Јас ќе пробам да те упатам до некаде...Го имам сеуште истиот проблем, а ми се јави пред некое време. Најпрво би ти препорачал обавезно да одиш кај некој дерматолог (по можност во приватна ординација, зошто дерматолозите во државните болници нема ни 2 посто да те тркалаат). Како што мене ме упатија треба прво да ти се провери скалпот на косата, дали е оштетен и во која фаза на опаѓање е косата. Има различни третмани и терапии (конкретно јас направив мезотерапија), а користењето на лосиони и шампони можеби ќе ти помогнат, но нема да ти помогнат трајно бидејќи тие делуваат моментално. Не земај ништо на своја рака, туку посети некој дерматолог и види што ќе биде понатака, тие најдобро ќе те упатат.