Aj да пишам и јас околу мафија збор два шо сум учел по организиран криминал.
Мафијата е класична организирана криминална структура која е уредена како тајна организација во која има строга внатрешна хиерархиска структура (нешто шо спомна Годот од погоре) која се занимава со илегални активности но и легални активности. Истата е синоним за организиран криминал во САД и е „увезена" од Италија кој крајот на 19 и почеток на 20 век со доселување на италијанските имигранти. Што се однесува до тоа како терминот е добиен има различни дефиниции и нема да навлегувам во нив. Нејзини најбитни белези се:
1. цврста поврзанoст на сицил. братства,
2. внатрешна. послушност и дисциплина, со закана со смрт;
3. чување на тајната;
4. заклетва за omerta како личен кодекс на однесување, односно забрана за соработка со власта;
5. воспоставувување на патријархален хиерархиски систем меѓу членовите (се користи и „семејни“ термини-„кум“, „татко“, „чичко“ и сл.)
6. vendetta или одмазда преку лична егзекуција, како средство за разрешување на взаемните спорови.
Кај америве првпат истата се спомнува пред големата порота во Њу Орлеанс, 1890 и некоја беше, крајот на 19-ти век, кога скинале брајчава локален шерив од страна на организација составена од Сицилијанци.
Таа има цврста внатрешна организација составена од „фамилии" .(најпознати се 5-те њујоршки фамилии: Бонано, Коломбо, Гамбино, Геновезе и Лукезе; а во Чикаго најпознат e братот Ал Капоне).
Имаш шеф, имаш потшеф, советници, извршители-работници. Над сите нив е шефот на ела мафја (capo di capi)
Во 1982 год. е донесен Антимафија законот и започнува борба со организираниот криминал (Фалконе). Од тие причини, овие организации во почетокот на 90-те години го напуштаат дотогашиот начин на делување и се инволвираат во итал. полит. и финан. поредок. („бели јаки“) После нели ги кинат
Фалконе и Борселино. И така натака и така натака.
Е сега околу збункиве со другите „мафии" кои ги нарекуваат дел од членовите.
Русија: Има криминални организации воглавно од припадници на поранешните институции (КГБ, Армијата, полицијата), кои останале без работа. Се смета дека брои над 100.000 шефови-организатори, а бројот на членови е непознат и истата се темели на три столба бирократија, бизнис, криминалци (плус имаше инфо од ФБИ дека најмалку 25 проценти од приходите во буџетот во Русија идат токму од тука, а мислам дека се далеку повеќе)
Југоисточна Азија ги има познатите Тријади. Почнуват како тајни патриотски друштва во Манџурија. Овие знам дека немаа вертикална поставеност туку хоризонтална имаа со еден шеф и еден финансиер со одреден мандат кои се избираат.
Јапонија „Јакуза“, која настанува од телохранителите на самураите Подоцна се јавиле „махи-јако“-локални банди кои го штителе населението од разбојници, но истовремено и самите го тероризирале. Во 17 в. се создава денешнава позната Јакуза, која има по некој допира и сличност со италијанската: составeна од фамилии, со внатрешна поделба на улогите и со строга дисциплина.
На Балканов нема да должам но се смета дека најзаебана е албанската, ради блиските контакти и соработка со италијанската и останатите.