Правна помош и совети

Член од
28 март 2009
Мислења
98
Поени од реакции
22
Ме интересира колкави се казните за нарушување на јавен ред и мир? како може полицијата без сведок само врз основа на исказ од 1 учесник во тепачка да вплетка и трето лице?. Се степаа двајца од кои едниот мој пријател. Јас само се обидував да ги одвојам но во полиција едниот( не пријателот ) изјавил дека двајцата сме го тепале . Иако полицијата нема сведок а јас дадов изјава дека ни сум тепал ни ме тепале туку сум се обидувал да ги раздвојам, ми стигна покана за суд каде што сум обвинет за нарушување на јавен ред и мир? Кои се моите права и како се двишат казните?:toe:
 
Член од
27 септември 2009
Мислења
86
Поени од реакции
9
ПА те сметаат за соучесник затоа, а имаш ли ти сведок дека не си го тепал?
 
Член од
28 март 2009
Мислења
98
Поени од реакции
22
Nemam osven edniot ucesnik vo tepackata , ama nemaat ni tie ( nema nieden dokaz , a drugite dvajca imaat i lekarsko i se posebno na sud za ova )
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Ме интересира колкави се казните за нарушување на јавен ред и мир? како може полицијата без сведок само врз основа на исказ од 1 учесник во тепачка да вплетка и трето лице?. Се степаа двајца од кои едниот мој пријател. Јас само се обидував да ги одвојам но во полиција едниот( не пријателот ) изјавил дека двајцата сме го тепале . Иако полицијата нема сведок а јас дадов изјава дека ни сум тепал ни ме тепале туку сум се обидувал да ги раздвојам, ми стигна покана за суд каде што сум обвинет за нарушување на јавен ред и мир? Кои се моите права и како се двишат казните?:toe:
Еве ти го линкот за Законот за прекршоци против јавниот ред и мир :

http://www.mvr.gov.mk/Uploads/zakon%20za%20prekrsocite%20protiv%20javen%20red%20i%20mir.pdf

Обрни внимание на член 11.
Се друго е докажување...:toe:
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Дали има ограничување до кој спрат во станбена зграда може да се регистрира стан како деловен простор (ординација)?
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Здраво. Ми треба правна помош од вас поупатените.
Следниов случај кој што ке го опишам се случува веке 10-11 години, значи појасно да е, судскиот случај се води 10-11 години.
За што се работи?
Се работи за човек кој е неправилно осомничен заедно со уште 5-мина и поради тоа е притворен на 4 месеци во шутка.
Случајот е во врска со увоз на авотмобили кои биле легално увезени со сите документации но при увоз една "голема риба" (од државен сектор) правеше уцени врз сега осомничените (вкупно 6-торица) затоа што сакаше да одземе една од тие вредни автомобили без парична надохнада а доколку не ја добиеше ке следува казна притвор или пак судска одлука за казна затвор во најлош случај.
Таа личност (не сакам да ја именувам) беше поврзана со сите судии, полиции и органи на државата.
Неговата уцена не беше прифатена од увозникот на автомобилите и следеше тоа што беше најавено т.е спомнатата казна.
Увозникот заедни со останатите лица беа вработени на регистрации на возила и целата галама околу овој случај се сведува токму на тоа дека тие возила биле нелегално увезени и нелегално регистрирани, што не е точно.
Веке 10-11 години се судат 6-торицата "осомничени" а основниот суд (преку врски и намерно без докази) ги прогласуваше осомничените за виновни 2-3 пати, по што следеше жалба на апелационен суд кој подоцна утврди дека делото не е докажано што значи нема дело (во тој момент).
Тие повторно од апелација ги вракаат на основен суд и така тераа неколку години со подмитена судијка од страна на "големата риба". Се одложуваа судењата постојано, автомобилите кои беа земени на вештачење сите до еден беа вратени на сопствениците кои претходно си ги купиле од сопствениците по легален пат при што вештаците утврдиле дека се е во ред со нив (автомобилите) кои воедно на обвинителството им се единствен "доказ" против оние кои се оптужени.
Дојде време кога судијката од ххх причини треба да се менува и сега со новата судијка случајот почнува да го гледа крајот.
Судот си легна на прашното и после 10-11 години одлучува да иде на договор со оптужените бидејки не може да ги осудат со што им го нуди следното:
Да бидат осудени, ама условно да речеме 6-7 месеци и тие да немаат право да ја тужат државата за ниедно дело за кое таа ПОГРЕШНО ги оптужила и ги судела цели 11 години.
И сега како пристигаат информации до оптужените како морале да го прифатат тоа, во спротивно можат и полошо да поминат, нешто во вид на прикриени индиректни закани од судството.
Инаку судот им го предложува ова поради тоа што во спротивно (доколку им изречат ослободителна пресуда) судот треба да им исплати вкупна сума на сите 6-мина од околу 1 000 000 евра а можеби и повеке. Тоа е проценката на адвокатот на еден од осомничените.
Каков совет би ми дале вие на сето ова?
Дали да се прифати понудата или да се превземаат други чекори?
Ве замолувам за помош.
 
Член од
26 февруари 2009
Мислења
47
Поени од реакции
1
Darmon,
Obavezno treba da ja razgledas moznosta za podnesuvanje na Baranje za zastita na pravoto na sudenje vo razumen rok. Nadlezen e vrhoven sud i moze da mu dosudi na obvinetite paricen nadomest.
Zakonski propisi: cl. 36 od Zakon za sudovite i cl.4 od Zakon za izmena i dopolnuvanje na zakon za sudovite od 2008 g.
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Darmon,
Obavezno treba da ja razgledas moznosta za podnesuvanje na Baranje za zastita na pravoto na sudenje vo razumen rok. Nadlezen e vrhoven sud i moze da mu dosudi na obvinetite paricen nadomest.
Zakonski propisi: cl. 36 od Zakon za sudovite i cl.4 od Zakon za izmena i dopolnuvanje na zakon za sudovite od 2008 g.
Сериозно мислиш може да им исплати милион евра? Мало сутра такво нешто... Подобро нека си ги соберат парталите и нека си продолжат со живот, ова за жал тешко некогаш реално да им се реши во нивна полза :toe:
 
Член од
26 февруари 2009
Мислења
47
Поени од реакции
1
Ipak ova se samo propisi, neznam kakva bi bila odlukata... A koga ne sme zapoznati so konkretniot slucaj se e vo granica na laf-muabet. Ako nekoj od kolegite ima iskustvo, neka go spodeli.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Darmon,
Obavezno treba da ja razgledas moznosta za podnesuvanje na Baranje za zastita na pravoto na sudenje vo razumen rok. Nadlezen e vrhoven sud i moze da mu dosudi na obvinetite paricen nadomest.
Zakonski propisi: cl. 36 od Zakon za sudovite i cl.4 od Zakon za izmena i dopolnuvanje na zakon za sudovite od 2008 g.
Ти благодарам за советот.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
267
Поени од реакции
84
Добив информација дека имало некоја служба што може да го пријавиш работодавецот доколку не ти има исплатено заостаната плата, па ме интересира што, како и каде треба да се поднесе пријава?

Се работи за претходно работно место, регуларно пријавен и регуларно напуштена работа со спогодбен договор. Во договорот што е потпишан стои дека треба да ми ја исплати заостанатата плата, се работи за цела плата од јуни месец и 10 дена од јули.

Ако можам вака да извлечам дел од парите, со инспекција, да немора да доаѓа до тужби и слични работи.
 

smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.698
Поени од реакции
288
Пред некој ден на гугл си ги напишав името и презимето и ми искочија податоци кои ги имам укуцано на еден сајт за фирми пред некоја година, има мое име, презиме тел број и адреса. Јас за тој конкретен сајт немам дадено одобрение да се објавуваат, им пишав мејл али не респондираат.

Следен чекор? Дирекција за заштита на личните податоци? Или?
 

Hooligan

..The President...
Член од
9 февруари 2008
Мислења
2.358
Поени од реакции
701
Во образецот ЗП-Заверен потпис , во делот фирма и седиште на упис - дали треба сето да биде со големи букви или не.
Дали и адресата треба да биде со голем букви...

И Со какви букви (големи или мали) треба да биде Презимето и Името???
 
Член од
26 февруари 2009
Мислења
47
Поени од реакции
1
Se pise kako sto se pise vo sekoj drug dokument:
Petko Trajkovski, Drustvo za trgovija i proizvodstvo NEPTUN DOOEL Skopje
Imeto na firmata se pise bez navodnici i mislam deka na vtora strana ima upatstvo za toa.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom