За почеток можам да кажам дека претходно водев многу нездрав живот, со ретко јадење оброци, најчесто со еден оброк цел дел го минував или јадење доцна навечер, никаква физичка активност немав, многу алкохол конзумирав, скоро секојдневно. Решив да го сменам сето тоа, со малку поинаков режим на исхрана и водење здрав живот. Престанав да пијам алкохол, престанав да јадам месо, исто и млечни производи, бело брашно и бели пецива целосно отфрлив од менито. Исхраната ми се сведи на јадење повеќе пати во денот односно минимум 3 оброци со измеѓу ужинки. Јадам само зеленчук, овошје, зрнеста храна (грав, грашок, леќа, царевка, интегрален ориз), јаткасти производи (бадеми, лешници, ореви), многу семиња како семки од тиква, сончоглед, чија, лен, сусам; Еднаш до два пати неделно исклучиво морска риба што содржи најмногу омега 3 масни киселини (лосос, туна, харинга, скуша, сардина) . Лукот и кромидот ми се приоритет секојдневно. Појадокот најчесто ми е смути или ржани снегулки со семиња и овошје. Пред појадокот земам лажица до две од една смеса што ја спремив (4 главици лук, 1 корен од рен, сето блендирано, сок од 4 лимони и 100 милилитри зовриена вода, се чува во тегла во фрижидер), пијам 2 капсули во денот омега 3, барајте само да имаат што е можно повеќе EPA DHA, по една капсула квасец од црвен ориз, тоа е еден од поголемите борци со ЛДЛ холестеролот. Ручекот може да биде салата, или рибата или некоја зрнеста манџа или потаж и сл. Измеѓу за енергија јаткасти производи, а вечерата повторно салата. Процедурата ја почнав на 2ри октомври па еве се до ден денеска, функционирам перфектрно, се чуствувам по енергично, станувам рано, одам на пливање пливам по 1000 метри од тренинг за 40минути, одам по 4-5 пати неделно. Шетање во планини и сл активности се супер исто за одржување во форма. Освен примарната цел за намалување на холестеролот ослабев 6 килограми.