Чекај малку. Не се откажувам од грижата за децата. Да не се разбереме погрешно. Друго е проблематичното.
Не ги разбирам родителите кои од петни жили се борат по судови децата да останат кај нив, а после квичат како другиот не плаќал алиментација. Според мене, алиментација е глупост и не треба да е регулирано како МОРА, туку како САКА. Еве, пак јас ќе се ставам во таа ситуација. Ако жена ми води војна на суд за да бидат со неа, а не може финансиски "да си дозволи", нека пише кога ќе платам алиментација. Со кој памет ќе бара да бидат со неа, а после да бара "помош" од мене? Демек и мои биле. Па нели на суд се бореше како да се ексклузивно нејзини? Според мене, двајцата треба да си ги средат математиките пред развод и заедно да одлучат дека за децата е најдобро да бидат со родителот кој може да им овозможи подобар живот. Ова не го исклучува правото на посета, поминато време заедно и сл со другиот родител и во никој случај финансиското учество на другиот во нивниот живот. Вака решено, да! Но да ми се занесува на суд и со сила да ми ги земе, а после да се жали...е нема да може! Поради сите оние заебанции по судови, се јавува револт и инает, па затоа некои родители не плаќаат алиментација. На што личи тоа: имаш толку примања, па ќе мораш да двоиш х% од истите за децата. Ма, дај! Без разлика, татко/мајка. Не верувам дека постои родител што не сака да им помогне на своите деца. Колку може, нормално. Доколку, еве, постои...оној што се грижи за нив ќе му го забрани контактот по сите основи со децата. И тоа е тоа. Едноставно е. Тоа што често и се злоупотребува плаќањето алиментација од оној што ги чува, тоа е друг муабет плус.