- Член од
- 13 јули 2006
- Мислења
- 15.493
- Поени од реакции
- 18.517
Повеќето работи се арно кажани, убаво што има текнало дека стануваат многу зависни, само сега ќе почнат да стануваат уште позависни од одреден број на земји.
Често ја следам емисијава.
Одличен концепт, често имаат експерти, филозофи, парламентарци, политиколози, дипломати и политичари кои гостуваат.
Бидејќи е на руски јазик и нема превод, ќе напишам неколку битни точки кои ги дебатираат .
Емисијата беше емитувана во живо на денот кога се случи инцидентот со Турција.
-Претходните "нарушувања" на авиопросторот на Турција од страна на Русија и обвинувања за тоа, беа дел од припрема на теренот за ваков акт.
Се работи за психолошки моментум, здобивање на правна позиција пред својата јавност и т.н
-Во блиско време во Москва е планирана средба помеѓу делагации на Сирија,Иран, Русија и сириските Курди.
Salih Muslim е лицето кое ќе ги предводи курдите, сириските Курди имаат бројност од 50.000 до 80.000 воружени лица, бројка која доколку би се придодала кон бројката на Сириската армија би можела да го разбие ИСИС. При тоа Русија треба забрзано да почне да ги вооружува сириските Курди и да ги обучува.
-Русија се бори против тероризамот, но против Русија не се борат само терористички организации. Не може ИСИС толку добро да функционира ако нема подршка од Турција,Катар,С.Арабија и тн. При тоа тие земји работат со амин на Америка.
-Дел од англосаксонската политика е никогаш директно да не војува против Русија, најчесто тоа да го прави преку други пиун земји.
-Ердоган успеа да го стави под своја контрола воениот врв на Турција.
-Русија нема друг избор освен да излезе како победник во Сирија.
-Уште еднаш е спомената грешката со изградбата на нуклеарна централа во Турција од страна на Русија, тие 20 милиони долари подобро е да се инвестираат во Русија.
-Ердоган и неговата партија се дел од Муслиманското братство, организација која настојува за создавање на светски калифат. Ердоган бил еден од главните личности кој негодувал, кога во Русија започнало да се затвораат училишта на организација блиска до муслиманските браќа.
Ова е втор дел од емисијата, каде што има нови говорници.
-Сите се согласни дека Русија требало порано да се преиспита односот и смени политика кон Турција.
- Дел од стратегијата на противниците на Русија е да се создаде ситуација кога Русија ќе биде зависна на економски план од надворшните "партнери", при што се потенцира отвореноста на пазарот на Русија кон Турција.
-Русија во блиско време ќе започне со доставување на елементи на ПВО на сириските курди.
-Жириновски, без разлика што некогаш е радикален овој пат има право кога вели дека треба да се преиспита надворешната политика на Русија кон одредени земји.
-Еден од говорниците вели дека интересите помеѓу Америка и Турција се различни околу Сирија, при што вели дека Америка неможе да го исконтролира Ердоган и Турција.
-Еден од говорниците Игор Морозов, кој е во комитетот за надворешни односи на Русија, говори како при средбата со Афганистанска делегација дошле до информации дека ИСИС ги спонзорира Талибанците во Афганистан, кои војуваат на целиот север на Афганистан и веќе се насочуваат кон југот на земјата.
-За време на американската интервенција во Афганистан, проток на наркотици од Афтанистан кон Русија се зголемил за 4 пати
-Еден од говорниците вели дека Руската дипломатија ќе ја смири ситауција со Турција, бидејќи на Русија не и е потребен уште еден нов фронт. Смета дека наскоро ќе дојде до разгорување на фронтот во Украина, и дека талибанците ќе нападнат врз Таџикситан при што Русија ќе мора да интервенира повикувајќи се на договор за колективна безбедност.
-Турција во моментов се јавува центар за трговија на органи, и центар за криумчарење на антиквитети од Б.Исток
-Главни архитекти за целата криза на Б.Исток се Америка и Британија.
-Русија не смее да реагира емотивно
-Турција се додека е Ердоган и неговата партија на власт, ќе се смета за непријателска земја.
И на Русија не и треба уште еден голем конфликт, затоа што ја чекаат други. Затоа Турција во моментов има многу добра позиција за да нападне и победи во Сирија. И русиве се свесни дека америкнациве не можат да го контролираат Ердоган.