Даут Кадриовски
Прегледај го приврзокот 132994
Даут Кадриовски е најголемиот криминалец по класификација на нивоа што некогаш постоел во Македонија или потекнува од Македонија. Даут Кадриовски има околу 67 години роден е во Скопје нас. Сарај. Како млад се преселува во Германија се поврзува со тогашната албанска мафија во Германија и почнува да го накачува нивото на моќ. Се до 1985 година кога германската полиција го апси и му конфискува наколку вили, јахти и луксузни коли. Даут по кратко време побегнува од германскиот затовр. Потоа на почетокот од девеесетите години се преселува во Австралија каде и таму ја шири моќта на албанската мафија. И додека е во Австралија, Даут со своите долги раце дејствува и во Европа и Америка. Во септември 2001 година Даут е уапсен во Албанија каде што живеел шест години. Два месеци подоцна од неговото апсење во Албанија, на Даут му се суди во отсуство на 12 години з. казна во Италија и директно е екстрадиран кон таму. По неколку месеци по прецизно февруари 2002 година Даут испраќа писмо до албанските медиуми каде ја опишува целата негова криминална историја до тогаш, сите врски, операции, пријателства и сл. и е еден од ретките кој имал храброст да ги опишува и политичките криминални врски. Како и секогаш Даут бега и од италијанскиот затвор по кратко време од пресудата. Од бегството од италијанскиот затвор 2002 година се до денес никој не знае каде се наоѓа Даут Кадриовски исто така тоа е случај и во неговите претходни бегства. Според повеке шпекулации досега Даут се криел пет години во Бангладеш а во последниве неколку години најверојатно неговото прибежиште е САД.
По Даут Кадриовски досега имаат потерница распишано 13 земји а точно се откриени и врски помеѓу клановите на Даут и Италијанската Мафија. Се зне дека Даут во светот на албанската мафија на интернационално ниво на три континента има контрола врз 15 кланови. После апсењето и пресудата на Дарко Шариќ, Даут Кадриовски се смета за носител на неговиот трон. Според списанието Форбс Даут еднаш бил на осмото место на најбогат криминалец во светот а наредната година паднал на деветото место на најбогати криминалци во светот. Додека Шариќ кога сеуште бил во бизнисот го држел петото место.
Утрински за Даут.
http://www.utrinski.mk/?ItemID=CCFF93AE4227C647BB08CB9BDD2ACBE8
Глобус за Даут.
http://globusmagazin.mk/?ItemID=5EDCA89FF99FB040912880A9ADF7C3FB
Точка за Најбогатите криминалци вклучувајки го и Даут.
http://tocka.com.mk/1/79139/najmoknite-kriminalci-lugje-koi-odlucuvaat-za-zivotot-i-smrtta