул во напад; нема фудбалски (парногрејачки) правила! Правилата се едни и единствени: да досудат што е можно повеќе пенали, т.е. - ДА СЕ ИСЦЕДИ СИРОМАВИОТ ГРАЃАНИН!
Нотарите се грижат да го "подготват" теренот и притоа дебело се омрсуваат. Какви нотарски насоки, правила и закони? Со остри ѓонови ги кршат - ниско по земја! Регулаторна комисија за енергетика - заслужни мајстори на спортот! ОООпппппсссссссссс! Собир на нестручни лица за енергетиката, ама махери за ујдурми. Што можете да очекувате од нив кога плата примаат токму од арамиите! За оние кои не знаат - РКЕ не прима плата од буџетот на државата! Доколку сакаа да го уредат ова прашање, многу едноставно ќе ги разрешеа сите дилеми - неопходно беше да се изготви стручна експертиза од со закон овластена институција, па врз основа на тоа да се запише во законот за енергетика дека таа одредба е потврдена од тие и тие експерти - не од нив дилетанти за термодинамика. Ама зошто не го сторија тоа? Затоа што нема да најдеш вистински експерт кој ќе си го извалка целото свое научно и професионално ниво, т.е. ќе го исклоцаат останатите вистински експерти од научните кругови. Наспроти тоа, ние овде читаме глупости, демек, на овој форум се присутни најголемите експерти за парното греење. Дајте престанете да бидете поголеми католици од папата!
Се мислам нешто, а бре не чув досега некој нотар ама и адвокат (за судии да не зборувам) ОДБИЛ да донесе вакво нотарско решение, или да одбие да ги застапува на суд нашите сатрапи. Раководејќи се од нивната професионална чест и етика, не прифаќајќи дека учествува во осудителни пресуди против недолжните граѓани! Нивните комори или други еснафски здруженија молчат како СОМОВИ, пардон, како риби! Како да имаат пуцвал во устата! Добро е што иако во мал број, сепак, некои судии остануваат независни во своето убедување и почнаа да судат по Устав и закон. Е, на тие чесни исклучоци треба да им се честита! Не им е лесно, ама нека издржат. Трпат страшни притисоци, но и последици.
А најслатко се смеат извршителите. Како им легна работава - Како кец на банка! На готово ќе добијат пресуди (без да се испотат) и кога ќе ни забиберат по 10000-20000 денари, да подмочнеш од среќа.
Богами, ниту државата не поминува лошо. И нотарите, и адвокатите и извршителите многу одамна се ДДВ обврзници. Тоа значи дека осудените граѓани од овој криминален проект се должни за својот дебакл да и плаќаат на државата уште дополнителни 18% ДДВ, за "услугите" што ни ги овозможува таа држава да имаме чесно и достоинствено судење од оние одбраните, кои многу срамно се кријат зад онаа (во овој случај) срамна флоскула ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ ... Во името на оние на кои им судат. Будалаштина!
И не само тоа!? Што е со оние 33% ангажирана моќност кои ни ги напикаа во цената на електричната енергија? Наместо да се солидаризираме и да се здружиме заедно во таа борба за исфрлање на 33% од цената на струјата - ние очи си вадиме и си докажуваме колку сме "големи парно-експерти"!?
Да се потсетиме - Додека кучињата лајат, карванот си врви! А дали е товарен со пареа, топла вода, 33% или што и да е друго - цехот на крајот го плаќаме ние! Пардон - и ВИЕ![DOUBLEPOST=1449108559][/DOUBLEPOST]Оваа тема веќе подолго време се апсолвира, ама некои поединци никако да ја соџвакаат! Зар не гледате дека станува збор за едно големо криминално сценарио?! Сфатете веќе еднаш дека нема бегови и топли браќа како два спротивставени табори. И кај едните и кај другите - арамиите се истите! Сите прдат во иста тиква. Само се пресоблекле во различни дресови и божем се некакви си различни тимови. И едните и другите шутираат на ист гол (читај: ГРАЃАНИТЕ!). А оној со свирчето в уста (читај - судиите во судницата) демек се грижат за регуларноста на "натпреварот"! Ветар и магла. Најголеми стрелци во мрежата на граѓаните се токму СУДИИТЕ! За овие судии нема почеток и крај на мечот; нема офсајд; нема фаул во напад; нема фудбалски (парногрејачки) правила! Правилата се едни и единствени: да досудат што е можно повеќе пенали, т.е. - ДА СЕ ИСЦЕДИ СИРОМАВИОТ ГРАЃАНИН!
Нотарите се грижат да го "подготват" теренот и притоа дебело се омрсуваат. Какви нотарски насоки, правила и закони? Со остри ѓонови ги кршат - ниско по земја! Регулаторна комисија за енергетика - заслужни мајстори на спортот! ОООпппппсссссссссс! Собир на нестручни лица за енергетиката, ама махери за ујдурми. Што можете да очекувате од нив кога плата примаат токму од арамиите! За оние кои не знаат - РКЕ не прима плата од буџетот на државата! Доколку сакаа да го уредат ова прашање, многу едноставно ќе ги разрешеа сите дилеми - неопходно беше да се изготви стручна експертиза од со закон овластена институција, па врз основа на тоа да се запише во законот за енергетика дека таа одредба е потврдена од тие и тие експерти - не од нив дилетанти за термодинамика. Ама зошто не го сторија тоа? Затоа што нема да најдеш вистински експерт кој ќе си го извалка целото свое научно и професионално ниво, т.е. ќе го исклоцаат останатите вистински експерти од научните кругови. Наспроти тоа, ние овде читаме глупости, демек, на овој форум се присутни најголемите експерти за парното греење. Дајте престанете да бидете поголеми католици од папата!
Се мислам нешто, а бре не чув досега некој нотар ама и адвокат (за судии да не зборувам) ОДБИЛ да донесе вакво нотарско решение, или да одбие да ги застапува на суд нашите сатрапи. Раководејќи се од нивната професионална чест и етика, не прифаќајќи дека учествува во осудителни пресуди против недолжните граѓани! Нивните комори или други еснафски здруженија молчат како СОМОВИ, пардон, како риби! Како да имаат пуцвал во устата! Добро е што иако во мал број, сепак, некои судии остануваат независни во своето убедување и почнаа да судат по Устав и закон. Е, на тие чесни исклучоци треба да им се честита! Не им е лесно, ама нека издржат. Трпат страшни притисоци, но и последици.
А најслатко се смеат извршителите. Како им легна работава - Како кец на банка! На готово ќе добијат пресуди (без да се испотат) и кога ќе ни забиберат по 10000-20000 денари, да подмочнеш од среќа.
Богами, ниту државата не поминува лошо. И нотарите, и адвокатите и извршителите многу одамна се ДДВ обврзници. Тоа значи дека осудените граѓани од овој криминален проект се должни за својот дебакл да и плаќаат на државата уште дополнителни 18% ДДВ, за "услугите" што ни ги овозможува таа држава да имаме чесно и достоинствено судење од оние одбраните, кои многу срамно се кријат зад онаа (во овој случај) срамна флоскула ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ ... Во името на оние на кои им судат. Будалаштина!
И не само тоа!? Што е со оние 33% ангажирана моќност кои ни ги напикаа во цената на електричната енергија? Наместо да се солидаризираме и да се здружиме заедно во таа борба за исфрлање на 33% од цената на струјата - ние очи си вадиме и си докажуваме колку сме "големи парно-експерти"!?
Да се потсетиме - Додека кучињата лајат, карванот си врви! А дали е товарен со пареа, топла вода, 33% или што и да е друго - цехот на крајот го плаќаме ние! Пардон - и ВИЕ!