ЗАПОЧНА СОСТАНОКОТ НА НАТО: Можни судири и делби помеѓу членките на НАТО пактот поради непромисленоста на Турција!
ноември 24, 2015 / By
iNFOMAX
НАТО алијансата свика вондреден итен состанок на членките поради рушењето на рускиот воен авион на границата помеѓу Сирија и Турција. Состанокот започна во 17.00 часот, а реакциите на земјите членки се различни, а можен е и раздор меѓу земјите членки на НАТО поради ова чуствително безбедносно прашање.
Претседателот на Чешка Милош Земан остро ги осуди акциите на Турција во врска со соборувањето на рускиот СУ-24, а официјална Москва пак ја обвини Турција дека лаже кога тврди дека рускиот авион го нарушил Турскиот воздушен простор.
Ова обвинување го изнесе лично министерот за одбрана на Руската Федерација, Сергеј Шојгу.
Евроспата Унија веќе длабоко е поделена по прашањето за односите со Русија, а неединството меѓу членките на ЕУ, по автоматизам се пресликува и помеѓу членките на НАТО алијансата, што се покажува во кризата со мигрантите.
Прашањето за турскиот инцидент додатно може да створи неслога и да ги оддалечи членките на НАТО алијансата, а првиот сигнал е тоа што претседателот на Чешка која е исто така членка на НАТО алијансата како и Турција завзема осудувачки став кон Турција.
Потсетуваме, Германија и Франција веќе некое време заговараат затоплување на односите со Русија, а поради санкциите овие земји трпат големи економски последици. Поради тоа политичката елита во Европа се повеќе се врти кон Русија, односно, своите интереси наспроти барањата и желбите на Вашингтон.
Европа сака да има подобри односи со Русија и тоа е основната причина зошто рушењето на рускиот Сухој може да биде точка која ќе ги подели НАТО членките на две струи.
Франција е исто така една од земјите која меѓу првите би можела да го осуди делувањето на Турција, бидејќи Франција и официјално побара заедничка акција со Русија против ИСИС во Сирија.
Франсоа Оланд, францускиот претседател, повика на формирање на голема коалиција со Русија, а позиционирањето на Турција како руски непријател во тој смисол би ја позиционирало и Франција како отворен противник на Турција без обзир на сојузништвото во рамки на НАТО алијансата.
Ударот на руската авијација од страна на Турција би можел да биде одговор на турските власти за засилените удари на руската авијација на нафтената инфраструктура на ИСИС во Сирија, објавува Раша Тудеј и истакнува дека е “јавна тајна” фактот дека Турција тргвуа на овој црн пазар и прави нафтени договори со ИСИС.
Дури и официјалните американски власти минатата година во еден од своите извештаи јавно ја обвинија Турција дека тргува со нафта со ИСИС, односно, дека е една од купците на нафта која на црниот пазар ја пласира ИСИС, наведува Раша Тудеј.
Судејќи по се, една од земјите која неодамна рускиот претседател Владимир Путин ја спомна како спонзор на ИСИС е Турција.
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу ја обвини Турција дека лаже во врска со авионот дека бил соборен откако влегов во турски воздушен простор.
Шојгу истакна дека Турција нема докази за своите тврдење, односно дека рускиот авион никогаш не го напуштил сирискиот воздушен простор.
http://infomax.mk/wp/?p=42441