Протеините што те залажуваат (гледам и во тестенините што ги имаше поставено) се најчесто од соја, конретно во случајов иако не разбирам шведски гледам дека има соја.
Протеинот од сојата не го користи телото во целост, а калориите гледам се како и кај секој леб (во принцип и овие од житото се движат од 240-280ккал по 100грама), разликата може да биде во
гликемичниоте индекс кој варира кај бел/црн/р'жан/соин и тн.
Доколку си на диета гледај да ги контролираш јаглехидратите, посебно простите и заситените масти, не надминувај дневно повеќе од 100гр јаглехидрати, зголеми протеински внес, но главно од месо и јајца, не форсирај и млечни производи (посебно не кашкавал и сирење), оди во калориски дефицит (погоре имаш калкулатори што му ги постирав на членот) и немаш гајле.
П.С се лутеше на коментарот за вишокот кг, што ти го пишав во другата тема, но гледаш дека те насочив по правите патишта