Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Мме, го гледав видеото за плажата во Лефкада и стварно жално како работи природава ....
 
Можеби д клок ис тикин и не тргнав ни еден проблем од глава деновиве, но тоа нема да ме спречи да не си праам Полис Академи маратон :cool:
Живи и здрави да сме.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: 048
К,

Колешкава од работа цел месец пробува да ме спои со еден колега затоа што, пази, забавно било да се дружиме во парови. Не е битно дали постои или не хемија, не е битно дали сме заинтересирани еден за друг, битно интересно ќе е. А и многу убав пар сме биле. Јеа рајт. (y)

Другата пак ме замара со патетики. Дечко и си договорил да оди негде со другари баш на денот кога слават, ни помалку ни повеќе, година и два месеци. Идиот! Ѓубре! Како можел??? Раскини му бе, он на тебе така. :mad:

На другава шефот и рекол да остане пола саат плус на работа. Лелееее, планови имала, требало да оди на кафе со другарки, немала време да се спрема. Мислам, ок е. Другарките нема да избегаат и ако им отидеш директно од работа... веројатно. :unsure:

И сето тоа е зачинето со по минимум 10 телефонски повици дневно од сите. Едноставно уживаат луѓето да ми се жалат, а јас кутрата не само што мразам долги телефонски разговори, туку мразам и ширење негативна енергија. Не за друго, пошто мене ми цутат рози на секое поле. На работа никакви проблеми. Здравствено топ, не знам што е стрес, нервоза и срцеви маани. Љубовта да не зборам, поубава година не сум имала. Пари премногу, не знам кај да ги трошам веќе...
И за кој кур ми го труете мојот совршен свет со вашите глупи проблеми, ааа? :D

Убав ден си имам бе Кајги. Сабајле се разбудив пред алармот и тоа премногу расположена, дури и за мои стандарди. Си денсав во автобус, пензионерите малку чудно ме гледаа, ама ако. Уште во првиот саат на работа го достигнав таргетот предвиден за цела смена, сега комотно можам да затворам и да си одам...или не. :X3:

Ми се јадат палачинки. А немам од кај да купам сега. Ете, сепак не ми е животот совршен. :(

УбаФ ден,
С.
 
Пола Македонија плачеше вчера кога умре Синем и (веројатно) така заврши серијата. Including me. Згора на тоа и ја сонував сношти :cautious:. Во колку глумици и певаљки се зацепав годинава, I cant't even keep track ..

ПС - Каде за НГ?? #ПочелоЈеПочело
 
Мислам дека мајки што прават разлика од „ново“ и „сочувано, како ново“ заслужуваат нобелова награда.

Мајка ми: Тетка ти ми кажа дека тетин ти имал нови тренерки.
Јас: Мајка, кога се купени?
Мајка: Пааааа којзнае, оддамна...
Јас: Значи не се нови, туку сочувани, не се користени.
Мајка: Да бе, нови, сочувани, ништо не им е.
 
Ладно е, носи снег ветров. Кур ме боли
Joe Farrell - Morcheeba - Raedawn - Pat Matheny - DJ Shadow
Нати снешко сонценце.
 
cca853ed48374e04070cde51566576d3.png


Прејака порака, си ја напишав на лист и ја закачив на паното :icon_mrgr:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom