@Erich Zann овде ти реплицирам, затоа што мислам дека овде му е местото за следниов пост (
а најпосле и затоа што сметам дека темава е неправедно запоставена).
Имаме рандом дркање на Путин, потоа вести за извршени напади од Франција и така натака...
Однапред се извинувам ако ова личи на вадење од контекст, но дозволи ми да те прашам нешто.
Ме интересира што ти мислиш за поставеноста на моќта во денешниов свет.
Од едната страна е „западот“, таканаречената „лулка на демократијата“ која (
наводно) негува вредности како демократија, слобода и либерализам. Од другата страна е „истокот“, тие се лошите момци (
според западните медиуми од кои социјално не инжинираат и нас овде), тие имаат погрешни вредности, не ги почитуваат човековите слободи, противници се на либерализмот, тие не се демократски општества туку владеени се од диктатори кои го експлоатираат својот народ, кој ахем... кој едвај чека да биде ослободен и да се придружи на слободните западни општества.
Точно овака размислував и јас, кога бе помлад
(и поглуп). Најпосле, израснати сме со американски филмови и повеќето од нас не с(м)е ни свесни колку сме необјективни, и под колкаво влијание сме.
Сега веќе не мислам така. Затоа што сега можам да видам колку демократија навистина има во „демократскиот“ запад и од каде доаѓа целата таа благосостојба во која живеат нивните општества, а на која сите ние останатите им завидуваме.
За нас Македонците постојат две страни, на едната страна имаме директен извезувач на тероризам кој ги огранизираше сите овие војни по Блискиот Исток и Северна Африка, кој морално, логистички и воено ги помогна нашите непријатели и не натера да капитулираме во војна која не ја изгубивме - а на другата страна имаш некој кој не бара потчинет однос, туку едноставно нуди конкретна и реална економска соработка, минус купот од испарувачки смрдлив куп страње кое другиве лицемерно го нарекуваат „демократски и либерални приниципи“ а всушност се разнебитување на нашите традиционални македонски вредности. Тој западот постојано ги поддржува нашите непријатели, а нас Македонците не тера на нови и нови капитулации - последнава во вид на примање на над 30.000 бегалци имигранти на неодредено време, и тоа во објекти од цврста градба (
читај згради и куќи).
Затоа земајќи го во обзир сето тоа погоре кажаното, ме интересира ако подршката на истокот е „
дркање на Путин“, тогаш како реално би требало да ја наречеш целата таа незаслужена подршка за западот?