Филозофка бе глеј реално на работите.
Син ти на 16 години да дојде кај тебе и ти рече дека се коцкал и дека не му ја даваат добивка (која е незаконита) и бара од тебе да ја тужите коцкарницата, а ти како родител си негов законски застапник.
Би тужела коцкарница за незаконитоста на син ти??? КАде сигурно нема да му дадат ни 1 денар од незаконската добивка?
А коцкарницата е на јак човек во државава, зашто добрите коцкарници ги држат токму такви лица.
Загубена тужба уште пред да е поднесена.
Само трошоци кон адвокати, ништо повеќе за тебе како добивка.
А плус за малолетник станува збор.
А воедно не верувам дека има и докази дека добил добивка.
Иако има законска основа џабе е според мене во случајов.
Justice for All погоре е изваден делот од законот каде пишува дека е забранет влез на лица под 18 години.
Член 56
Пристапот на лица помлади од 18 години во автомат- клубовите е забранет.
Со самото тоа што е забранет влез е забрането и играње на игрите. Многу јасно и нормално.
Не може да дозволуваат да играш некаде каде забрането ти е да влезеш.
И да бе дипломиран правник, моментално на постдипломски студии

Да се испофалам
Заштита на малолетникот како оштетен или
сведок во кривичната постапка
Член 137
Во постапката што се води за кривични дела во кои малолетникот се
јавува како жртва, судовите, јавните обвинители и службените лица на
Министерството за внатрешни работи можат да постапуваат само доколку
поседуваат соодветно образование, посебни знаења и искуство од областа на
правата за детето и за кривично-правната заштита на малолетниците.
Член 138
1)
За сите кривични дела од Кривичниот законик во кои според
законските обележја на делото малолетник се јавува како жртва на делото,
судот и другите органи што учествуваат во постапката се должни да преземаат
мерки за помош и заштита и да постапуваат на начин на кој ќе се избегнат
можните штетни последици за неговата личност и развој.
2) Постапката за кривичните дела од ставот 1 на овој член, во која
малолетникот е жртва, е итна.
3) Малолетникот жртва може да биде сослушан како сведок само ако тоа
не влијае штетно врз неговиот психофизички развој. Малолетник може да биде
сослушан најмногу два пати во својство на сведок, а по исклучок трет пат ако
тоа го бараат посебните околности на предметот.
4) При сослушување на малолетникот како сведок или оштетен, судот е
должен да води сметка за личните својства и карактеристики на малолетникот,
за заштита на неговите интереси и за неговиот правилен развој.
5) Сослушувањето на малолетникот, во зависност од неговата возраст и
развиеност, се врши во присуство на психолог, педагог или друго стручно
лице.
6) Ако оцени дека е потребно тоа, со оглед на особеностите на
кривичното дело и својствата на личноста на малолетникот, судијата ќе
нареди сослушување по пат на употреба на технички средства за пренос на
слика и звук. Сослушувањето се спроведува без присуство на странките и
другите учесници во постапката, во посебна просторија и прашањата се
поставуваат со посредство на педагог, психолог или друго стручно лице.
7) Кога малолетникот е сослушан во согласност со ставот 6 од овој член,
на главниот претрес ќе се прочита записникот за неговата изјава, односно ќе
се пушти снимка од сослушувањето.
Член 139
Ако како сведок се сослушува малолетник жртва, кој поради природата
на кривичното дело, последиците или други околности е посебно
чувствителен, односно се наоѓа во посебно тешка душевна состојба, судијата
оценува дали има потреба од соочување меѓу малолетникот и обвинетиот.
Член 140
1) Малолетникот жртва мора да има полномошник од првото сослушување
на обвинетиот.
2) Во случај малолетникот да нема полномошник, него со решение го
поставува претседателот на судот од редот на адвокатите кои се стекнале со
посебни знаења од областа на правата на детето и кривично-правната
заштита на малолетните лица.
Трошоците за застапување паѓаат на товар на
судскиот буџет.
Кривичен законик
Поттикнување(коцкарницата врши поттикнување на малолетник и опасно загрозување на моралниот развој на малолетникот)
Член 23
(1)Тој што друг со умисла ќе го поттикне да стори кривично дело ќе се
казни како да го сторил самиот.
(2)Тој што друг со умисла го поттикнува на извршување кривично дело за
кое според законот може да се изречат пет години затвор или потешка
казна, а нема да се направи ни обид за дело, ќе се казни како за обид на
кривично дело.