Аха...еве проста математика која тој одгледувач ја има. Купува кутре женка која сигурно кошта 500 евра. Таа женкица додека расте треба да се храни квалитетно, да се вакцинира, да се прочистува од глисти...месечно да кажеме мин.50 евра. Потоа треба да оди на изложби, да ставиме да затвори барем македонски шампионат 2 изложби по 20 евра од изложба е 40 евра+сертификатот за шампионатот и он беше 10 евра мислам. Некаде после година,треба да отиде во Србија најблиску за официјални снимки за колкови тоа без пат кошта некои 60-70 евра. Значи ако кутрето е земено на 3 месеци, сега би имала 12 месеци, тоа се 9 месециХ50 за храна. Прво парење вистински одгледувач би парел некаде 18 месеци, значи имаме уште 6 месециХ50 евра за јадење. Ќе го ставиме парењето со добар мажјак кој е во Македонија,бидејќи такви има. Да речеме дека парењето со него кошта 300 евра. Околу парењето врти сучи ако е природно само прогестероните ќе бидат околу 30евра. Останува кучката скотна, 2 месеци треба да се храни со дупла доза или ако не е дупла пак поквалитетна храна, значи 90 евра сигурно ќе отидат. Се пораѓа кучката, 5 комада, да речеме идеално. Кучкава пак треба да јаде по 50 евра додека цицаат, може и повеќе али ај. Малите на 30на дена треба да се чистат од глисти и почнуват да се прихрануваат,тоа е трошок плус. Треба да се пријави легло и да се платат педигриња, они беа по 1000 мислам,значи 80 евра за сите. 42 ден треба да се вакцинираат. првата вакцина кошта да речеме 7 евраХ5 комада тоа се 35 евра. А планирајте дека ако е упте толку совесен, нема да ви даде кутре на 42 дена али ајде. По мојата калкулација, овој ВИСТИНСКИ ОДГЛЕДУВАЧ потрошил грубо 2000 евра, мање-више. Па и нека е хранета со нешто поевтина храна, што ретко од овие некој дава лошо. Ете зошто кутре кошта 500 евра.
Ако приметивте, тука не набројав нервози, време одвоено, работа, несакани случки како болест, или пак изложби надвор од Македонија. Сакате квалитет- тој кошта. Многу луѓе грешат што мислат дека кутрето е скапо да го купиш. Не е скапо, трошокот доаѓа од после. Има зошто едно куче е 500 а друго 50 евра.